„Живееме во опасен и драматичен период и со сите наши следбеници мора да испратиме порака за мир. Тоа може да послужи за поттикнување на свеста за она што се случува. Со надеж дека доброто наскоро ќе триумфира над злото“, гласи пораката на Твитерот на Наполи.
Гамба Осака водеше 2-1 против Кавасаки буквално до последните секунди од мечот кога домашниот голман Ишикава направи глупост и му овозможи на Бразилецот Дамиао да израмни на 2-2 и гостите да освојат важен бод.
Најдобриот тренер на денешницата, на прес-конференцијата за медиуми во пресрет на големото градско дерби со Манчестер Јунајтед зборуваше остро и искрено за војната во Украина.
22-годишниот Амин Гуири од Ница е најголем фудбалски талент во Франција. Откако Мбапе стана мега ѕвезда, медиумите сега будно го следат и Гуири. Тој ја внесе Ница во финале на Купот на Франција откако во полуфиналето против нисколигашот Версај даде гол и намести еден со неверојатни дриблинзи пред асистенцијата.
„Кога ќе видам некои пасови кои ги даваат Ибро и Хршимовиќ, ми доаѓа да се напијам вода од акумулатор“. „Ајде врати му ја топката, имам јас и други обврски“, вели не баш конвенцијалниот коментатор од БиХ, кој натпреварите во футсал ги тера по свое.
По доаѓањето од Јувентус шведскиот репрезентативец со македонско потекло (неговите се од Охрид), веднаш ја освежи екипата и ги собра симпатиите на „Вајт Харт Лејн“.
Холандскиот фудбал ни носи една специфична фудбалска сторија која од нервози на крај завршила во љубов. Шефот за делегирање судии од сега да внимава на кои натпревари ја делегира девојкава.
Претходниот месец паднаа некои прекрасни голови, па навивачите во германската и англиската лига ќе имаат слатки маки за кого да гласаат. Кој од кој поубав погодок.
Во реваншот од полуфиналето на шпанскиот Кралски Куп, Бетис и Рајо Ваљекано одиграа 1:1, па домаќинот по триумфот 1:2 на гости обезбеди пласман во големото финале каде ги чека Валенсија. Но не беше сè лесно за Бетис. Рајо (Столе остана на клупа за резерви) поведе во 80' минута преку позајмениот играч од Манчестер Јунајтед, Бразилецот Бебе од слободен удар. ЕВРОГОЛ!
Иако до крајот на сезоната имаат уште 10 кола, сепак Германците го искористија веќе богатиот материјал на промашувања и објавија компилација во која на врвот е Андре Силва. Стативите ги искршија од промашувања.
Завршува ерата на Роман Абрамович во Челси. Рускиот магнат чија голема приврзаност за „сините“ ја истакнуваа многу познати фудбалери на овој куб, реши да крене сидро.
И покрај тоа што домашните навивачи „го испратија во пеколот“, сепак напаѓачот на Јувентус ги проголта сите навреди и отиде да го гушне довчерашниот соиграч кој ја реши првата полуфинална пресметка со автогол во 91-ва минута.
Нант е клуб кој минува низ многу тежок период од клупската историја. Исто како и Валенсија. И двата клуба едвај крпат крај со крај, но со огромна поддршка од верните навивачи сезонава стигнаа до финалето на Купот во своите земји и можност за излез во еврокуп.
Полуфиналето во португалскиот Куп донесе голема дерби пресметка која ја доби Порто со 1:2 и за која ќе има и реванш. Резултатот го отворија домаќините преку Шпанецот Пабло Сарабија кој го земаа на позајмица од ПСЖ. Едноставна, ама неочекувана комбинаторика.
И покрај тоа што спортот нема никаква поврзаност со војната, сепак секој ден има по некоја санкција за Русите и во оваа област. Последната е повеќе како некој вид протест, односно солидарност. Чудно малце.
Бразил отсекогаш важел за погодно тло за врвни фудбалски таленти. Оваа земја на фудбалот му дала и уште му дава сјајни бисери. Да видиме 50 најубави голови на 50 бразилски ѕвезди низ историјата.
Потекнува од фудбалската школа Форца во Тафталиџе која ја води поранешната вардарова легенда, Јовче Џипунов, а сега е член на Работнички за кој дебитираше во прва лига на 16 години. Да не ви е позната приказнава?
2 март 2002-ра, Денис добива топка од Пирес и во дуел игра еден на еден со Никос Дабизас, го изместува Гркот од колосек и го произведува дриблингот кој и ден денес се врти и зборува „А ти текнува Бергкамп еднаш што му направи на тој од Њукасл?“
Водени од желбата да ги соголат спортистите од Руска Федерација, англиските медиуми секојдневно бараат познат лик кој ќе им стане бајрактар во битката против рускиот спорт. Го напнаа Томас Тухел, европскиот шампион со Челси кој им рече: „Просто мора да престанете со ова, јас не сум политичар, ние сме спортисти“.
Легендарниот „геније“, човек поради кој многу навивачи го засакаа Милан, отворено ја прокоментирал ситуацијата со санкциите за рускиот спорт поради ситуацијата во Украина.
Како што расте војната во Украина, така се редат санкции во рускиот спорт кои веќе не може да ги пофатиме. Се огласи Спартак Москва, која смета дека спортот, дури и во најтешките моменти, треба да гради мостови, а не да ги руши.
На мечот Малага - Картагена во шпанската втора лига Сегунда дивизион кој заврши 1-1, домаќините поведоа во 56' минута преку Брандон, а гостите израмнија во длабоко судиско продолжение, во 90+4' минута со страшен гол на јапонскиот ветеран Шинџи Оказаки кој во 2016-та со Лестер сензационално ја освои титулата.