Фудбал

Претседателот си го отпушти братот

Претседателот на фудбалскиот клуб Чезена од италијанската Серија Б по само три кола го отпушти тренерот - негов брат.

Кој го изгреба ЦД-то?

Фудбалерите на Андора се аматери, ама најверојатно аматер е и нивниот диџеј. Химната на Унгарија дури и супер испадна во однос на химната на Андора.

Покажи колку се разбираш во фудбал

Се ближи почетокот на Лигата на шампиони. Екипите ги имаат последните подготовки, составите на тимовите се веќе познати, па време е вие да покажете како се снаоѓате во улогата на фудбалски менаџери.

Голмански гол со ножички

Ваков гол сигурно до сега не сте виделе. Голманот Јакоб Колер од данскиот третолигаш Фрем го спаси својот тим од пораз против Биркерод со гол во последни секунди и тоа со ножички.

Голови на неделата

За жал овој викенд во изборот за 10-те најдобри голови од изминатата недела TVGOLO направи превид и не го вклучи голот на Христијан Кировски, па затоа ние ќе го прогласиме голот на нашиот интернационалец во израелското првенство за гол на неделата.

Македонија на сите ќе им го загорчи животот

Македонија загуби од Хрватска, но на теренот не се виде голема разлика помеѓу 9-та и 97-та репрезентација на ФИФА ранг листата, а тоа го признаа и самите хрватски фудбалери кои на моменти беа надиграни.

Храбра игра и несреќен пораз во Хрватска

Македонските фудбалски фанови со мерак изгледаа едно полувреме од натпревар на националниот тим, но за неискористените шанси следеше казна во вториот дел и репрезентацијата на Хрватска минимално славеше на првиот натпревар од квалификациите за Светското првенство во 2014-та година.

Роналдо е генерал, а Меси волшебник

Прашањето во врска со вечната дилема за тоа кој е подобар, Меси или Роналдо, му беше поставено и на претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, а тој даде дипломатски одговор.

Глума во стилот на Раванели

Хироки Кавано од ФК Токио успеа да го измами судијата и изнуди пенал со глума во стилот на Фабрицио Раванели.

Ривалдо како Ривалдо

Ривалдо, фудбалерот на Спорт Ресифе на натпреварот против Палмеирас постигна „голчиште“ во стилот на својот попознат имењак.

 

Нови квалификации за нов почеток на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на стадионот Максимир во Загреб против репрезентацијата на Хрватска започнува нов квалификациски циклус. Со нов селектор и мотивирани фудбалери, одиме на враќање на вербата во националниот тим и вадење од калта на македонскиот фудбал.

Како да се победи Челси

Атлетико Мадрид целосно го надигра европскиот шампион и го совлада со 4:1 во Суперкуп натпреварот, со што тренерот Диего Симеоне со право може да дели лекции за тоа како да се победи Челси.

Статива, глава, гол

Според начинот на кој детево се справи со топката, ова може да е Пепе Реина во млади денови.

Спонзорот на УЕФА прв ќе го прекрши нивниот закон

Со купувањето на Хулк и Витсел, екипата на Зенит е на добар пат да ги прекрши правилата на УЕФА за финансиски фер плеј, но тоа воопшто нема да претставува проблем затоа што овие трансфери беа финансирани од Газпром, компанијата која неодамна стана спонзор и на УЕФА.

Надувај ги, па победи ги

Кога фудбалерите одат на гостувања на некои стадиони се плашат од домашните хулигани, некаде проблем е климата, но најверојатно во Јамајка сите уживаат.

Кунг-фу гол

Томас Де Винсенти од грчкиот клуб Пас Јанина на натпреварот против Панатинаикос постигна луд гол со кунг-фу удар.

Хрватите не сакаат да ја гледаат Македонија

Невидено слаб интерес во Хрватска за натпреварот против Македонија. Заради високата цена и неатрактивноста на нашата репрезентација, до сега се продадени само 1.500 влезници.

Mакедонија се врати во Топ 100

По пауза од три месеци се вративме помеѓу најдобрите 100 репрезентации на ФИФА ранг листата. Фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше за пет позиции и сега се наоѓа на 97-то место.

Болт ќе игра за Манчестер Јунајтед

Се исполни желбата на Усеин Болт. Сер Алекс Фергусон ќе го вклучи спринтерот во тимот на Манчестер Јунајтед и тоа за натпревар против Реал Мадрид.

Мајстори за трансфери

Фудбалскиот клуб Порто навистина знае како да работи на трансфер пазарот. Во последните 10 години тие заработиле 472 милиони евра само од продавање на фудбалери.

Навивачи избркаа фудбалер од клубот

Кевин Пецони доби дозвола од Келн да го напушти клубот откако пред неколку месеци навивачите му го скршија носот, а минатата недела добил нови закани дека ќе биде претепан.

Роналдо е тажен или само сака повеќе пари?

Изјавата на Кристијано Роналдо дека тој не е среќен во Реал Мадрид веќе втор ден е топ вест на сите медиуми. Но која е причината за тагата на најголемата „примадона" во спортот?

Борусија Дортмунд остварува рекордни приходи

Додека фудбалските клубови од Шпанија, Италија и Англија се дават во долгови, германскиот шампион Борусија Дортмунд објави дека минатата сезона оствариле приход од рекордни 215 милиони евра.