Фудбал

Сасуоло елиминиран во Куп од второлигаш, Берарди тргна да се тепа со навивач

Новиот второлигаш Модена го шокираше Сасуоло со 3:2 уште во првата фаза од италијанскиот Куп. Доменико Берарди пред стадион му се сипа на навивач откако не ги издржа навредливите провокации.

Џорџо, ти за одбојкар да не отиде во Америка?

За европски првак и деветкратен освојувач на Серија А, малку е несвојствено да се излета со вакво решение во одбрана. Се работи за Кјелини, дефанзивец со педигре кој од летово е член на Лос Анџелес. Прво се извини, потоа креваше раменици и пројде само со жолт картон. Коментаторот: Ова е за црвен.

A видовте ли каков корнер изведе Дибала?

Во Рома владее јака и многу оптимистичка атмосфера за новата сезона, а од звучните засилувања број 1 е Пауло Дибала. Аргентинскиот ас очигледно уште е под импресии од начинот на кој го пречекаа и веројатно нема да му замерат за корнеров.

Левандовски се најави на Камп Ноу со гол и две асистенции за 19 минути

Само 150 секунди игра во новата средина и беа потребни на полската гол машина, која веднаш почна да работи под полна работа на Камп Ноу. Навивачите на Барса имаа ноќ за уживање.

Уште едно јако галопирање на Бејл, овојпат во САД

Триесет и три годишниот Велшанец и натаму е во одлична форма, иако американската МЛС лига за него е како маалско игралиште каде ги проаѓа ривалите како сака. Бејл летово потпиша со богатиот Лос Анџелес Галакси каде дојде и Џорџо Кјелини. Герет веќе има два гола за 96 минути игра во новиот клуб кој е прв на табела со 51 бод.

Два збора за рускиот рулет на Барса

Тренерот на Баерн Минхен Јулијан Нагелсман пред еден месец јавно и отворено кажа дека е зачуден „како тоа Барселона да е должна повеќе од една милијарда а троши толку многу за трансфери“. Му рипнаа на германскиот тренер дека не е негова работа да се меша во туѓ двор, а го опомена и Оливер Кан, раководител во Баерн.

А да видите Миле со која песна излезе на промоција во Рома

На големата средба со навивачите, пред преполн стадион „Олимпико“, фудбалерите на Рома се претставуваа еден по еден. Пред пријателскиот меч со Шахтјор кој го добија со 5:0, излегуваа сите а навивачите ги поздравуваа. Секој со своја песна. Матиќ се решил за евровизиската „In Corpore Sano“ од Констракта, а голманот Миле Свилар кој дојде од Бенфика, за песна од Дара Бубамара.

Нема поубав бод од тој со голмански гол во 94-та

Во норвешката лига Лилестром го пречека Тромзо. Гостите имаа три бода во џеб до последните секунди, ама голманот на домаќините Мадс Хеденштад Кристијансен не дозволи да останат неговите без бод. И тоа буквално во последни секунди, во 90+4’ минута.

Боречки сумо зафат со среќен крај

Во 3. коло од германска втора Бундеслига, Брауншвајг играше со Дармштад 98. Гостите победија 0-1 со голот на Вилхемсон во 86’ минута. А во 59’ минута имаше една интересна епизода меѓу Брајан Хенинг и левиот бек на Дармштад Фабиан Холанд кои имаа боречки зафат.

Какво дебитантско голчиште даде Инсиње во МЛС

Италијанскиот репрезентативец и легенда на Наполи Лоренцо Инсиње на мечот Невшил - Торонто кој заврши 3:4 за гостите, постигна прекрасен гол, во негов стил од косо.

Два гола и шоу на Миовски во шкотска Премиерлига

Македонскиот репрезентативен центарфор игра во сјајна форма во новиот клуб Абердин од Шкотска. Бојан Миовски по дебитантскиот гол во Купот на Шкотска, сега постигна и два во силната шкотска Премиер лига. Абердин победи 4-1 а Миовски стрелаше прецизно во 24' минута од пенал и во 37'.

