Фудбал

Хакими им демонстрираше во Африка како се изведува перфектен слободен удар

Сите се местеја за нафрлање, бидејќи од тој агол со десна е најлогично да следува центар шут во шеснаесетник. Ама бекот на ПСЖ се реши за друга комбинаторика, убиствена за голманот. Не се виде каде влезе топката. Габон - Мароко, конечни 2:2 во Купот на Африкански нации.

И Сари влезе во дуел против Удинезе

Со голот на Чиро Имобиле во 106 минута, Лацио го елиминираше Удинезе во осминафиналето од Купот на Италија. Хит клип на денот е судирот на тренерот на Лацио со гостински играч.

Се сеќавате ли на младиот фудбалер на Лацио за кој некои тврдеа дека има 42 години

Сигурно дека не сте го заборавиле најјакиот муабет од италијанската Серија од пред неколку години.

Затоа се пази што се тетовира со странски букви, би ви рекле ѕвезди на Интер и Ливерпул

За време на една прослава на гол на Аргентинецот Лаутаро Мартинез, неговиот повисок сонародник Жоакин „Ел Туку“ Кореа го гушнал. На таа фотографија грчките медиуми приметиле тетоважа со букви од грчката азбука. Тој сакал да истетовира збор „слободен човек“ (ελεύθερος) ама истетовирал збор „бесплатно“ (δωρεάν).

Aсистенцијата на Елмас e пола гол

Со двата гола на Лозано, Наполи синоќа освои 3 тешки бода на гостувањето кај Михајловиќ во Болоња и му се доближи на второпласираниот Милан на -2. Елиф по лево ја одигра во негов стил и го намести првиот гол.

Како Грк се жали на груб фаул?

Штутгарт тоне сè подлабоко во германската Бундеслига и со три порази на последните четири меча се наоѓа на претпоследно место на табелата со 18 бода и реални шанси за испаѓање. Последно изгубија од РБ Лајпциг во меч на кој Јошко Гвардиол го покоси Гркот Мавропанис кој урлаше „малака“.

Нова мајсторија на Влаховиќ и два гола од слободен на Бираги

По заминувањето на Шевченко Џенова го доживеа највисокиот пораз сезонава во Серија А од 6:0 во Фиренца. Бекот Кристијано Бираги направи двојно шоу од слободен удар, а Душан Влаховиќ го запиша голот број 17 со врвно одиграна завршница.

Чудесен лоб во Германија од преку 40 метри

Борусија Дортмунд 2 е дел од третата германска лига, каде синоќа славеше 1:3 на гости. Холанѓанец роден 2001-ва по име Имануел Фераи изведе спектакуларна мајсторија на која се чудеа сите.

Како Милан беше оштетен за чист гол за победа

Фудбалерите на Милан го доживеаа можеби најболниот пораз сезонава. Водеа 1-0 против скромната Специја со гол на Леао пред крајот на првиот дел во 45+1' минута. Гостите израмнија во 64' преку Кевин Агудело. И во судиското продолжение Жуниор Месиас дава гол за победа ама судијата го поништува наместо да пушти чиста предност. Кардинална грешка. И како капак на сè, Специја во 90+6' дава гол за тотален пресврт и сензација.

Лекција од Левандовски за младите татковци

Најдобриот класичен центарфор на денешницата има две ќерки, Клара и Лаура и кога неговата сопруга Ана не е присутна, тој се грижи за нив. Покажа и како се прави репче кај девојче.

Ефето на Переира од навивачки агол е чудо

Го видовте ли сезонава голот на кариерата на Андреас Переира, кој Манчестер Јунајтед го пушти на позајмица во Фламенго? Ако сте го виделе, вториот агол ви е познат, а сега излезе и првиот снимен од трибина. Каква е оваа траекторија на која и голманот беше во бунило? Прво дремеше и ја гледаше, а потоа се фрли од немај каде.

