21 годишниот Ентони Касерес на натпревар од австралиското првенство ни го покажа најпожртвуваниот потег во фудбалот. Со овој обратен лизгачки старт успеа да стигне прв до топката и за среќа да не изеде крампон во глава.
Жером Дуфург е француски бизнисмен и директор на фудбалскиот тим Таланта од Кенија. Во интервју за „serieaddicted“ тој отворено зборува како во Африка талентираните играчи за само 8 евра мито, вадат документи и “стануваат“ повозрасни за да се продадат во странство.
Серхио Бускетс, Ешли Јанг, Дидие Дрогба, Луис Суарез, Кристијано Роналдо, Герет Бејл, Алберто Џилардињо, Ривалдо... се дел од фудбалерите кои го имаат посетувано школото на најдобриот учител по фудбалска глума.
Фудбалерите се професионалци кои земаат огромни плати, но и покрај тоа што цел ден се дружат со топката, тие знаат и добро да се посрамотат со неа. Тоа му се случи на Дуду од Гремио на натпреварот против Крузеиро.
Иако на секој меч ќе слушаш како ти скандираат „судија педер“, оваа професија вреди да се работи, особено во италијанскиот фудбалски шампионат каде за неколку сезони може да се стане милионер.
Денот кога ние го славиме нашиот втор роденден, стана и историски ден во еволуцијата на фудбалските копачки. Во ист ден Адидас и Најк промовираа нов вид на копачки со чорапи.
Малку познатиот 31-годишен Португалец Едињо кој е на позајмица во турски Кајзери од Брага, го постигна четвртиот гол за неговата репрезентација при победата од 5:1 над Камерун, но она по што ќе остане запаметен не е неговиот погодок, туку еден друг потег.
Денешниот ден го одбележуваат два големи родендени. Off.net.mk денес слави втор роденден, а 112 години постоење прославува и Кралскиот фудбалски клуб од Мадрид.
Жозе Мурињо во интервју за магазинот Ескваер ги критикуваше денешните модерни фудбалери и се пожали дека пред натпреварите некои играчи на Реал Мадрид поминувале долго време пред огледало.
Македонската фудбалска репрезентација со победа над Летонија од 2:1 триумфално ги започна настапите во новата 2014 година. