Фудбал

Што убави сендвичи се прават на стадионот на Атлетико Мадрид

Пред некој ден имавме вест за една тетка која во белградска Арена на кошарка направи мегаломански сендвич од цел леб и ги воодушеви читателите. Сега гледаме сличен цар, нејзин „колега“ од Атлетико Мадрид кој на стадион прави сендвич за сите мераци!

Милевски: Никој не може да ни го одземе сонот за Мундијал

Македонската фудбалска репрезентација овој месец се соочува со две средби кои можат да значат историја, а тоа е пласман на Светско првенство, после бајката пред пет години. Задачата не е лесна, но е остварлива.

Картите за Светско првенство 2026 движат од 60 па до 6.000 долари

Најскапите влезници за Мундијалот 2026 кој ќе се одржува во САД, Мексико и Канада се по 6.000 долари и тие се за финалето. ФИФА полека го почнува процесот на продажба на карти и тоа преку лотарија така што победниците на лотаријата кои ќе стекнат право да си купат карти, ќе бидат известувани по електронска пошта.

Капитенот Одегард игра ко да има џојстик во рака

Норвешкиот волшебник со топката Мартин Одегард синоќа на дуелот Арсенал - Олимпијакос (2-0) делеше додавања како да со себе има џојстик за Сони плејстејшн. Го хранеше Ѓокереш со прекрасни топки во простор.

Парадата на вечерта ја има Давид Раја

Со головите на Мартинели и Сака, Арсенал го реши Олимпијакос во 2. коло од ЛШ. Гостите веројатно го видоа голот на израмнување во 20 минута, со прекрасен волеј, но Давид Раја направи блескава интервенција.

Судиска камера забележа интересен момент

Во МЛС лигата во САД веќе некое време судиите на себе носат мало камерче со кое имаат подобар увид во настаните на теренот. Главниот судија на мечот Синсинати - Орландо доловил еден момент кога фудбалерот на гостите Родриго Шлегел буквално го молел да не му покаже жолт картон зошто ќе го пропушти следниот меч поради суспензија.

Јамал vs тројца европски прваци

Прво го видовме Меси во него, па Зидан. Што им направи бе дете?

Гати ли е, Роналдо ли е? Најубав гол на колото го има стоперот на Јувентус

Виљареал и Јувентус одиграа прекрасен натпревар со дури 4 гола. Гостите водеа 1-2 до 90-та минута кога Ренато Веига израмни и ги постави конечните 2-2. А претходно стоперот на Јуве Гати имаше маестрален еврогол во 49' минута.

Неверојатно промашување на Џонатан Давид од Јувентус

По лудото реми 4-4 против Борусија Дортмунд во 1. коло од новата сезона во Лига на шампиони, Јувентус синоќа ремизираше и на тешкото гостување кај Виљареал 2-2. Јуве има 2 бода после 2 одиграни кола. Да беше поприбран канадскиот репрезентативец Џонатан Давид, бјанконерите ќе имаа можеби гол повеќе.

Европскиот шампион ПСЖ ја освои Барселона, Дортмунд го торпедира Билбао

Избраниците на Луис Енрике потврдија уште еднаш дека се најдобар тим на континетот откако вечерва со 1:2 ја совладаа Барселона на гости во дербито на вечерта во Лига на шампиони. Јувентус имаше цел плен во раце но прими гол од Виљареал во последните моменти, а Наполи на крилјата на Хојлунд освои три златни бода.

Гризи 200

Атлетико Мадрид со 5-1 го развали Ајнтрахт Франкфурт во 2. коло од Лига на шампиони и по историскиот триумф од 5:2 над Реал Мадрид минатиот викенд, во само два натпревари постигна вкупно 10 гола! Антоан Гризман синоќа против Ајнтрахт го даде погодокот за 3-0 и тоа беше негов јубилеен 200-ти гол во дресот на „јорганџиите“. Гризман за Атлетико Мадрид одиграл 454 натпревари а уште во јануари 2024-та стана најдобар стрелец во историјата на клубот.

Втора голманска асистенција за гол на Реал во историјата на ЛШ

Килијан Мбапе се израмни со Пипо Инзаги со рекордот на три хет-трик изданија на гостински натпревари во Лига на шампиони. Мбапе има вкупно четири хет-трика во ЛШ од кои три му се на противнички терени. Интересно синоќа за еден гол од трите против Каират Алмати му асистираше голманот Тибо Куртоа кој така стана само втор голман во историјата на Реал Мадрид, по Сантијаго Кањизарес кој асистирал за гол во ЛШ. Кањизарес тоа го сторил во 1997-ма година на дуел против Олимпијакос.

