Фудбал

Клоп грмеше, па главниот судија го олади

Германскиот стратег постави одлична тактика во дуелот против страшниот Манчестер Сити и со голот на Салах црвените освоија три драгоцени бода. Во 85’ минута Јирген Клоп му се изнаурла на главниот судија Ентони Тејлор зошто не им досудил очигледен фаул. Овој без размислување го олади.

Голманската асистенција на Алисон и бравурата на Салах за лудница на Енфилд

Спектаклот Ливерпул - Манчестер Сити траеше цели 100 минути. Во дербито на 10. коло црвените на својот „Енфилд Роуд“ со 1-0 го победија големиот ривал и му го нанесоа првиот пораз на гости во лигата од првото коло од минатата година и прв пораз сезонава уште од јули. Алисон асистент од свој петерец, Салах реализатор.

Океј е Пеп, друг пат не те прашуваме кога губиш

Во Гвардиола има доста материјал за една квалитетна комична компилација од разно разни спонтани ситуации. Последната е од првиот пораз вчера од Ливерпул.

Левандовски го префрли цел гол од еден метар

Реал Мадрид го доби мечот на сезоната во Шпанија и со триумфот над каталонците од 3:1 изби на челната позиција. Сега има +3 пред Барса и е единствена екипа без пораз после 9 кола. Роберт Левандовски имаше колосална шанса, каква што обично не промашува.

Асистенција каква што не се видела од времето на Гути

Виљареал има 4/4 во Лига Конференции и со 12 бода е апсолутен лидер во групата. „Жолтата подморница“ синоќа со 0-1 ја победи Австрија Виена на гости. Победничкиот гол падна во 87’ минута. Стрелец 21-годишниот Сенегалец Никола Џексон. Асистент 35-годишниот ветеран Хозе Луис Моралес. Петица како Гути за Бензема на времето.

Шевченко: „Бев во возот кога го гранатираа мостот“

Најдобриот украински фудбалер на сите времиња и легенда на Милан, Андреј Шевченко објави дека бил непосреден сведок на страшното гранатирање во Киев.

Преубава приказна со голманот навивач на Манчестер кој правеше чуда на „Олд Трафорд“

Фудбалот носи бескрајно необични епизоди. На мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Омонија на „Олд Трафорд“ во рамки од 4. коло на Лига Европа, големиот фаворит едвај победи со гол дури во длабоко судиско продолжение, во 90+3’ минута. Главен јунак на мечот е голманот на кипарскиот тим, Френсис Узохо.

Мурињо го виде голот на таблет, па тргна да слави пред да чека ВАР

Рома успеа да остане непоразена на тешкото гостување кај Бетис кој ги совлада минатата недела во Рим 1-2. Шпанскиот состав поведе со 1-0 преку Серхио Каналес а одговори Андреа Белоти. Интересно за голот на Италијанецот, судијата тргна да гледа ВАР снимка, а Жозе Мурињо предвреме на таблет го виде голот па тргна да слави.

Убава вечер за Македонците, Тричко стрелец против Фенер и мајсторија на Барди со Монако

Трабзонспор го декласираше француски Монако со 4-0 во 4. коло од Лига Европа. Турскиот состав со овој триумф се приближи до пласман во следната рунда, а еден од стрелците на гол беше и нашиот Енис Барди кој постигна фантастичен погодок. Голот на Барди е номиниран за најубав на колото во цела Лига Европа.

Мангупски слободен удар на Барди против Монако

Трабзонспор го декласираше Монако со 4:0 во 4. коло од Лига Европа, натпревар на кој македонскиот репрезентативец, Енис Барди блесна од својата омилена позиција. Знаете кој друг има направено ваква мангупарија така? Роналдињо, Меси и Тони Мицевски. Толку се.

Пред 29 години Македонија го одигра првиот официјален меч и ја совлада Словенија

На денешен ден, во 1993-та година македонската фудбалска репрезентација го одигра првиот официјален фудбалски натпревар по осамостојувањето. Во Крањ убедливо ја победивме Словенија со 1-4.

Реал Мадрид објави видео од шиењето на Рудигер

Шахтјор Доњецк во Варшава го пречека Реал и украинскиот тим водеше 1-0 буквално до последните секунди од мечот кога гостинскиот стопер Антонио Рудигер постигна гол со глава но притоа тешко се повреди во дуел со домашниот голман. Веднаш го однеле на шиење во соблекувална каде добил 20 конци, а поддршка му давале Тони Крос и Алаба.

Ја видовте ли акцијата на Наполи за која немаше одбрана?

За Наполи низ годиниве играа сјајни играчи како Хамшик, Лавеци, Кавани и Наполитанците секогаш негувале убав фудбал мераклиски. Сезонава ја почнаа неверојатно, со дури 9 рекордни победи по ред во сите натпреварувања. Во Лига на шампиони ги потопија Ливерпул (4:1), Ренџерс (0:3), Ајакс (1:6 и 4:2). Дадоа 17 гола на само 4 меча. Под водство на Спалети играат најубав фудбал во Европа.

