Фудбал

Шампионски танц на Барселона, Арсенал после пенал драма во следна фаза

Фудбалерите на Арсенал после цели 14 години се пласираа во четвртфинале на Лига на шампиони што е прав подвиг за „топџиите“ за што после пенал драмата со Порто зборуваше и тренерот Микел Артета. Во Барселона Каталонците благодарение на одличната игра одат во следна фаза по убедливиот триумф над Наполи.

Роналдо го избра најдобриот негов тим во историјата

Скоро секој втор ден некој легендарен фудбалер одговара на прашање кои се неговите најдобри 11, ама оние кои ги избра „Феноменот“ Роналдо се дефинитивно најдобри во историјата на своите позиции.

Гол од пола терен во втора холандска лига

Супер натпревар со четири гола во втората холандска лига одиграле Ден Хаг и Дордехт. Гостите воделе 0-2 до 32’ минута а домашните прво намалиле на 1-2 во 41-ва минута, па во 54-та преку Дарил ван Минем израмниле 2-2 со прекрасен погодок под пола терен.

Затоа ВАР си е ВАР ај ти

На меч меѓу Атлетико Атланта и Химнасија и Тиро во втора аргентинска лига, топката во еден момент по изведен слободен удар удира во внатрешниот дел од мрежата, но се одбива од заштитната шипка и излегува надвор. Судијата ја продолжува играта, гол нема. Домашниот тренер се буни и добива црвен картон. Мечот завршил 1-1 со вкупно 4 црвени картони, два на терен и два надвор од терен.

Има ново пургеру со Дејан Савичевиќ

Прославениот ас кој направи светска трофејна кариера како фудбалер на Црвена звезда и Милан, веќе дваесетина години раководи со Црногорскиот фудбалски сојуз. И таму нормално има жестоки критичари од кои голем е поранешен малку познат фудбалер Дејан Пековиќ - Џаја. Пековиќ му аргументирал на Савичевиќ дека слабо го води сојузот на што „Геније“ испровоциран почнал да вика.

Газда Де Лаурентис му го прекина интервјуто на Политано и го турна камерманот

Тешко се наоѓа саглам човек меѓу претседателите во Серија А. Дел од нив се полни со афери за малверзации, други се однесуваат циркузантски и несоодветно со оглед на позицијата која ја имаат, трети покажуваат силеџиски манири пред камери.

Пет години од спектакуларниот хет-трик на Роналдо со кој го фрли Атлетико на колена

Се работи за првата сезона на Кристијано во Јувентус, 2018/2019, онаа кога Ајакс беше неверојатен и за влакно не стигна до финале во ЛШ. Со поразот од 2:0 од Атлетико Мадрид во осминафинале, Јувентус на реваншот имаше зезнат резултат, против тврд противник за што беа потребни 3:0 за елиминација. Одговорот го имаше Кристијано Роналдо со голови во 27', 48' и 86' минута токму против неговиот градски ривал од Мадрид, за делириум на Алијанц.

Ал Наср елиминиран во ЛШ, Роналдо ја има утката на кариерата

Со гол во 118-та минута, Кристијано Роналдо го спаси својот тим и го однесе во продолженија, но сето тоа паѓа во вода.

Лист, камен, ножички

Феенорд со 3-0 го совлада Хераклес во 25. коло од холандската Ередивизија. Тимот од Ротердам и натаму е втор на табела со 59 бода, 10 помалку од лидерот ПСВ Ајндховен кој има 69 и е неприкосновено прв. Пред еден слободен удар домашните од Феенорд играа лист, камен, ножички за да решат кој да го изведе.

Најкалливиот шеснаесетник во историјата на фудбалот се наоѓа во Хрватска

Нестварни сцени ни доаѓаат од второлигашката хрватска пресметка меѓу Змијавци и Зрински каква што досега не сме објавиле. При резултат 0:0, домаќините добија пенал за кои се обидуваа прво да создадат услови за удар од белата точка, која патем и ја немаше. За комедијата да биде целосна и спремна за ширење на сите сајтови и социјалните мрежи поврзани со фудбал се погрижи изведувачот по име Прскало. Го издиша голманот бе.

Меси не даде гол, ама затоа Алба даде прекрасен

Интер Мајами изгуби 2-3 од канадски Монтреал на домашен терен. Домашните во 71-ва израмнија на 1-1 но гостите во 75-та минута и 78-ма го решија мечот. Жорди Алба само намали во 80-та минута со прекрасен гол на асистенција на Серхио Бускетц.