Левандовски суптилно го испоштува Роналдињо на промоција во Барселона

Најдобриот полски фудбалер, центарфорот кој од Баерн доаѓа во Барселона, денес на „Камп Ноу“ имаше и официјална промоција пред неколку илјади гледачи. Роберт традицонално како секој новајлија жонглираше, покажа дел од репертоарот, а му оддаде и признание на Роналдињо со еден гест.

Кога ќе ви зборуваат за македонски фудбалски ниви, покажете им го ова од Шведска

Од неразјаснети причини знаеме да бидеме самокритични шампиони па да фрламе дрвја и камења само по нашите фудбалски клубови и организации чии терени понекогаш стварно изгледаат на бавча за садење пипер, компир и домат. Ама...

Едноставноста на африканскиот фудбал

Нема уште допрено до нив канџата на модерниот фудбал кој граби само профит и ништи сè друго.

Издрибла петмина противници и даде царски гол

Молде од Норвешка го победи унгарскиот Кишварда со 3-0 и практично го реши прашањето за пласман во следна фаза. Шпицот од Брег на Слонова коска, Давид Датро Фофана кој има само 19 години, постигна прекрасен гол. Пред да го матира голманот Одинцов, издрибла пола противничка екипа.

Најубавиот гол во еврокуповите е во стилот на Шаќири со Англија

Зрињски од Мостар, претставник на БиХ во квалификации за Лига Конференции, победи со 1-0 против Тобол во првиот меч. Победничкиот гол го постигна Нико Јанковиќ во 76’ минута директно од корнер, како Шаќири против Дејвид Симан.

Барањата и молби за дрес мора да прекинат, Ајакс им забрани на навивачите такви банери

Трибините сè повеќе личат на аеродроми каде со банер се чека некоја непозната личност да излезе.

Најглупите два жолти и црвен на сезоната

Црвена звезда со 5-0 го растури ерменскиот шампион Пјуник во 3. квалификациско коло за Лига на шампиони, но мечот ќе се памти со сигурност и поради една неверојатна глупост. Стандардниот лев бек на Звезда, Милан Родиќ при резултат 5-0 на само 10 минути пред крајот, во само дваесетина секунди направи два тотално глупави прекршоци поради кои доби два жолти и автоматски црвен картон.

Голманот со пантерски рефлекси во Бразил

Во се-бразилски дуел од четвртфинале на Копа Судамерикана, славниот Сао Пауло со 1-0 ја победи Сеара во првиот меч пред реваншот. Победничкиот гол го даде Никао во 70’ минута ама играч на мечот беше гостинскиот голман Жоао Рикардо Риери со неколку фантастични одбрани со кои го остави својот тим со големи шанси за реваншот.

Ла Лига објави видео со најлудите одбрани на Столе Димитриевски

Македонскиот репрезентативен голман за кого Ла Лига во објава на видеото напиша дека станува збор за „Ѕидот“, ќе ја почне петтата сезона во дресот на Рајо Ваљекано а вкупно четврта во најдобрата шпанска лига - Примера.

Уште од мал учен да биде Јап Стам

После викаат родители се спречкале на детски натпревар. Па се спречкале.

Лучо Суарез Ел Пистолеро пак заигра за најсаканиот клуб

Само неколку дена откако се врати во матичниот клуб од родниот град, Луис Суарез, легендарниот центарфор кој блескаше во Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид, дебитираше по втор пат за својот Насионал Монтевидео каде го пречекаа како најсакан играч.

Белгискиот непознат клуб го шашардиса Ренџерс

Ројал Унион Сент Жилоа или попознат само како Унион е белгиски клуб кој после цели 48 години се разбуди од нисколигашки сон, одигра сензационална сезона во која беше прв буквално цело време до последните кола во плејофот кога Клуб Бриж им ја украде титулата во Белгија.