Реал Мадрид го освои 95. трофеј во историјата - да ја стигнат Барселона им треба уште еден

Карло Анчелоти го предводеше „кралскиот клуб“ до првиот пехар сезонава. Во финалето на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија, Реал Мадрид го совлада Атлетик Билбао кој втора година по ред останува без овој вреден трофеј.

Тешка голманска глупост во 93-та минута

По сензационалното реми против Алжир, аутсајдерот Сиера Леоне стигна до нов јуначки бод во Купот на Африкански нации и против фаворитот Брег на Слонова Коска. Но овој пат со многу многу среќа и страшен кикс на голманот кој се заби во земја и им ја подари топката за конечни 2:2 во судиското продолжение. Колку лоша интервенција.

Топот од Саутемптон, врвниот изведувач на слободни во Премиер лига

Саутемптон продолжи да игра стани-пани во англиската Премиер лига, па синоќа претрпе нов пораз, овојпат од Вулверхемтпон на гости со 3-1. Но овој меч најмногу се зборува поради невозможниот слободен удар на капитенот на гостите Џејмс Ворд-Праус кој веќе подолго време од актуелните играчи е најдобар егзекутор од слободни удари во Премиер.

Хандановиќ со пантерски рефлекси го спасуваше Интер

Дербито на колото во Серија А меѓу Аталанта и Интер заврши без голови, иако на двете страни имаше многу шанси за погодоци. Капитенот на Интер, Самир Хандановиќ бранеше врвно и спречи неколку чисти зицери на домашните.

Елмас грубо спречен да даде гол во рапсодијата Наполи - Фиорентина

Седум гола, три црвени картони, продолженија, ревија убави голови, израмнување со 9 играчи во 90+5' минута. Елиф Елмас одигра цел меч во Купот на Италија каде неговиот Наполи дури после продолженијата изгуби 2-5 од Фиорентина. Македонскиот репрезентативец излезе пред чист празен гол ама Дронговски тешко го фаулираше.

Такуми, каде гаѓаш таму?

Ливерпул и Арсенал го остварија најдосадниот резултат во првата полуфинална пресметка од Лига Купот, а најсериозната шанса на мечот ја имаше Такуми Минамино. И без голман на голот ја прати во топката во публика.

Навивачите на Милан за љубовта со Андриј Шевченко

Славниот напаѓач синоќа за прв пат стапна на Сан Сиро во улога на тренер и тоа токму против својот тим во кој го направи блесокот на кариерата. Го пречекаа со убави зборови.

Леао мајсторе сакаше да ја нафрлиш или?

Додека во Унгарија и Словачка синоќа почна турбо ракометната програма, во Купот на Италија се играа две осминафинални средби. И двете траеа по 120 минути, а елиминирани беа Елиф Елмас и Горан Пандев. Наполи - Фиорентина 2:5 и Милан - Џенова 3:1.

Рулетот на Менди пред свој гол

Дваесет и шест годишниот репрезентативец на Франција игра одлично под водство на Анчелоти. На големото дерби со Барса во полуфинале од шпанскиот Суперкуп беше еден од најдобрите на теренот. Играше со таква самодоверба што во еден момент направил ролинг во својот казнен простор пред свој гол.

Јунакот Хамес Родригез му спаси живот на еден фудбалер

Срцевите проблеми и тешкотиите со дишење и натаму продолжуваат на фудбалските терени. На еден натпревар во Катар меѓу Ал Рајан и Ал Вакра, гостинскиот фудбалер Усман Кулибали во еден момент се струполил на земја и почнал неконтролирано да се тресе во конвлузија.

Италија - Македонија на неутрален терен?

Строгите протоколи за пандемијата, во моментов го ставаат под знак прашалник местото на одигрување на мечот од квалификациите за Мундијалот во Катар. Според сегашната ситуација, нашите фудбалери не би можеле да влезат на чизмата.

Не таа химна мајсторе, три пати ја промашуваш

Освен судијата од Замбија кој два пати свиреше крај пред 90-та минута на мечот Тунис - Мали, јак беше и стартот на дуелот Мауританија - Гамбија (0:1). Пред почетокот дури три пати беше утната химната на Мауританија.