Аргентинската фудбалска асоцијација со поддршка од владата и властите од Буенос Аирес одлучи да им забрани на навивачите да патуваат на гостински натпревари, а одлуката за сега се однесува за натпреварите од аргентинската првенство која ќе трае до почетокот на идната година.
Фудбалот во Аргентина каде се поминати 9 кола од новата сезона е проследен со големо насилство и многу жртви и токму од тие причини АФА денеска ја соопшти забраната која се однесува на сите гостински навивачи.
Организираните навивачки групи кои се познати во Јужна Америка под името „барас бравас" имаат репутација на хулигани и заработуваат од дрога, уцени, како и разно разни продажби кои ги вршат на црниот пазар.
Минатата година тројца од нив со пиштоли му се заканувале на играч од Расинг, а тој потоа го напушти клубот. Навивачките групи бараат многу пари од играчите и челните луѓе на клубовите за да ја добијат за возврат нивната поддршка од трибините, а водачите на групите заработуваат по 20.000 фунти годишно.
Тие кои се однесуваат како хулигани имаат контрола и на улиците и заработуваат од паркинзите кои се наоѓаат во близина на стадионите.
Аргентинскиот фудбал бележи доста црни бројки во новиот милениум каде во последните 13 години има вкупно 70 жртви.