Пандев на „Емирати“, Георгиевски домаќин на Челси

Нашите двајца претставници во Лигата на шампионите се пред два тешки испити во второто коло од најквалитетното клупско европско натпреварување против англиските гиганти Арсенал и Челси. Најголемо внимание привлекува дуелот помеѓу Венгер и Бенитез.

Најинтересните факти за дуелот Арсенал – Наполи:

-До сега овие две екипи не се сретнале ниту еднаш на меѓународните натпреварувања.

-Арсенал има успешен скор против италијанските екипи од 14 победи, 8 нерешени и 7 порази. Наполи до сега се сретнал само 6 пати против екипи од островот и има 2 победи, 2 нерешени 2 порази.

-За „Топџиите" ова е 16 по ред учество во Лигата на шампионите. Само Реал Мадрид со 17 и Манчестер Јунајтед со 18 имаат повеќе во низа.

-Освен поразот во првото коло од Премиер лигата против Астон Вила, фудбалерите на Арсенал ги победија сите останатие 9 средби на сите натпреварувања.

-Наполитанците фантастично ја стартуваа новата сезона во Лигата на шампионите со триумф над ланскиот финалист Борусија Дортмунд, а во одлична форма играат и во Серија А каде сезонава имаат 5 победи и едно реми.

-Рафа Бенитез беше тренер на Ливерпул кога оваа екипа го елиминираше Арсенал во четвртфиналето од ова натпреварување во сезоната 2007/2008. Но Бенитез во неговите 6 сезони како предводник на Ливерпул нема триумф на „ Емирати". Скорот во Лондон му е 3 нерешени и 5 порази.

-И покрај долгата листа на повредени играчи, тимот на Венгер има одличен старт сезонава. Поради повреда вечерва нема да настапат: Казорла, Волкот, Подолски, Чемберлен, Дијаби и Саного.

-Бенитез нема такви проблеми и единствено на располагање ќе го нема бекот Кристијан Маџо.

-Гонзало Игуаин вечерва ќе го одбележи својот јубилеен 50 настап во Лигата на шампионите, од кои 48 има со Реал Мадрид. Тој летово за малку ќе преминеше токму во редовите на Арсенал.

-Вечерва Озил на „Емирати" ќе се сретне со тројца негови довчерашни фудбалери од Реал Мадрид, Игуаин, Албиол и Калехон.

Група Е
Базел – Шалке
Стеауа Букурешт - Челси

Табела: Базел 3, Шалке 3, Челси 0, Стеауа 0

Група Ф
Арсенал – Наполи
Борусија Дортмунд – Олимпик Марсеј

Табела: Арсенал 3, Наполи 3, Борусија 0, Марсеј 0

Група Г
Зенит – Австрија Виена
Порто – Атлетико Мадрид

Табела: Атлетико 3, Порто 3, Зенит 0, Австрија 0

Група Х
Ајакс – Милан
Селтик – Барселона

Табела: Милан 3, Барселона 3, Ајакс 0, Селтик 0

1 октомври 2013 - 12:22