Лудачко 3:3 меѓу Србија и Камерун

И покрај фаворитската улога и предноста од 3:1, селекцијата на Србија испушти победа против Камерун и дополнително си го зголеми притисокот пред последниот меч против Швајцарија. Србија прва примi гол и за три минути направи пресврт во финишот од првиот дел. Камерунците во вториот дел возвратија на идентичен начин.

КАМЕРУН - СРБИЈА 3:3

1:0, 29 минута - Кастељето

1:1, 46 минута - Павловиќ

1:2, 48 минута - Милинковиќ Савиќ

1:3, 53 минута - Митровиќ

2:3, 63 минута - Абубакар

3:3, 66 минута - Чупо Мотинг

За Србија да оди во осминафинале, ќе мора да ја победи во последното коло Швајцарија, а денеска од 17 часот да навива за Бразил.

Табела:

1. Бразил 3
2. Швајцарија 3
3. Камерун 1
4. Србија 1

28 ноември 2022 - 13:01