Фудбал

Обамејанг мајсторе ваков лоб не се гледа секој ден

Фаворитите растурија синоќа во Лига Европа и тоа ефикасно. Меѓу нив и Олимпик Марсеј кој со 4:0 го декласираше Виљареал во првото осминафинално соочување. Обамејанг постигна два гола и е прв стрелец сезонава во ова натпреварување со 9 комада. Потребни се добар нишан и голгетерско чувство за ваква мајсторија.

Меси распали од 20 метри, Суарез погоди во 95-та минута

Само 5 дена откако го торпедираа Орландо со 5:0, како двојни стрелци, ветераните од Аргентина и Уругвај повторно стрелаа за Интер Мајами. Во Купот на шампионите, каде играат екипи од Северна и Централна Америка и Карибите, губеа 2:0 од Нешвил, но Меси во 52-ра и Суарез во 95-та го спасија тимот од пораз.

Пандев главен комичар во автобусот на Интер

Легендите на Интер синоќа го одиграа пријателскиот меч против легенди собрани од Грузија. Се појави снимка од автобусот каде се екипираат. На менито имаше пиво и смеење за кое беше задолжен наш Горан.

Пандев настапи со легендите на Интер, Фиго на 51 година приреди атракција со фелш

Грузија имаше чест да нагости дел од незапирливата банда на Мурињо која пред 14 години ја освои историската тројна круна, како и некои постари ѕвезди од рангот на Луис Фиго. Прв меч на Гоче 11 на 11 откако е во пензија.

Сите шанси на Опенда со Реал Мадрид

Реал Мадрид искусно и рутински го елиминираше РБ Лајпциг во двомечот од 1/8 финалето од Лига на шампиони. И по признание на Карло Анчелоти, екипата одиграла слабо за што и заслужени биле свирежите од трибините по крајот од мечот. А истиот меч долго ќе го памети 24-годишниот белгиски напаѓач Луис Опенда кој имаше неколку големи шанси да го совлада Лунин и да се прослави на „Сантијаго Бернабеу“.

Кои се најдобрите 11 на сите времиња според Чет Џи-пи-ти?

Компјутерската вештачка интелигенција одговори многу искусно на прашањето од насловот и извади страшно силен состав од кој страв да те фати. Е сега секогаш, на секоја тема ќе има коментари, а дел од нив на кои налетавме се зошто го немало вистинскиот Роналдо Назаиро, наместо Георгина Роналдо, потоа Рамос, Роберто Карлос, Роналдиљо, Иниеста, Чави.

Најбрзите рекордни голови во најдобрите европски лиги

Времето е вечен сопатник на големите моменти во спортот. Скоро сите повеќе ги паметат головите во последни секунди, а ретко кој се сеќава на стрелците на рекордно најбрзите погодоци во најдобрите лиги.

Каков фудбалски трик на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ веќе неколку дена е во Калифорнија каде интензивно се спрема за силниот турнир Индијан Велс. Најдобриот светски тенисер ужива во слободно време а сега заиграл и фудбал со колегите и пријателите.

Тактичката генијалност на Симоне Инзаги

Навивачите на Интер тврдат дека дури и во најславните денови на клубот, дури и кога освоија историска триплета и царуваа во Европа и светот, не играле вака добар фудбал како под Инзаги. И во право се. Екипата е на добар пат до шампионско скудето, а добро тераат и во Лига на шампиони каде ги чека реванш со Атлетико Мадрид каде ќе бранат 1 гол предност.

Фудбал во бразилска фавела

Од овие игралишта подоцна излегуваат или врвни мајстори на фудбалот или бандити. Трето ретко.

Пречката на Дани Олмо во 91-ва по која цел Лајпциг се држеше за глава

Лајпциг одигра две многу квалитетни осминафинални битки против Реал Мадрид и малку фалеше да го изненади кралскиот клуб со елиминација. Синоќа имаа вкупно 19 удари од кои 4 во рамки на гол, а во финишот од средбата Олмо имаше зрела шанса да го одведе мечот во продолженија.

Му фали малку мозок на Винисиус а?

Винисиус Жуниор е станат тежок кавгаџија и силеџија на редова основа и за однесувањето треба да учи од ликови како Крос и Модриќ. Од злато играч за решавање натпревари се прикажува како недозреан, но и иритантен. Заспаа во ВАР, за ова се дава црвен.