Гнабри поднесе кандидатура за гол на сезонава во Бундес

Баерн Минхен го понижи Мајнц со 8:1, Кејн постигна хет-трик и стаса до неверојатни 30 гола по 25 кола, а она што се издвои викендов во Германија и општо на цела фудбалска меѓународна сцена е потегот на Серж Гнабри. Вакви велемајстории можеби потипични за некои акробатски игри на тренинг, ретко на кој му успеваат во игра.

Фудбалска неинтелигенција 3.0

Некогаш на човек не му треба да оди во театар или кино, зошто најдобар циркус може да види на просечен фудбалски натпревар. Пазете сега ова, во 2. коло од новата сезона во фудбалското првенство на Узбекистан, клубот Аниџан со 5-1 го совладал Буњодкор. Во 34’ минута од првиот дел, гостинскиот фудбалер Исмоналиев повеќе во мајтап допира со нога домашен фудбалер. Соиграч на вториов го убедува да падне на земја и гостинскиот играч добива црвен картон при резултат 1-1.

Видовте ли Луиз Диаз што им направи на Вокер и Родри?

Ливерпул и Манчестер Сити одиграа 1:1, резултат со кој прв на табела изби Арсенал. Пратете го убаво сега тркот и дуелот на Луиз Диаз со Кајл Вокер и Родри. Едниот ќе заврши на земја, другиот ќе го загуби компасот. Ги изеде.

Туку брат му на Белингем каков еврогол даде

Во дуелот меѓу двата клуба од Чемпионшип кој често играа и во Премиер лига, Саутемптон со 4-2 го совлада Сандерленд. Гостите во 71-ва минута имаа 2-2 кога брат му на големата суперѕвезда на Реал Мадрид Белингем, Џоби Белингем (18) постигна прекрасен гол во стилот на постариот Џуд.

Сон Мин - градска чистота

Астон Вила - Тотенхем 0:4. Вила Парк ниту е негов стадион, ниту му е спалната соба од дома, вецето или кујната. Азиска култура е тоа, нешто несфатливо за Европа.

Првпат во фудбалот - судија на цел стадион му ја објасни ВАР одлуката

Португалскиот фудбал стана прв во историјата во кој главен арбитар на меч гласно ја објасни својата одлука по гледање ВАР. Објаснувањето на судијата Фаабио Верисимо на мечот Рио Аве - Брага  (0:0) во 25. коло од португалската Примеира е историско во европскиот фудбал.

Го имаме ли голот на сезоната во Серија А?

Џенова и Монца одиграа ефикасен натпревар кој заврши 2:3, а мајсторлукот каков што би го посакал секој играч на планетава барем еднаш во кариерата, го има Дани Мота. Спектакуларна акробација за сите пари.

Барди со волеј од 20 метри го измами голманот

Три кола откако славеше против Хатајспор, капитенот на Македонија одново е стрелец за Трабзонспор кој по 75 минути игра водеше со 4:1 против Фатих Карагумрук. Барди го израмни резултат во првиот дел со волеј, ама и многу среќа.

Ваков аут не се гледа често

Дваесет и две годишниот ирански фудбалер Фардин Рабет кој игра во полскиот третолигаш Олимпија Грудзаж, фрла аут на неверојатен начин.

Меси за малку избегнал сериозна повреда

Со голови на Меси и Суарез, Интер Мајами избегнал пораз од Нешвил кој водел 2-0 во таканаречениот Куп на шампиони. А Лионел избегнал и незгодна повреда откако еден одбранбен играч на Нешвил, Лукас Мекнотон крајно несмасно се обидел да исфрли една топка и опасно го нагази Меси со цело стопало.

Само Клоп знае вака да одговори на прес

Цар број 1 за прес конференции е Јирген Клоп. Цар број 2 за прес конференции е Јирген Клоп. Цар број 3 за прес конференции е Јирген Клоп...Колку само ќе фали оваа харизма кога ќе замине летово од Ливерпул. Одиме со најновото од синоќа после мечот во Лига Европа кој го доби со 1:5 против Спарта Прага.

Какви голчишта распали Дарвин Нуњез!

Ливерпул продолжува да меле секого и секаде. Црвените играат во неверојатна форма а тоа го докажаа и на гостувањето кај Спарта Прага во првиот меч од 1/8 финале на Лига Европа каде славеа убедливо 1-5. Дарвин Нуњез постигна два неверојатни евроголови.

Бато вие на другиот гол напаѓате

Глазгов Ренџерс имаше одличен резултат од 1:2 на гоствуањето против Бенфика во ЛШ, ама сè до 68 минута кога се испостави дека дефанзивецот Конор Голдсон не е повеќе од нивна. Погледнете го царот колку само профи го изведе ова.