Фудбал

Дел Пјеро откри што е проблемот со италијанскиот фудбал

Легендарниот италијански фудбалер и волшебник на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро веќе некое време работи и како стручен коментар на натпреварите од Лига на шампиони. Водителката Кејт Абдо го праша што е работава со италијанските клубови, испаднаа од Лига на шампиони и се на праг од испаѓање речиси сите.

Луис Енрике најде ранец на прес-конференција: „Да не има бомба“?

ПСЖ вечерва игра реванш против Монако за пласман во осминафинале. Првиот натпревар го добија 2-3 на гости па сега им останува дома само да го заверат билетот за 1/8 финале. На прес пред овој натпревар шпанскиот тренер Луис Енрике нашол еден сокриен ранец зад бината па се пошегувал со асоцијација на бомба.

Го паметите ли Даглас Коста? Ене го игра во Кјево

Некогашниот врвен бразилски репрезентативец Даглас Коста блескаше во дресовите на Баерн Минхен, Јувентус, Гремио и Флуминенсе. Во јануари годинава потпишал договор со Кјево Верона во Серија Д (четврта лига во италијанската фудбалска пирамида). Има 35 години и ќе остане во Кјево да ја одржи формата пред да замине во богатиот Ал Итифак во ОАЕ.

A Интер против Бодо со Роналдо и Виери во напад?

Легендарниот тандем Виери - Роналдо се вклучи во живо од Меаца во студиото на Си-Би-Ес, а до нив беше и Дел Пјеро. Анри: Можеа вечерва да ве пуштат во напад. Виери: Стари сме веќе. Роналдо: Можеме да изиграме, ама само 5 минути. Баш му зборев на Бобо, погледни колку е голем теренот.

Норвешката шах - мат акција во 5 потези

Со Бодо Глимт нема играње сезонава. Веројатно многумина ги отпишаа и ги потценија дека можат да направат нешто во првата фаза од деби сезоната во ЛШ. Но тие не само што ја поминаа, туку и го елиминираа и фаворитот Интер во плејофот и сега се во топ 16. Погледнете го вториот гол. Ги решија фудбалски со четири додавања, а потоа прием и гол. Кај нив колективот е пред индивидуалноста.

Интер доби нова шлаканица, бајката Бодо Глимт продолжува

Сензацијата за сезоната 2025/2026 во Лига на шампиони се вика Бодо Глимт кој испиша нова историја со пласман во осминафинале. Норвешкиот првак кој доаѓа од градче со нешто над 40.000 жители го посрамоти Интер со втор триумф, овој на Меаца со конечни 1:2. Втора победа бележи и Њукасл над Карабах, а во во 16 одат и Баер и Атлетико.

ФИФА има ново правило за повредени играчи

Играчите кои ќе добијат третман од докторите и физиотерапевтите на терен, би можеле во иднина да мораат да останат надвор од теренот уште една минута, планира ФИФА во новото правило кое треба да се изгласа за некој ден.

Конфузна сцена во Турција со две топки

Фенербахче и Касимпаша одиграа натпревар со драматична завршница кој заврши 1:1. Головите паднаа во 95-та и 101-ва минута. Ама пазете го моментов со две топки. Едната тргна да излегува ама имаше ефе и се врати во игра. За тоа време играч на Фенербахче изведе аут со друга топка. Судијата сепак ја призна првата.

Што ќе каже Роналдињо на ова?

Деон Хото од Намибија, кој игра за јужноафриканскиот клуб Орландо Пајратс извади посебен потег во игра еден на еден. Ова е друга димензија на дриблање. Лудница.

Топ во трета шпанска лига

Понтеведра и Луго одиграа 1-1 во 25. коло од шпанската трета лига а голем бод за гостите кои играа со играч помалку донесе 30-годишниот Аргентинец Николас Рениеро со топовски удар по средина од голот.

Асенсио со мајсторија во 95-та го фрли во транс цел стадион и пак не победија

Турска понеделничка драма во 23. коло во режија на Фенербахче и Касимпаша. Големиот фаворит одигра само 1:1 против гостинот кој се бори за опстанок и испушти шанса да се израмни со Галатасарај кој е прв на +2 бода. Марко Асенсио реагираше фантастично на волеј во 95-та минута, за израмнувањето стигна дури во 101-ва минута.

