Минатиот викенд во првата руска лига важен дел за бодови во долниот дел од табелата одиграа екипите на Терек Грозни и Томск на кој домаќините триумфираа со 2:0.
Гостите покрај тоа што си заминаа поразени, за натпреварот во следното коло останаа и без двајца фудбалери кои добија исклучување. Она кое ние ви го издвојуваме е првото во 73 минута на Владимир Кисенков.
Тој направи прекршок за кој доби втор жолт картон, отиде да протестира кај судијата, но откако мораше да се помири дека треба порано да си замине под туш го плукна во лице.
Кисенков потоа го негираше случајот пред медиумите, а не се ни извини, но затоа Фудбалската федерација на Русија денеска "го почасти" со казна од шест кола.