Балотели ептен созреал, петарда им рокна во соблекувална

Смени 11 клубови, заигра во 5 земји, наполи 33 години и веќе 17 години како му трае сениорската кариера и пак џабе. После меч со Адана Демирспор во Турција, се однесуваше како да е на ексурзија во шесто одделение.

Елмас џентлменски му честиташе на Анчелоти

И покрај тоа што соработуваа само четири месеци во Наполи, на стартот од сезоната 2019/2020 до месец декември, Елиф Елмас по последниот свиреж веднаш му пријде на својот поранешен тренер и го испочитува со топла прегратка. Лајпциг се соочи со елиминација и одигра 1:1 на реванш осминафиналето од ЛШ кое го одигра многу машки на гостувањето против 14 кратниот европски првак.

Заврши сезоната за Елмас во ЛШ, Реал неубедливо и со многу среќа до четвртфинале

Реал Мадрид и Манчестер Сити им се придружија на Баерн и ПСЖ во топ 8 фазата од Лига на шампиони. Актуелниот шампион на Европа рутински го доби Копенхаген со ист резултат како на првиот дуел. Лајпциг одигра одлична партија на Бернабеу со 19 шутеви од кои 4 во рамки на гол, наспроти 12 со 3 на кралевите, но успеа да извлече само 1:1, недоволни за пласман понатаму. Елмас влезе во 85-та.

Вардар го изненади Работнички со необичен гол директно од корнер

Фудбалерите на Вардар стигнаа до многу важни 3 бода во борбата за опстанок. На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари го совладаа градскиот ривал Работнички. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Дарко Глишиќ кој со едно безопасно нафрлување од корнер, го совлада голманот Алексовски кој остана збунет.

Врвен документарец на Нетфликс за Сити

Од 2-ри април ќе биде достапен на Нетфликс најновиот документарец за историската тројна круна на Манчестер Сити кој освои Лига на шампиони, Премиер лгига и ФА Куп минатата сезона. Во документарецот ќе се видат досега необјавени архивски снимки од Сити.

Шансата на Имобиле која ќе го сменеше мечот во Минхен

Во скоро цело прво полувреме Лацио добро го бранеше минималното водство од првиот дуел во Рим, а во 37 минута пред да ги прими двата гола, имаа и голема шанса по која ќе беше многу понеизвесно и повозбудливо ако ја реализираа. Ја промаши Чиро Имобиле, најдобриот стрелец во историјата на клубот со 206 гола, кој оваа сезона игра под нивото. 

Мбапе буквално ја искина мрежата на Сосиедад

Со два погодоци на Килијан Мбапе, ПСЖ и во реваншот од 1/8 финале го совлада Реал Сосиедад, со 1:2 и заслужено со вкупен резултат 4:1 оди во четвртфинале.

Баерн е Баерн, ПСЖ рутински во четвртфинале

Дури и во ситуација кога сите го прежалија во Бундеслига каде Баер Леверкузен му избега 10 бода, Баерн Минхен се крена и во Лига на шампиони апсолутно заслужено оди во четвртфинале. 12-то во последните 13 сезони за Баварците кои го совладаа Лацио убедливо со 3:0 и лесно ја надоместија негативата од првиот меч.

Кога во Данска паднал гол без топката да падне на земја

Мортен Нордстранд е поранешен дански фудбалер кој играл ѕа Лингби, Нордсјеланд, Копенхаген, Гронинген, АФГ и други. Тој е стрелец на еден од најдобрите голови во историјата на данската фудбалска лига.

Интер и Баер Леверкузен да го ладат ли шампањското?

Вака така за два и кусур месеци завршува клупскиот фудбал по кој ќе се префрлиме на репрезентативен во Германија. Ај да не честитаме пред време по луѓе, ама две, па и три од вкупно топ 5 лиги во Европа се скоро решени.

Кои се најдолговечни тренери во англискиот фудбал?

После поразот во саботата од Рексам (4-0), управата на четвртолигашот Акрингтон Стенли решила да го отпушти Џон Коулман кој го водел тимот цели 9 години и 169 дена.