Фудбал

Српски играч на АЕК нападна фоторепортер на терен

Поранешниот дефанзивец на Фиорентина, Ненад Томовиќ направи инцидент во Белград по завршувањето на мечот Партизан - АЕК Ларнака. Иван Тричковски не успеа да го задржи.

Опасен слалом на соиграч на Тричко вреден елиминација на Партизан

Французинот Имад Фараж ја намачка на леб цела одбрана на Партизан во стилот на Лео Меси. Голчиште за најавни шпици со кое на АЕК Ларнака му донесе конечни 2:2 во Белград, за пласман во плејофот од Лига Европа. Партизан е елиминиран со вкупни 3:4.

Дојчиновски свирел во оркестар на мандолина, а за Вардар играл скришно од татко му

Животниот фудбалски пат на славниот Киро е убаво раскажан во емисијата „Патот до успехот“ на една недела пред стартот на СП 2018. Тој не е само прв Македонец кој заиграл на Мундијал, туку и прв заедно со Методија Спасовски кои стапнале на Маракана во Бразил. Фоторепортерите го имаат фатено заедно со Пеле.

Прекрасната белградска приказна за комшија Кире

Комшиската лекција на Кире траеше 20-30 минути. За нас вечност. Ние останавме на „Травица“ и наместо да играме, раскажувавме како играше „крљаџијата“.

Енис Барди има нов клуб, пред врата е да заигра во Лига на шампиони

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, по одличните игри за шпански Леванте, беше цел на неколку европски клубови, а на крај се реши да потпише за турскиот шампион Трабзонспор.

Реал Мадрид повторно го освои Супер Купот, сега е лидер по трофеи и во овој турнир

Реал Мадрид одново освои трофеј, овојпат повторно пехарот наменет за победникот во Суперкупот на Европа.

Кромидарник на денот во Копа Либертадорес

Во четвртфиналето од најелитното клупско натпреварување во Јужна Америка, Палмеирас го елиминираше Атлетико Миниеро на пенали. 21 годишниот Данило има проблеми со логика, за што доби скроз заслужен црвен картон.

Дај одземете му ги копачките и стајте го хонорарец во театар за аматери

Малезија држи чудно човече кое дефинитивно според однесувањево нема профил на фудбалер. Каков банален лик. После глупирањето со публика, фати да глуми роловано гиро.

Фото на денот со првиот Македонец на Светско

Владимир Петровиќ Пижон и Кирил Дојчиновски потпишуваат автограми во стоковна куќа во Франкфурт, од каде сите репрезентативци на Југославија добиле телевизори во боја за време на Мундијалот 1974, кој го освои домаќинот Западна Германија предводена од Герд Милер и Франц Бекенбауер.

Династија Ибрахимовиќ: И децата ќе тренираат и играат во Милан

Италијански Кориере дела Сера пишува дека двата сина на легендарниот Златан Ибрахимовиќ ќе тренираат и играат во младинската школа на Милан.

Репортажа на Црвена Звезда за Кирил Дојчиновски

Во емисијата „Легендите на Маракана“ има место само за избрани имиња, како што е славниот Дојчиновски кој почина денеска на 78 годишна возраст. Звезда не го испрати само со статус на социјалните мрежи, туку потсети на неговите трофејни денови во црвено белиот дрес. Да не се погодеше воениот рок, не им бегаше финале во ЛШ.

Ирска прослава во Скопје по триумфот над чаирски Шкупи

Ирскиот шампион Шамрок Роверс се испостави за многу посилен ривал од македонскиот првак Шкупи и со вкупен резултат 5-2 го елиминираше чаирскиот клуб. Ирците во свој стил, со весела песна во соблекувална на „Арена Тодор Проевски“ го прославија пласманот.

Најлуд прекршок и уште полуд судија

Тревор Кларк, 24-годишен ирски фудбалер. Сега е член на англиски Бристол Роверс, а додека играл во Ирска за Шамрок Роверс се прославил со еден лизгачки старт каков што не се видело до тогаш. А уште побудала е судијата кој прекршокот го проценува за жолт картон.

