
И така дошол ред, Лорис Кариус да застане меѓу стативите после цели 728 дена!
Последен пат бранел на 28 февруари 2021-ва година за Унион Берлин во Бундеслига. За првпат бранеше за англиски клуб после цели четири години и 276 дена откако се посрамоти на фамозното финале на Лига на шампиони 2018.
Но Кариус и покрај тоа што Њукасл прими два гола уште во првиот дел (еден автогол), запишал дури осум чисти одбрани што е најмногу за еден голман во финале на англиски Лига Куп по 2012-та кога Том Хитон исто одбранил осум удари против Ливерпул.
Кариус на загревање делувал смешно, топката му испаѓала од раце, но после за време на мечот бранел (интересно во ретро ракавици од времето) сосема солидно.