Фудбал

Јаневски и официјално нов фудбалски селектор

По две неуспешни кандидатури, Чедомир Јаневски е 11-от селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Тој ќе ја има тешката задача да го предводи националниот тим во квалификациите за Светското првенство во 2014-та и да го подобри угледот по мизерниот пласман на ФИФА ранг листата.

Млад Меси - Стар Меси

Одлична видео компилација со неверојатните дриблинзи и голови на Меси во младоста и денес.

И девојчињата знаат да играат фудбал

Во моментов се одржува Светско првенство за фудбалерки до 20 години, каде на натпреварот помеѓу Бразил и Италија беа постигнати голови на кои можат да им позавидат и нивните колеги од машките сениорски репрезентации.

Виља ќе биде казнет за посветениот гол

Уште една жртва на правилата на модерниот фудбал. Давид Виља ќе биде казнет парично заради маичката со која го посвети голот на својата сопруга и ќерките.

Пеле: Не ме знаат само на месечината

Бразилската фудбалска легенда повторно сака да е во центарот на вниманието. По кој знае кој пат си се испофали, а не ја пропушти шансата и да го искритикува Марадона, но и Лионел Меси.

Кутрата репортерка

Спортските новинари имале лесна работа? А што да каже Џесика Кастроп од германскиот Скај Спорт?

Извини комшија

Неверојатна снимка од еден нисколигашки фудбалски натпревар. Штета што го немаме целосното видео па да видиме дали чичкото им се симна доле и им го дупна фудбалот како што ни правеа нас во маало кога ќе направевме нешто вакво.

Инзаги: Мурињо ме убеди да се откажам

Една од легендите на италијанскиот фудбал, Филипо Инзаги замина во пензија и ја започна тренерската кариера предводејќи еден од јуниорските тимови на Милан. Пипо откри дека најзаслужен за неговото пензионирање е Жозе Мурињо.

Топлес на стадион

За жал не онаков каков што сакаме да видиме, туку оној понеубавиот топлес. Навивач на Саутемптон стана ѕвезда на интернет со неговата прослава по голот против Манчестер Јунајтед.

Мини-Балотели

Прославата на Балотели по голот против Германија на ЕУРО 2012 веќе стана легендарна и многу фудбалери низ светот се обидоа да го имитираат, но овој 5-годишник не само што го прослави голот во тој стил, туку тој и го постигна голот во стилот на Марио Балотели.

 

Не е само ФФМ. И Јунајтед греши

Си мислевме дека тоа може само во Македонија да се случи кога пред неколку години ФФМ им штапаше дресови со печатна грешка на ГрозданоВски и НаумоВски, но ете тоа им се случи и на Манчестер Јунајтед.

Платите во Премиер лига се покачиле за 1508%

Додека платите на обичните работници Британци во последните 20 години се покачиле за 186%, од формирањето на англиската Премиер лига во 1992-та година па до денес, примањата на фудбалерите се зголемиле за 1508 проценти.

УЕФА го суспендира Работнички

И покрај тоа што пред само два дена некој се обиде да ја пласира информацијата дека УЕФА ќе му прогледа низ прсти на Работнички, тоа се покажа како невистина. ФК Работнички сепак заработи суспензија од европските натпреварувања.

Ниту Ван Перси не му помогна на Манчестер Јунајтед

Своето деби за Манчестер Јунајтед го имаа новите засилувања Робин ван Перси и Шинџи Кагава, но тие овој натпревар нема да го паметат по добро. Манчестер Јунајтед загуби на гостувањето кај Евертон во првото коло од англиската Премиер лига.

Барса убедливо, Реал киксна на стартот

Во првото коло од шпанската Примера, неубедливиот актуелен шампион не успеа да ја совлада Валенсија, Барселона убедливо славеше против Реал Сосиедад, а Билбао и Бетис одиграа со неверојатни 3:5.

Победнички старт за шампионите

Европскиот и англискиот шампион стартуваа со победи во Премиер лигата. Челси предводени од новото засилување Еден Азар триумфираше на гостувањето кај Виган, а новиот Премиер-лигаш Саутемптон не успеа до крај да издржи против Манчестер Сити.

Кој прдна на клупата на Ливерпул?

Освен што се мачеа на теренот против ВБА, фудбалерите на Ливерпул се мачеа и да земат воздух на клупата за резервни фудбалери.

„Петарди“ и изненадувања на стартот на Премиер лигата

Ако утрото по денот се познава, тогаш ни претстои многу интересна сезона во Премиер лигата полна со голови и изненадувања. Два натпревари завршија со 5:0, Њукасл го победи Тотенхем, Арсенал освои само бод, а Ливерпул си продолжи со слабите резултати.

Голови на неделата

Уживајте во изборот од најдобрите 10 голови од целиот свет за изминатите 7 дена, меѓу кои се мајсториите на Нејмар, Карлос Тевез и Едуардо да Силва.

Премиер-лигашите потрошија најмногу на трансфери

Се ближи крајот на трансфер периодот во кој според имињата на фудбалерите и сумите потрошени на нив, најактивни биле Англичаните. Шпанските клубови пак потрошиле помалку и од руските и турските прволигаши.

Ова болеше

Израелскиот голман Дуду Ават и Унгарецот Адам Салаи имаа страшен судар за време на пријателскиот натпревар помеѓу нивните две репрезентации, но за среќа и двајцата поминаа без повреди.

Навивачки земјотрес

Навивачите на аргентинскиот фудбалски клуб Бока Џуниорс при прослава на гол и тоа на неутрален терен предизвикуваат земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер.

Тетовирана љубов кон клуб

Навивачите ја докажуваат својата љубов кон омилениот клуб на многу начини, а овој навивач на Ливерпул ја докажа преку една од најдобрите фудбалски тетоважи.

Слабата репрезентација му го расипа трансферот на Попов

Малку фалеше Македонија повторно да има фудбалер во Премиер лигата, но преминот на Горан Попов во Стоук Сити пропадна откако тој не доби работна дозвола заради мизерниот пласман на македонската репрезентација на ФИФА ранг листата.