Фудбал

Ова во Скопје да не е?

Фудбалски натпревар во Сан Марино. Акцијата одлична, голот уште поубав. Нели?

Како Салах го израдува цел Египет во 90+1' минута

Почна Купот на Африкански нации, најголемиот фудбалски собир на црниот континент и воедно најголем спортски настан таму. Се игра во Мароко кој прави генерална проба за домаќинството на Светско 2030 првенство кое го има со Португалија и Шпанија. Египет синоќа во дуел од 1. коло го совлада Зимбабве едвај откако на 1-1 во судиско продолжение погоди Мохамед Салах за три бода и огромна радост на „фараоните“.

Каква привилегија, Пирло да те учи слободни удари

Легендата на италијанскиот фудбал кој креваше трофеи и ги изведуваше најубавите слободни удари во дресовите на Милан и Јувентус, од неодамна е тренер на фудбалскиот клуб Дубаи. А таму дојде од турски Фатих Карамгрук каде го пренесе своето знаење за слободни удари. Младиот турски фудбалер Левент Мерчан учеше од големиот Пирло.

Елмас го слави третиот трофеј со Наполи

Наполи ја доби Болоња и го освои Супер Купот на Италија. Голем успех за Елиф Елмас кој стигна до италијанската триплета.

Петиција за ЕП 2036 да се игра на Балканот

Како ви звучи ова: Европското фудбалско првенство 2036 на Балкан со земји домаќини Грција, Албанија, Бугарија, Србија, Хрватска, ама и Македонија?

Прилепска мангупарија од гол во српскиот фудбал

За да се издвои некое голчиште од богатата викенд понуда со фудбал, не мора секогаш да се копа во топ европските лиги. Погледнете како се снајде Андреј Тодоровски на мечот меѓу ОФК Београд и Бачка Топола, во дуел со својот чувар и голманот на домаќините. Ги измами за сите пари. Инаку Тодоровски е генерација 1999-та, роден во Прилеп. Играше четири години за Спартак Суботица, а од сезонава е член на Бачка Топола. Многу умешно одиграно.

Гоце Седлоски и официјално е нов селектор на Македонија

Управниот одбор на ФФМ на денешната седница одлучи за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација, довербата да му ја даде на тренерот на Вардар, Гоце Седлоски.

Во Италија паднаа историски брзи голмански црвени картони

Во италијанската Серија А се постави нов рекорд на црвени картони. Во неделата на вечерниот дуел меѓу Џенова и Аталанта, домашниот голман Никола Леали доби директен црвен картон по груб прекршок уште во 3' минута. Исто синоќа во Фиренца голманот на Удинезе Окоје ги остави соиграчите на цедило уште од 6-та минута!

Најдобриот мајстор за „маказици“ е Мароканец

Триесет и две годишниот Ајуб Ел Каби е еден од оние напаѓачи од стар ков што дава голови во секоја прилика и секаде. Немаше некоја блескава кариера во големи европски клубови. Најголем дел од кариерата го помина во татковината каде играл за Раџа Казабланка, Видад и Беркане. После оди во Турција во Хатајспор. На крајот гнездото си го најде во грчки Олимпијакос каде со неговите голови екипата освои историски пехар во Конференциска лига во 2023/2024, шампионска титула и Куп на Грција.

Радувај се Емери имаш зошто да се радуваш

Шпанскиот стручњак Унаи Емери прави чуда на клупата на Астон Вила. Синоќа ја забележаа 10-та победа по ред во сите натпреварувања. Го урнаа со 2-1 Манчестер Јунајтед и одржаа чекор со водечките Арсенал и Манчестер Сити. Унаи Емери е прав волшебник и со право ја фрли јакната по еден од двата гола на Морган Роџерс.

Хари е немилосрден, двајца ги легна да пасат

Баерн Минхен сезонава се чини ќе се прошета до титулата. По 15 кола има 41 бод и е без пораз со 13 победи и 2 нерешени. Втора е Борусија со 32 бода, па следуваат Баер и Лајпциг со по 29. Кејн прави попара во напад. 19 гола има само во Бундес и вкупно 30 на 25 натпревари. Погледнете го како лесно ги реши двајцава во шеснаесетник.

Пеп Гвардиола: „Ќе ги мерам играчите после Божиќ, кој се поправил нема да игра“

Манчестер Сити лесно со 3-0 го испраши Вест Хем (нови два гола на Ерлинг Халанд) и ја продолжи потрагата по Арсенал кој е прв со два бода повеќе. Пеп Гвардиола после мечот добил новинарско прашање за Новогодишните и Божиќните празници. 