Убава асистенција на Рики кој им влета на Бугарите како Кафу

Стефан Ристовски и Аријан Адеми се на чекор до пласман во ЛШ, откако во квалификациите го елиминираа Лудогорец со вкупни 6:3. Од синоќешниот меч на Максимир на кој славеа 4:2, а гостите добија три црвени картони, го издвојуваме влезот на капитенот на Македонија, кој се проби како шило и му ја даде на тацна на Дрмиќ по само 12 минути игра.

Каков еврогол падна во англиски Куп

Норвич и Бирминген одиграа 2-2 во првата рунда од англискиот Лига Куп. Домаќините водеа 2-0 и тоа со два гола во само неколку секунди во судиско продолжение во прв дел. Даниел Синани отвори, а Јакоб Соренсен со прекрасен еврогол зголеми на 2-0. Бирмингем израмни и на крај победи на пенали.

Бразилски ремет на само 12 години, ама пуштен на најјако

Им играше без да му тапне и одигра како што не им успало ниту на Нејмар и Роналдињо како мали. Вриштеа од трибина, а ако имало скаути, тогаш ќе се открие кое е детево.

Манчестер се откажа од Арнаутовиќ, а Македонец му пиша на клубот алудирајќи на расистичкиот испад со Алиоски

На Олд Трафорд гори уште по првото коло во Премиер лига во кое загубија од Брајтон. Навивачите се спремаат за бојкот, а наш човек се обрати до клубот со прашање за кое изгледа дека ќе ќари пиво.

Најголемите трансфери во Серија А, лето 1998

Парма го купува Верон за 15 милиони фунти, Милан инвестира во Бироф за да игра во тандем со Веа и дава 19 гола од кои 14 со глава, а Симоне Инѕаги завршува како подобар стрелец од брат му Пипо и од Роналдо. Какви носталгични времиња.

Карло Анчелоти ги нарече Крос-Каземиро-Модриќ Бермудски триаголник, што точно е тајната на тоа место?

На 31 јули во разговор со Марка, тренерот на Реал Мадрид интересно го опишал ѕвезденото трио од среден ред на „кралевите“: „Они се класика во комбинација со рокенрол и мене ми се допаѓа тоа. Јас ги викам Крос, Каземиро и Модриќ Бермудски триаголник зошто таму исчезнува топката“.

Бојан Миовски во тимот на колото во шкотска Премиерлига

Дваесет и три годишниот Штипјанец е најголемиот хит меѓу македонските фудбалери летово. Тој го привлече вниманието на јавноста со интересен трансфер во голем шкотски клуб за само неколку недели изгради реноме на врвен стрелец.

Дремна песот, а вие играјте фудбал ако ви се игра

Во 5. коло од парагвајската прва лига Дивизион Професионал, Сол де Америка со 1-0 го победи големиот ривал Гуарани. Мечот беше во прекин во еден момент зошто едно локално куче реши да се испружи на зелената трева на теренот.

Нова сезона, нов гаф на Мегваер и тоа уште непочнат натпреварот

Пусти Хари, после толку глупости во шеснаесетник, територија во која со тој дрес и таа пара треба да царува, одма почна со глупости, а уште не го сефтосал теренот во прво коло. Ништо не му е јасно на овој човек, а носи капитенска лента на клуб кој беше меѓу најјаките во свет под водство на Фергусон.

Среќа што е пријателска мајсторе, па нема да ти замерат многу

На пријателската на Осасуна на гости кај Мирандес, стоперот на гостите Аридане Ернандез (33) си дава евроавтогол ако може така да го дефинираме овој автогол од огромна далечина.

Второ коло во Чемпионшип, а веќе падна гол на месецот

Во последниот меч од 2. коло во Чемпионшип, Вест Бром и Ватфорд одиграа 1-1. Уште во 12’ минута гостинот поведе по неверојатниот гол на Исмаила Сар кој се охрабри да проба буквално точно од средина на терен.