Како одбрана со лице донесе историја за белгиски Бриж

Белгискиот шампион Клуб Бриж направи историски подвиг и за првпат во историјата се пласираше во плејофот, нокаут-фазата од Лига на шампиони. И тоа без примен гол а дадени 7 погодоци на две кола пред крајот, во силна група.

Салах го постигна најбрзиот хет-трик во историја на Лига на шампиони

Ливерпул покажа голема надмоќ над шкотски Ренџерс и тоа на гости среде „Ајброкс“ во Глазгов. Иако домашните први поведоа и сите помислија дека лошата форма на Ливерпул од Премиер лига се префрла и во Лига на шампиони, црвените не само што брзо израмнија туку во второ полувреме дадоа дури 6 (шест) гола и славеа 1-7. Јунак на триумфот е Мо Салах.

Албанецот Аслани со шансата на векот на “Камп Ноу“

Кристијан Аслани е 20-годишен супер талентиран фудбалер од Елбасан, Албанија. Кариерата ја почнал уште како мал во Емполи а во јуни 2022-ра потпиша за Интер договор вреден дури 14 милиони евра. Аслани веќе има неколку настапи за Интер, а синоќа на големото дерби во Лига на шампиони со Барселона излезе сам пред голманот во 90+4’ минута и имаше шанси да им донесе победа на Италијанците.

Спектакуларен меч на „Камп Ноу’“, Интер однесе злато вреден бод од Барселона

Како и што се очекуваше, големото дерби во Лига на шампиони донесе врвен фудбал, шест голови и уште многу шанси. Интер на чекор до пласман понатаму, Барселона може да испадне. Нашиот Елиф Елмас влезе во 77’ минута наместо Квича Кварацхелија во новиот убедлив триумф на Наполи.

Прогноза на полусезоната

Британскиот Sport Bible како да се подзанесе по неколкуте трансфери на Јувентус летово, па ладно објави дека бјанконерите...

Клоп во вербален клинч со сонародникот Дитмар Хаман

Некогашниот германски репрезентативец и фудбалер на Ливерпул Диди Хаман кој сега работи како стручен консултант, рекол дека Ливерпул почнал да паѓа, дека формата им е загрижувачка и дека веќе немаат искра во екипата. Црвените во Премиер лига заостануваат цели 14 бода зад лидерот Арсенал а сега ги чека и дуел со Сити на „Енфилд“. „Кој рекол така? А Диди Хаман? Тој е баш фантастичен извор, почитуван насекаде“, саркастично одговори Јирген Клоп.

Данско зига-зага

Копенхаген може гордо да се пофали дека е еден од ретките клубови кои не примил гол од страшниот Манчестер Сити на Гвардиола. Во 4. коло од Лига на шампиони данскиот првак одигра 0-0 со „граѓаните“, а навивачката група Sektion 12 имаше свое шоу.

Дрон се појави на фудбал во Шведска, голманот имаше одговор

Во 26. коло од втората шведска лига Суперетан, лидерот Халмштад водел 2-0 но на крај изгубил 2-3 од Ергрите кој се бори за опстанок. Халмштад е прв во 52 бода и брка пласман во елитното друштво. Стартот на вториот дел накратко го прекинал дрон за кој гостинскиот голман Робин Валиндер имал лесно решение.

Го прашаа Пеп зошто е толку тешко да се освои Лига на шампиони

Најдобриот тренер на денешницата, Пеп Гвардиола освои сè што може да се освои во клупски фудбал, а неостварена желба му е трофеј со Манчестер Сити во Лига на шампиони. Неколку пати стигна до самата завршница, еднаш и во финале ама изгуби од Челси. Еве му го одговорот зошто е тешко да се освои.

Рудигер крвареше за голот на Реал Мадрид во последна секунда

Шахтјор Доњецк е најпријатна приказна досега сезонава во Лига на шампиони. По воениот конфликт во Украина, овој клуб кој веќе неколку години се сели од град во град, сега игра со свои деца, фудбалери од нивната академија и во таква ситуација собра 5 бода во сериозна група на Лига на шампиони. Синоќа го имаа во рака големиот Реал Мадрид буквално до последни секунди кога стоперот Антонио Рудигер извади голем бод за „кралскиот клуб“. И притоа крвареше за тој гол.

Како дуелот Милан - Челси отиде во еднонасочна улица по судиска грешка

Преку 70.000 навивачи на Милан го наполнија „Сан Сиро“ и чекаа нивниот тим да му се реваншира на Челси за минатонеделниот убедлив пораз од 3:0.  Се испостави дека главниот судија на мечот, 38-годишниот Германец Даниел Зиберт реши да биде во главна улога па уште во 17’ минута досуди спорен пенал за Челси и му покажа директен црвен картон на Фикајо Томори после што домашните со играч помалку немаа што да бараат со реномираниот противник.