Пред неколку дена во оваа наша рубрика го сместивме белгискиот фудбалер на кој ако му згазиш на зглоб ќе ти нанесе уште поголема болка, но сега имаме некултурен играч од руското првенство кој плука по судии.
Младинските фудбалери на Престон и Норич одиграа неизвесен меч во третото коло од ФА Купот кој во регуларниот дел заврши 1:1. Но толку од неизвеснота, потоа следеше голеада од 8 минути во која паѓаа голови како круши.
Бразилецот Сандро е познат помеѓу навивачите на Тотенхем како „Ѕверот", а тој за себе тврди дека никогаш не плаче, па клупската телевизија се обиде да му пролее некоја солза на многу болен начин - депилација на неговите влакнести нозе.
Откако си направи свои гаќи, фармерки, маици, копачки... и сè што можеше да се направи под неговиот бренд, Кристијано Роналдо реши да стартува и своја социјална мрежа.
До почетокот на Светското првенство има уште 180 денови, но Чиленаците веќе почнаа да ги рекламираат натпреварите и да им се закануваат на противниците од групата Б во која се и Шпанија, Холандија и Австралија. Нивна прва мета е Холандија.
Реномираниот World Soccer по 31-ви пат ги додели признанијата за најдобрите во светот на фудбалот. Кристијано Роналдо ја доби наградата за најдобар фудбалер, а најмногу поени од Македонија отидоа за Меси.
По интересниот расплет со натпреварите од последното коло по групите од Лига Европа, познати се сите 32 патници во следната фаза од второто по ранг европско клупско натпреварување.
ФИФА организациски е целосно посветена на Мундијалот во Бразил, но нека фрли око и кон помалите лиги на кои очајно им треба воведување на технологија на гол линијата. Топкава немаше абер да влезе, но за судијата тоа беше чист гол.
Откако ги дознавме најдобрите 16 екипи кои ќе продолжат со осминафиналните битки од Лигата на шампионите, вечерва ќе ја имаме конечната разврска и во второто по ранг клупско европско натпреварување.
Меси, Роналдо, Роналдињо, Нејмар, Чави, Иниеста, Озил, Кака... си ги дриблаат противниците како мали дечиња, но некогаш и тие знаат да бидат „пратени по бурек". Компилација од најдобрите понижувања на фудбалски ѕвезди од ѕвезди.
Мануел Пелегрини беше критикуван затоа што не знаел дека на неговиот тим му недостига уште еден гол за првата позиција во групата, но ова не е прв пат Манчестер Сити да прави слични грешки. Во 1996-та година тие дури и испаднаа од Премиер лигата заради погрешна математика.
За прв пат во историјата на Лигата на шампиони, сите четири германски екипи се изборија за пласман во следната фаза, а помеѓу 16-те најдобри во Европа има само еден тим од Италија.
Борусија Дортмунд се намачи против Олимпик Марсеј и се провлече дури на три минути пред крајот, а работата можеше да биде многу поедноставна и завршена многу порано ако Роберт Левандовски не се посрамотеше на овој начин.
Наполи и Горан Пандев беа на чекор до пласман во следната фаза, но Борусија Дортмунд се провлече во самиот финиш. Милан е единствен преживеан италијански тим во осмина-финалето, а таму се пласираа и Шалке, Арсенал и Зенит.
Исто како и на првиот натпревар во Романија, македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски и на дуелот со Челси во Лондон му помогна на противникот да дојде до водство.
Мароко ќе ја има честа да ги нагости најдобрите шест клубови и освојувачи на клупските континентални натпреварувања кои ќе се соочат на 10-то издание на Светското клупско фудбалско првенство. Улогата на фаворит ја имаат фудбалерите на Пеп Гвардиола.
Фудбалерите на Јувентус и Галатасарај синоќа не можеа да играат на раат фудбал поради снег и мораа денеска да го доигруваат мечот на терен кој личеше на нива. Но што да се каже за овој натпревар во Италија кој и по 60 години се уште остана нејасно зошто е прекинат.
Екипата на Галатасарај го елиминираше Јувентус и патува во следната фаза од Лигата на шампиони откако славеше минимална победа на натпреварот кој се играше два дена.
Групата на смртта ќе добие разврска онака како што очекувавме, во последните 90 минути од групната фаза каде три големи екипи се борат за две места. Ништо не е решено и во останатите три групи каде вечерва ќе ги дознаеме и последните патници во топ 16 фаза.
Ова не е почеток на виц, туку само фото сторија од промотивната кампања на Националниот фудбалски музеј со (лоши) двојници на славните тренери кои ги изненадија посетителите на еден Божиќен панаѓур во Манчестер.
Англиските клубови се најзастапени на ТВ и нивните играчи се најдобро платени во Европа, а италијанскиот фудбал е втор на двете рангирања пред шпанското и германското првенство.
Олимпијакос и Баер Леверкузен се новите два патника во осминафиналната фаза од Лигата на шампионите, додека патникот во групата Б не го дознавме поради невремето на мечот помеѓу Галатасарај и Јувентус кој беше прекинат по половина час игра.