Голот на Шешко снимен од гостинска трибина

Словенечкиот центарфор станува златен џокер на Манчестер Јунајтед кој игра како препороден со новиот привремен тренер Мајкл Карик. Синоќа го совладаа Евертон на гости 0-1 а џокер како и против Фулам пред неколку дена беше Бенџамин Шешко.

Голман во Турција погоди галеб, па му правеа реанимација

Вештачката интелигенција (АИ) почна да ни ги буричка работите на интернет, па да се преиспитуваме. Ама ова е реална сцена и се случува во аматерски фудбал во Турција. Уште вакво нешто немавме видено на фудбалски натпревар. Изгледа го спасија.

Пенал каков што не се видел досега

Во Националната лига на Англија, петта лига во хиерархијата, на дуел меѓу Рочдејл и Скантроп кој завршил 1-1 се случил чуден настан. Рочдејл добил пенал, Емануел Дизерув тргнал да го изведе ама нешто се попишманил при залетот и се врати назад. Голманот си ја собра топката а судијата досуди дека играчот на Рочдејл играл со топката и свирна фаул за гостите.

Најјакиот гол со рака го има дадено Оливер Кан

Заборавете ја божјата рака на Марадона и сите други голови во фудбал постигнати со рака. Одиме во Бундеслигата, сезона 2000/2001. Баерн се обидува да се спаси од пораз од Ханза Рошток, ама очајно со помош на легендарниот Оливер Кан. Не паметиме некој друг голман да имал ваков обид и реализација. Па уште и се бунеа Куфур и Јанкер кај судијата за картонот. Комедии.

Еден од најсмешните жолти картони некогаш покажани

Марк Јозвијак, полски фудбалер, на времето како член на Легија Варшава доби смешен жолт картон. Дресот му беше толку извалкан со кал што бројката не се гледаше.

Од кај ја извади левицава бе дете?

Мечот Барселона - Леванте (3:0) ја изведи една од најјаките одбрани сезонава во Ла Лига, ама и еден од најјаките голови. Погледнете го проектилов на Фермин Лопез. Бомба.

Кадар на колото со Таре и Златан

После одличен прв дел од сезоната во кој се бркаа со градските ривали, а едно време беа и први, фудбалерите на Милан поткленаа и сега се на -10 од Интер. Врзаа низа на слаби резултати во 2026-та, како на пример четири меча со резултат 1:1. Синоќа загубија дома од Парма. Погледнете каков кадар фати снимателот.

Ненормален слободен удар на Штах од Лидс Јунајтед

Астон Вила и Лидс Јунајтед одиграа 1-1 и поделија по бод во 27. коло од Премиер лигата. Гостите први поведоа на „Вила Парк“ со страшен гол на повремениот германски репрезентативец Антон Штах кој игра во среден ред. Најубав гол на колото во ПЛ.

Одбрана на сезоната во Ла Лига, бетонирајте ја на најавни шпици

Барселона го совлада Леванте со 3:0 и пак е прва поради киксот на Реал. Погледнете го ремек делово на Метју Рајан, 33 годишен голман и капитен на Австралија со 101 настап. Страшна интервенција и тоа двојна.

Бразилец во Мексико поднесе кандидатура за Пушкаш наградата

Тигре водеше 1:0 против Пачука во мексиканското првенство. Гостите израмнија во 79-та минута, а за комплетен пресврт се погрижи Кенеди во 88 минута со спектакуларна завршница.

Славниот Роберто Розети гостин во Македонија на покана на ФФМ

„Безбедноста на играчите останува цел број 1 на УЕФА во судењето. Ќе продолжиме да бидеме строги. Фокусот секогаш е на заштита на играчите“, изјави шефот на УЕФА за судење, Роберто Розети.

Мајсторија на Трајковски од слободен удар

Македонските интернационалци се расположение за голови викендов. Стефан Ристовски и Агон Елези стрелаа во БиХ, Александар Трајковски во Хрватска. Локомотива Загреб го доби Осијек со 3:1, точка на мечот стави Трајковски со прекрасен гол во 83. минута.

Ристовски и Елези голгетерски во дресот на Сараево

Стефан Ристовски и Агон Елези стрелаа за Сараево во 22. коло од босанскиот фудбалски шампионат. Македонските интернационалци го решија Посушје во рок од 18 минути. Ристовски го отвори резултатот во 15-та, а Елези зголеми на 2:0 во 33 минута.