„Топџиите" како прв премиерлигашки клуб кој го посетил Виетнам направиле грешка во промотивното видео при што ги возменириле во Фудбалската федерација на оваа земја.
Клубот кој постои само две децении и за кој почна да се пишува поради Самуел Ето е дел од не баш прочуената руска република Дагестан во која владее сиромаштија и каде се пука. Рускиот милијардер се расфрла со пари во земја каде просечната месечна плата е 183 евра.
Веќе кога 20 години мака мачиме со мизерниот домашен фудбал, предлагаме натпреварите од македонската да се играат на овој начин со што ќе добиеме поатрактивно првенство и полни стадиони.
Демонстрациите во Бразил се доказ дека организацијата на првенство е преголем товар за една држава, па УЕФА ја советуваше ФИФА да го следи нивниот пример со ЕУРО 2020 и да ги организира Светските првенства во повеќе земји.
Најдобриот фудбалер на светот иако периодов ќе мора да се соочи со судски процес поради неплаќање данок во Шпанија, сепак најде време да замине во Африка во хумана акција.
Поругалија и Јужна Кореја одиграа интересен натпревар кој заврши со 2:2 на Светското првенство за фудбалери до 20 години, а во центарот на вниманието беше Риу Сеунг-Ву со овој прекрасен погодок.
Името Моџи повторно поврзано со скандал. Овој пат големиата афера во италијанскиот фудбал заради која полицијата направи рација во 41 италијански клуб е поврзан со Алесандро Моџи, синот на поранешниот прв човек на Јувентус.
Уефа ја држи македонската спортска јавност во неизвеснот. На вчерашната ждрепка во Нион, македонскиот фудбалски шампион Вардар за противник во второто квалификациско коло од ЛШ го доби шампионот на Романија, Стеауа Букурешт, а истиот ден ромаските медиуми објавија Европската куќа на фудбалот ќе го суспендира тимот каде што настапува нашиот Даниел Георгиевски.
Европскиот шампион вчера и официјално го претстави Пеп Гвардиола кој ќе го наследи Јуп Хејнкес на кормилото на Баерн Минхен. Тој пред себе има огромен предизвик со фудбалерите кои изминатава сезона ја завршија со тројна круна. Новата ера на Баварците ја анализира менторот на Гвардиола, Мануел Лило.
52 годишниот Американец, Скот Вон Хејт кој му го сруши сонот на најголемиот авантурист Ричард Свонсон кој со дриблање сакаше да патува една година за да го гледа Мундијалот во Бразил ќе му се суди за убиство.
Финалната пресметка на турнир помеѓу екипите на Атлетико Мадрид и Барселона од младинските категории по регуларните 0:0 мораше да се одлучи на пенали. 14 годишниот Инаки Пена е дефинитивно јунак на мечот со дури 6 одбрани во пенал рулетот. Уште пофасцинантно е што беше и стрелец на последниот гол, а потоа му го одбрани шутот на голманот на Атлетико.
Профитот на англиските клубови се однесува за период од 5 години, а тоа е и показател колку врвни играчи биле продадени од островот. Секако во оваа енормно голема заработувачка се наоѓа рекордниот трансфер на Кристијано Роналдо во Кралскиот тим.
Ривалството во фудбалот понекогаш знае да донесе чудни и непишани правила кои мора да се почитуваат. Во непријатна ситуација се нашле градежниците кои го градат новиот тренинг центар на Манчестер Сити, затоа што наместо сини, тие носеле дресови на „Црвените Ѓаволи".
Често пати гледаме како тренерите добиваат црвени картони и потоа натпреварите ги гледаат од трибините, но тоа се случува кога ќе претераат со приговор. Роландо Чилаверт од Перу се вмеша онаку каде што не му е местото, на теренот.
НБА ѕвездата на Далас Маверикс и голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер организаираа хуманитарен натпревар. Дирк Новицки јасно е дека не знае да одглуми пенал во фудбал, па судијата најверојатно му го подари чисто поради забава.
Актуелниот македонски шампион по денешната ждрепка во Нион ќе треба да се соочи со можеби најтешкиот противник во второто коло од квалификациите во најсилното клупско европско натпреварување.
Примија 24 гола на три меча. Нивните противници рушеа рекорди против нив. Се радуваа на единствениот погодок против Нигерија како да обезбедија финале, но и покрај се си заминуваат задоволни затоа што нивната победа е освојувањето на срцата на сите љубители на фудбалот.
Репрезентативката на Норвешка, Елиза Торнес се истакна на Твитер како никој до сега. Повредата во долниот предел од стомакот си ја излечи со мраз, а интимниот чин без срам и перде си го сподели со фановите.
По шест примени гола од Нигерија и десет од Шпанија јасно беше дека аматерите од Тахити многу пати ќе ја вадат топката од својот гол и на третиот натпревар. Рутиниран триумф забележа и светскиот и европски шампион Шпанија со 3:0 над селекцијата на Нигерија.
Протестите во Бразил не престануваат веќе две недели, а анкетите покажуваат дека дури три четвртини од населението ги поддржуваат. Откако легендарниот Пеле порача да се заборават и да се мисли повеќе на фудбалот, му се нафрлија по социјалните мрежи.
Еден од најдобрите италијански напаѓачи на сите времиња, Роберто Баџо беше клучната фигура на „Аѕурите“ кои стигнаа до финалето на Мундијалот во САД 1994. Но Бразилците засекогаш ќе му бидат благодарни за промашениот пенал по кој „Кариоките“ се радуваа на пехарот.
Во доста ефикасен и возбудлив натпревар на големите фудбалски сили Бразил со фантастични 4:2 славеше против Италија. Второто полувреме беше празник за очи во кое паднаа 5 погодоци, а ремек дело ни приреди Нејмар со извонреден гол од слободен удар.
Корупциски скандал "го здрма" Камерун откако долгогодишниот прв човек на Фудбалската федерација, Мохамед Ија четвртата победа на изборите не успеа да ја круниса со фотеља. И покрај убедливиот триумф над другите кандидати тој ќе оди зад решетки.