Фудбал

„Ил капитано“ се е уште е клучна фигура во Рома

Иако има 37 години, Франческо Тоти и натаму е главната алка во играта на „Римската волчица" која и покрај тоа што не е лидер во Серија А ја игра својата историска сезона без ниту еден пораз. Без неговото присуство тимот бележи послаби резултати.

Само 0,67% Македонци одат на стадион

Знаеме дека стадионите ни се празни, но колку за утеха, имало и бетер од нас ако посетеноста на фудбалските натпревари се спореди со вкупното население.

Педро е најпрецизен голгетер во Европа

Луис Суарез и Диего Коста ги искинаа мрежите оваа сезона, но за тоа потрошиле и многу топки.

Касимпаша ќе растура додека Ердоган е на власт

Љубителите на фудбалот (или на кладилниците) сигурно се чудат како еден анонимен клуб како Касимпаша се најде на втората позиција во Турција. Тајната е во тоа што Касимпаша е омилен тим на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Катарина го мрази Порто!

Новогодишните празници се одлична можност за родителите да ги израдуваат, но и да ги истролаат своите деца. Катарина навива за Бенфика и од Дедо Мраз нарачала дрес од својот омилен тим, но нејзините родители решија малку да ја зезаат.

Новогодишните бомби Игуаин и Бенитез

Наполитанците важат за многу темпераментни навивачи, но и опасни. Пред два дена пишувавме дека ги ограбуваат играчите, а за празнициве ги користат нивните имиња за поуспешна продажба на пиротехника.

Пукна стативата?

Сигурно прочитавте или можеби го гледавте пресвртот на Манчестер Јунајтед на гостувањето против Хал, но голот на Вејн Руни не е потегот на мечот. Има нешто друго.

Народен клуб формиран од навивачи

Немаат канцеларии, а ниту спонзор на дресовите. Раководните луѓе се студенти, претседателот им е пожарникар, фудбалерите играат од ќејф, а имаат и верна навивачка група која раководи и ја бодри страствено екипата на секој меч.

Јужноамериканските утки во 2013-та

Голем дел од најдобрите голгетери доаѓаат или играат во Јужна Америка, но и тие знаат да се посрамотат. Ова се десетте најголеми јужноамерикански утки за изминатава година.

Голчиштата кои можеби ги пропуштивте

Во 2013-та година видовме многу добри голови во силните лиги, но уште поубави голови беа постигнати и во помалку познати лиги. Ова се најдобрите 10.

Некој трошел време и за ова

На интернет денес можат да се најдат секакви работи, па дури и фотомонтажи на познати девојки со очите на Месут Озил.

Нема одмор за Англичаните

Додека нивните колеги од останатите земји се уште не се отрезнети од божиќните прослави, фудбалерите од Велика Британија ќе си ги честитаат празниците на фудбалските терени и ќе одиграат 30 натпревари за само една недела.

Ливерпул против божиќната традиција

Традицијата од последните години вели дека оној тим кој е на првата позиција во Премиер лигата на Божиќ, таму и ќе остане на крајот од сезоната. Ова не важи за Ливерпул.

Се враќа фудбалот во Египет

Во денот кога нема ќорав фудбалски меч затоа што многу играчи денеска се на софра поради Божиќ, фина вест пристигна од Египет, каде пред скоро две години се случи една од најголемите трагедии во историјата на фудбалот.

Некои моменти од англискиот фудбал

Не се работи за рекапитулација на Премиер лигата за 2013 година, туку за различни ситуации, изјави и одлуки кои ги издвои Еуроспорт за изминатава година.

Се сеќавате на голиот?

Видеото е старо ама многу е пијано, а актер е еден навивач од трибините во пониските лиги во Англија кој со гол патлак никој не сакаше да го приведе.

Како Италијанците ја загубија доминацијата во Европа

Разликата помеѓу ЛШ и ЛЕ е огромна пред се во квалитетот, гледаноста, престижот и премиите. Но со недоволниот интерес за второто по ранг европско натпреварување клубовите губат поени кои одат на контото кај оние за кои претставува поголем предизвик.

Најлошите пенал утки

Најстрогата казна во фудбалот не секогаш е гаранција за гол. Дури и големи фудбалски имиња знаат да се посрамотат од белата точка.

Како јадат фудбалерите

Како би изгледало кога познатите играчи своите фудбалски вештини би ги примениле при јадење.

Божиќниот натпревар кој прекина војна

Фудбалската топка има огромна моќ. Најневеројатниот пример за тоа е чудесниот фудбалски натпревар на Божиќ во 1914-та година кој ги натера британските и германските војници да излезат од своите ровови.

Фудбалерите кои се презиваат Божиќ

Во очи на најголемиот христијански празник кој ќе го слават денес Католиците нема спорт, па Sky.it реши да ги собере на едно место сите спортски имиња кои во своето презиме го содржат зборот Natale што во превод значи Божиќ. Тука ги сместија и тие што се викаат Христо или Хезус.

 

Почетоците на Нејмар

Првите финти и голови на талентираното дете од Бразил кој уште како копиљ ги растурал своите врсници, па се до остварувањето на статусот ѕвезда во екипата на Сантос.

Фудбалерите на Наполи ги ограбуваат затоа што не одат на забави

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис 2013 година ја оцени како успешна за неговиот тим кој се засили со врвни имиња, заврши втор минатата сезона во Серија А и избори директен пласман во Лигата на шампионите. Но не е се така розево за Наполитанците.

Роналдо ќе ја освои Златната топка

Според бројот на јавно објавените гласови и дополнителна анкета спроведена од шпанска ТВ станица, наградата за најдобар фудбалер на годината ќе му припадне на Кристијано Роналдо.