Незапаметена тепачка на дербито Зенит - Спартак

Странските фудбалери во екипите на големите ривали Зенит и Спартак Москва, Вилмар Бариос и Родриго од домашниот тим и Квинси Промес и Шамер Николсон од московскиот состав започнаа тепачка која прерасна во општ хаос за време на мечот од Купот на Русија. На крајот главниот судија Владимир Москалев поделил 6 директни црвени картони (по 3 за двата тима).

Околу 51.000 гледачи на стадионот „Газпром Арена“ беа сведоци на општа тепачка во која се вмешаа и тренери, физиотерапевти, судии, делегат:

После 90 и кусур минути игра немаше голови, па средбата отиде во пенал серија. Таму поуспешни беа фудбалерите на шампионот Зенит од Санкт Петербург (за нив промаши само Даглас Сантос) а кај гостите утнаа Антон Зинковски и Данил Денисов.

28 ноември 2022 - 09:25