Фудбал

Фалкао за неговиот најубав гол во кариерата

Фалконот беше најдобар шпиц на светот во еден момент. Расен стрелец, голгетер од кого се тресеа голманите. Играше за Ривер Плејт, Атлетико Мадрид, Монако, Манчестер Јунајтед, Челси, Галатасарај, Рајо Ваљекано и сега на 39 години е во домашниот Миљонариос. Тој раскажа за прекрасниот гол кој за Монако го даде против Манчестер Сити на гости во Лига на шампиони. Лоб на сезоната беше тогаш.

Мурињо до новинар: Вие секогаш комшиите ги мислите колку пари прават

Забавата на прес прес конференциите од Турција се сели во Португалија. Малку треба да го чепне човек Мурињо за да се отвори.

Мотивациски говор после кој Севиља ја разби Барселона

После неколку слаби натпревари, Севиља реши да го отпушти тренерот Хоакин Капарош кој беше дури седми отпуштен тренер во последните три сезони. Андалузијците никако не можат да го најдат рецептот за успеси кој го имаа во минатото. Сега се надеваат дека 51-годишниот Матијас Алмеида ќе ги крене. Тој со мотивациски говор во соблекувалната ги мотивирал играчите да ја разбијат на крајот Барселона со 4-1!

Чаби Алонсо им покажа како се лепи топка

Тренерот на Реал Мадрид Чаби Алонсо некогаш важеше за еден од најдобрите играчи од среден ред во своето време. Сега на играчите на тренинг им демонстрираше што значи добар прием.

Ја имаме ли одбраната на сезоната во Серија А?

Мајк Мењан vs Федерико Гати. Од сите агли. Страшен рефлекс извади Французинот.

Кај сакаш биди, Лука ќе те најде

Јувентус и Милан го одиграа најдосадниот резултат во фудбалот, а тој е без голови. Пулишиќ промаши пенал, ама затоа Лука Модриќ нема шанси да промаши свој човек.

Пак да изиграваш бесни глисти

Њукасл го совлада Нотингем Форест со 2:0. Вториот гол го даде Ник Волтемоде од пенал. Проба голманот да го деконцентрира, ама само го мотивираше дополнително.

Мурињо го гаѓаа со сè и сешто во Порто каде до скоро беше легенда

Од љубов до омраза толку малку треба, пееше легендарниот Џеј. Низ такво нешто проаѓаат навивачите на Порто со Мурињо. На 13-ти септември пред неполн месец дена, Жозе Мурињо нивниот легендарен тренер кој им донесе Куп на УЕФА и пехар во Лига на шампиони, им беше гостин на „Драгао“. На големи видео бимови одеа најинтересните моменти од неговата тренерска кариера во Порто.

Хет-трик од асистенции на Лионел Меси

Интер Мајами синоќа со 4-1 го совладал тимот на Њу Ингланд. Два гола дал Тадео Аљенде, два дал некогашниот лев бек на Барселона Жорди Алба а дури три асистенции имал големиот Лео Меси. Сезонава во МЛС лигата во САД Меси има 24 гола и 14 асистенции на 26 средби.

Избран е голот на месецот во Премиер лига

Пет кандидати, пет одлични голови конкурираа за признанието гол на месец септември. Го добива Бразилецот Габриел Мартинели за маестралниот лоб на големото дерби против Манчестер Сити (1-1).

Мајсторијата на Џенова против Наполи

Со голот на Расмус Хојлунд во 75-та минута Наполи на многу тежок начин ја совлада Џенова со 2-1 и остана лидер на табелата. Откако е дојден во Наполи Данецот постигна 5 гола и уште еднаш докажа дека неговите слаби игри во Манчестер Јунајтед биле рефлексија на лошата атмосфера во англискиот клуб. Во Неапол игра како препорден. А Џенова која прва поведе во 33-та минута со голот на Џеф Ехатор покажа неверојатна воиграна акција. Израмни Ангуиса со гол во 57' минута.

Мбапе пресреќен за голот на брат му против ПСЖ

Лил и ПСЖ одиграа 1:1 во 7. коло од францускиот шампионат. Гостите поведоа преку Нуно Мендеш во 66-та минута, кој постигна еврогол. Израмни 18 годишниот Итан Мбапе на 5 минути до крај. Килијан беше во еуфорија за голот брат му кој го спречи фаворитот да си оди дома со 3 бода.