Јан голманиште

Атлетико Мадрид ја совлада Жирона на гости со 0:3. Погледнете ја интервенцијата на Јан Облак. Малку е да се каже дека ова е најјака одбрана на колото. Би рекле број 1 на месецот.

Само Малдини умееше да го скроти Гатузо

Интересно видео од златните времиња на италијанско. Гатузо влегува во клинч со Емерсон. Се појавуваат ликови како Стам и Ибрахимовиќ. Но се знае кој имаше авторитет врз Рино Гатузо и онаа негова зовриена глава, која не размислуваше многу.

Мароко го отвори Африканскиот Куп со гол кој ќе биде победник на турнирот

Селекцијата на Мароко, која е и домаќин на турнирот, со победа од 2-0 против Коморските острови го стартуваше новото издание на Африканскиот Куп кој ќе се игра во периодот 21 декември - 18 јануари. Затворете го конкурсот за гол на турнирот. Ајуб Ел Каби е веќе победник.

Најјаката спортска фотка за 2025-та со АИ

Го имаме победникот на годината во изборот за фотографија, направена со тоа вештачката интелигенција која го збуни светот. Изумот на Фејсбук страна Охриѓани, која растура со хумор. Маичката и мевот на Меси се врвот :).

Како играчите на АЕК го натераа газдата да даде премија од 500.000 евра

АЕК Атина игра одлична сезона, во грчката Супер лига се брка со градскиот ривал Олимпијакос за титулата, а во Конференциска лига обезбеди пласман во осминафинале откако направи чудесен пресврт на дуелот против романска Универзитатеа Крајова. Гостите од Романија водеа 0-2 а домаќините направија целосен пресврт и со два гола во длабоко судиско продолжение во 90+8' и 90+14' минута славеа 3-2 за три бода.

Ибрахимовиќ на 45 години тренира како ѕвер

Златан Ибрахимовиќ веќе неколку години е во управата на Милан, се пензионираше од активно играње фудбал но на 45 години покажува дека и натаму е во одлична физичка форма.

Еден обичен ден во Бразил

Пази ова, и двете раце му се зафатени, што значи тоа е дополнително отежнување на најмалскиот фудбалски процес наречен жонглирање. Плус не стои во место, а и не е баш млад.

Соло на Марадона на Ел Класико, 1983

По Мундијалот во 1982 година, а пред славната ера во Наполи, Марадона направи трансфер од Бока Јуниорс на Камп Ноу за тогаш рекордни 7,6 милиони долари. Уште во првата сезона 1982-83, освои два трофеи, Копа деј Реј и Лига Куп и тоа во двата наврати против Реал во финале. Погледнете го како им оди на кралевите во напад. Оса. Со се топка во гол.

Џон Тери за напаѓачите во Премиер лига сега и во негово време

Легендата на Челси извади интересна компарација во однос на центарфорите, а со тоа и ги потсети носталгичарите на англискиот фудбал, какви имиња уствари продефилираа во негово време.

Хајдук ќе гради нов, убав и модерен стадион, Пољуд оди во историја

Легендарниот стадион Пољуд, сплитската убавица, ќе оди во историјата. Хајдук добил дозвола од градските власти да започне потрага за соодветен проект и дозвола за градба на нов стадион.

Мароканец на истекот на 2025 постигна страшно голчиште

Во финалето на Арапскиот Куп Мароко со 3-2 го совлада Јордан и стана шампион во арапскиот фудбал. Мароканците славеа синоќа во финалето против Јордан а страшен гол од преку пола терен постигна 32-годишниот Усама Танане кој игра во катарскиот клуб Ум Салал.

Си биле Босанец, Македонец и Хрват

Тој лево се вика Златан. Во бројки тежи 32 трофеи, освоени со 6 екипи и има над 500 гола. Со 41 година и 166 дена стана најстар стрелец во историјата на Серија А. Оној десно е Лука, дечкото кој игра на 40 години и кој замина од Реал Мадрид како најтрофеен фудбалер во историја со 28 трофеи. Во 2018-та го запиша најјакиот хет-трик со трофеи: Златна топка, најдобар играч на годината според ФИФА и најдобар играч на Мундијалот. На тој во средина му посакуваме, барем по малце да го фати мајата од двајцата.