25 години од неповторливото ремек дело на Анри против Манчестер Јунајтед

„Не можеш ништо да направиш во врска со таков гол, не можев да поверувам“, беа зборовите на Сер Алекс Фергусон.

Колку малку треба за радост

Каират Алмати, шампионот на Казахстан за првпат во својата клупска историја се пласира во Лига на шампиони. Синоќа за првпат играа против големиот Реал Мадрид. Децата кои фаќаа топки покрај теренот беа воодушевени од ѕвездите на „кралскиот клуб“. Едно од нив добило тренерка за тренинг од Реал па сите се собрале да ја видат.

Проблеми во рајот: Валверде не сакал да влезе во игра, лут е на Чаби Алонсо

Најголема и најтешка задача на секој нов тренер е да воспостави авторитет над играчите. Особено ако е тренер на Реал Мадрид каде играат најголемите светски ѕвезди. Чаби Алонсо кој направи чудо со Баер Леверкузен сега е пред големи искушенија во Реал.

Најчудниот црвен картон на сезоната

Шефилд Јунајтед е убедливо последен на табела во англиската втора лига Чемпионшип. Има 7 порази на 8 натпревари и само 3 освоени бода од почеток на сезоната. Синоќа водеа 1-0 против Саутемптон, тренерот Крис Вајлдер на полувреме тргна накај соблекувалните а по пат лефтерно шутна една топка накај публика, ама погодил некој постар човек и го повредил. Судијата му покажа директен црвен картон. На крај Шефилд Јунајтед изгуби 1-2.

Две чисти шанси на Мбапе, можел 5 да им даде

Килијан е спектакл за гледање, напаѓач каков што нема во моментв во друга екипа. Веќе има 13 гола сезонава на 9 меча и вкупно 57 откако е играч на Реал. Синоќа во Казахстан го запиша четвртиот хет-трик во ЛШ, исто колку што има Бензема. Имаше уште две 100% шанси. Погледнете му ги движењата, дриблинзите и приемот на топка. Феномен.

Аталанта го има најмладото дете од Италија во Лига на шампиони

По воведниот пораз во прво коло на ЛШ од ПСЖ (4:0), Аталанта синоќа ја прослави првата победа во Лига на шампиони сезонава и тоа после пресврт во финишот со голови на Лазар Самарџиќ од пенал во 74-та минута и на Марио Пашалиќ во 87-ма. Цел натпревар за Аталанта одигра младиот одбранбен фудбалер, бекот Онест Анахор кој летово дошол во Бергамо од Џенова во договор вреден вртоглави 20 милиони евра. Тој е лев бек до офанзивни карактеристики.

Лик го изнасмеа Меси со „Анкара Меси“

Лионел на некој турнир во мал фудбал со децата. Од публика некој го довикува смешното и фамозно „Анкара Меси“ со која арапски коментатор го проследи легендарниот соло продор и гол на Меси против Хетафе.

Ама ја оплеска голманот на Славија

Интер ја оправда фаворитската улога против Славија Прага со триумф од 3:0. Еден гол даде Думфрис, а два Лаутаро Мартинез. Едниот на асистенција на гостинскиот голман Станек. Инаку Мартинез стана прв стрелец во историјата на Интер, во седум сезони во ЛШ.

Баерн прими еден од Пафос, еден ама вреден

Пафос од Кипар, немаше шанси со баварската машинерија која си замина дома со триумф од 1:5. Но, ако некој си направи ќеиф против германскиот гигант, тоа е Мислав Першиќ, довчерашниот соиграч на Ристовски и Адеми. Ноер не се ни фрли. Голчиште.

Средба на Мурињо и Џо Кол

Стемфорд Бриџ е место како втор дом за Португалецот, каде остави белег, трофеи, пријатели. Нема шанси да не сретне некој познат. Се виде со Џо Кол кој му беше во состав, а се поздрави и со Харгривс. Жозе ко Жозе, секогаш непосреден.

Стара љубов е тоа

Жозе Мурињо се врати на местото каде стекна слава и резултати, кои потоа му го отворија патот во Интер. Беше тренер на Челси во два наврати (2004-2007) и (2013-2015). Освои 8 трофеи од кои 3 во Премиер Лига, 3 Лига Купови и по еден ФА Куп и Комјунити Шилд. Навивачите тоа не му го забораваат. Тие го скандираа неговото име, тој им врати со бакнежи.

Дојде време Бодо Глимт да крши кичми во ЛШ

Јенс Питер Хауге, кој играше за Милан и Ајнтрахт сака да ви покаже како се игра еден на еден. Ова е тој пример за игра која се вика: дриблинг, шут, гол. Фантастично одиграно на мечот против Тотенхем на кој имаа водство од 2:0, но Англичаните стигнаа до бод во 89-та минута.