Фудбал

Англиски клуб исфрлен од лига за долг од илјада денари

Фудбалскиот клуб Тарок е исфрлен од англиската седма лига за неплатена казна на фудбалер во висина од само 16 фунти, долг кој играчот не стигнал да го подмири затоа што бил во затвор.

Сидорф не престанува да воодушевува

Мајстор си е мајстор. Кларенс Сидорф и на 37 години дава голови како во најдобрите денови. Овој пат му ја искина мрежата на поранешниот соиграч Дида.

Кој е Иљараменди?

39 милиони евра е голема сума за еден фудбалер на Реал Сосиедад. Кој е Асиер Иљараменди, новото засилување на Реал Мадрид кој на 23 години се уште нема настап за репрезентацијата на Шпанија, а нема ни дадено гол во својата сениорска кариера.

Обамејанг е побрз и од Усеин Болт

Новото засилување на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг не трошеше време за да ги импресионира своите работодавци со спринт побрз и од Усеин Болт.

Њујорк Космос по втор пат му ја прави истата чест на Пеле

Новоформираниот американски фудбалски клуб за кој настапуваа многу славни играчи, подзаборави дека во минатото го повлече дресот на легендарниот Бразилец и истото го прави по 36 години.

Пироманот ќе ги учи младинците на Баерн Минхен

Челниците на Баерн Минхен ќе им дадат погрешен пример на кој децата од нивните младински школи треба да се угледаат. Пироманот Брено преку ден ќе излегува од затвор за да биде тренер во нивната младинска школа.

Пасивните кинески фудбалери на часови по патриотизам

Строгиот комунистички режим во Кина не ги поштедува ниту фудбалерите кои го носат репрезентативниот дрес, па така неодамнешната "петарда" од селекцијата на Тајланд не значеше само отпуштање на селекторот, туку и посебен вид на казна за оние кои ги мрзело да трчаат.

Во ритамот на Ван Перси

Елеганција во движење се видеата со напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Робин Ван Перси кој прави што сака со топката. Неодамна им кршеше кичми на мали деца и сега повторно си направи да му биде забавно со топката.

Човекот што знае како се прават трансфери

Додека нашите клубови мака мачат да продадат некој фудбалер, а играчите едвај чекаат да избегаат од македонската лига, Динамо Загреб по заслуга на Здравко Мамиќ прави огромна заработка од своите трансфери.

Светско првенство во фудбал на кал

Шкотска беше домаќин на 20 екипи кои настапија на Светското првенство во каллив фудбал на терен кој наликува на нормалните фудбалски терени во Македонија по секој дожд.

Славната Маракана според законите на Маргарет Тачер

Ќе се менува ли традицијата на најпопуларниот стадион во светот? Официјалните лица на Маракана најавуваат драстични промени во однос на културата на навивање кои сигурно ќе претставуваат шок за бразилските навивачи кои живеат за фудбалот.

Сент Паули е првиот „геј-френдли“ фудбалски клуб

Германскиот второлигаш Сент Паули објави дека во идина на секој домашен натпревар покрај клупското знаме, ќе се вее и знамето со боите на виножитото поддржувајќи ги правата на хомосексуалците.

Лоб од 70 метри

Мартин Хинтерегер успеа да го лобува голманот Тимо Хилдебранд од 70 метри при победата на Салцбург на пријателскиот натпревар против Шалке со 3:1.

Навивачи спречувале трансфер со киднапирање на фудбалер

Навивачите на португалскиот клуб Спортинг Лисабон покажаа како НЕ треба да се постапува ако сакате да предомислите фудбалер од вашата омилена екипа да направи трансфер во Челси.

Од тинејџери победници до светска слава

Светското фудбалско првенство за играчи до 20 години кое се одржува во Турција стигна до финалето каде ќе се сретнат Франција и Уругвај. За многу играчи тоа е само знак и почеток на една голема кариера па затоа ќе ви ги претставиме младите шампиони кои потоа станаа славни имиња.

Иднината на Барселона

Со ваква младина, Барселона не треба да се грижи за својата иднина. Ова се најдобрите 20 голови за изминатата сезона постигнати од членовите на младите генерации на Барселона.

Смртни закани на Твитер само поради една грешка

Капитенот на Монтреал Импакт, Дејви Арнауд доби заканувачки пораки откако неговиот тим загуби на домашен терен од Колорадо Рапидс.

Голчиште од слободен удар

Фудбалерите на Ирак беа најголема сензација на Светското првенство за фудбалери до 20 години и за малку не успеаа да се пласираат во финалето. Тие загубија на пенали од Уругвај и покрај тоа што први поведоа и тоа со овој прекрасен гол од слободен удар на Али Аднан.

Офсајд лик на неделата: Мауридес

Титулата за оваа недела му ја одземаме на Денис Ердман и му ја доделуваме на Мауридес. Нашиот нов офсајд лик на неделата е младиот Бразилец кој го постигна првиот гол во професионалната кариера и притоа се повреди прославајќи го истиот.

Клубот на Анри ќе им плаќа на навивачите да не пцујат

Американскиот фудбалски клуб Њујорк Ред Булс чиј член е Тиери Анри ќе ги подмитува своите навивачи за да не ги навредуваат противничките фудбалери за време на натпревар.

Блатер призна дека СП 2022 не може да се игра во лето

Иако до тогаш треба да се организираат уште две светски првенства во Бразил и Русија, темата за тоа како ќе се игра фудбал во пеколните лета на 50 степени во Катар 2022 година не стивнува.

Златната вечера на Мартинс

Нигериецот Обафеми Мартинс кој од оваа сезона настапува за Сиетл има интересно хоби кое не сме го виделе од некој друг фудбалер. Дресовите од сите екипи за кои настапувал ги реди во златни столици.

Фудбалерите-циркузанти очекувано суспендирани

Четирите екипи од Нигерија кои заедно постигнаа 146 гола на 2 меча добија суспензија од Нигеријската фудбалска федерација на неопределено време.