Барселона попарена во Севиља

Фудбалерите на актуелниот шпански шампион Барселона претрпеа тежок пораз на гостување во Андалузија. Севиља после ги декласираше со 4-1 (2-1). Победа на домаќинот им ја донесоа Алексис Санчез во 13-та минута, Исак Ромеро во 36-та, Хозе Анхел Кармона во 90-та и Акор Адамс во 90+5' минута од судиското продолжение. Гол за Барса даде Маркус Рашфорд на истекот на првиот дел.

Нов гол на Миовски во дресот на Глазгов Ренџерс

Две недели откако го постигна деби голот за новиот клуб во Лига Купот против Хиберниан, Бојан Миовски за прв пат стрелаше за Ренџерс и во шкотската Премиер лига. Македонскиот напаѓач во 41 минута го отвори резултатот на гостувањето против Фалкирк, но гостите израмнија на 17 минути до крај.

Реал го скроти Виљареал, два гола на Винисиус еден на Мбапе

По тешкиот историски пораз од Атлетико Мадрид (5:2) во градското дерби, Реал Мадрид се издигна и најпрво славеше на далечното гостување кај Каират Алмати во Казахстан во Лига на шампиони (0:5), а синоќа и на „Сантијаго Бернабеу“ 3:1 против сериозниот Виљареал.

Сеирџија на денот на сметка на Ливерпул

Ливерпул во една недела загуби од Кристал Палас, Галатасарај и Челси. Твитерот гори.

Челси го реши Ливерпул со голчиште на Каиседо и деби гол на тинејџер во 96-та

Арне Слот е во проблеми. Ливерпул губи три меча во една недела од кои два во Премиер и еден во ЛШ. Дербито на колото го реши 18 годишниот Естевaо и тоа со неговиот дебитански гол во дресот на Челси за конечни 2:1. Атрактивен гол даде Моисес Каиседо во 14 минута, а за гостите погоди Гакпо.

Гризман растура на Фудбал менаџер со Њукасл

Кај освоил 5 трофеи, па уште и се појачал јако. Фукнал 134 милиони фунти за еден негов репрезентативен колега, кој ќе го покажат во кадар.

Милер ти е роден мајтапчија

Германската фудбалска легенда има 5 гола на 5 меча за Ванкувер. Го изненадија со торта со број 300, како подарок за 300 гола во кариерата. Јас 300 гола? И од тренинг да не ми ги рачунате головите?

Каков парадокс за фудбалер на бугарски Лудогорец

Хавиер Идалго Гомез или накратко Франсиско Сон е шпански фудбалер од бугарски Лудогорец. Синоќа пред натпреварот Сон кој порано играл за Леванте изјавил: „Спортскиот директор на Бетис во шега побара од мене да си дадам автогол, но му кажав да не се зафркава, иако јас и самиот сум навивач на Бетис, ама сега ги бранам боите на Лудогорец“, рекол Сон. Во 53' минута си дал автогол за конечни 0-2 за Бетис.

Фудбалот не памети вакво нешто, Рома три пати промаши ист пенал

Преку 30 години гледаме фудбал, вакво нешто не сме виделе до сега. Рома во 2. коло од Лига Европа против Лил успеа да промаши три пенали, односно еден ист кој судијата два пати го понови поради прерано влегување на играчи во шеснаесетникот. И тоа пазете, два обиди имаше Артем Довбик и еден Матијас Суле. Јунак на мечот е се разбира е голманот Берке Озер, кој им ги фати сите три. Лил победи 0:1.

Дете со потекло од Македонија стана најмлад стрелец на Ѕвезда во Европа

Црвена Звезда загуби на гости кај Порто со 2-1, со гол во 90-та минута. Историја на овој меч запиша Василије Костов, кој го израмни резултатот во 32 минута и со само 17 години стана најмлад клупски стрелец на меѓународна сцена. Костов е роден во Белград, но има македонско потекло. Дебито за прв тим во српското првенство го имаше во април. Член е на селекцијата на Србија У-19.

Златан ко Златан

Ибра утре прави 44 години. Да го пушти човек во напад, уште ќе им се носи на младиве. „Сила на природата“, напиша на социјалните мрежи.

Анри: Изморен сум од фудбал, не го ни следев Светското клупско првенство

„На припремите за големите натпреварувања доаѓав „мртов“ ментално и физички. Бев повреден пред СП 2002, ЕП 2004, ЕП 2008. Јас не можев ни да се спремам за тие турнири, а инаку треба човек да се спреми. Не само јас, туку многу играчи. Јас сега и како навивач сум изморен од фудбал. Не го следев Светското клупско првенство. Бев обврзан да го гледам финалето, но на полувреме напуштив. Си ја сакам фамилијата и ми треба пауза. Го сакам фудбалот, но да бидеме искрени, ова е премногу“.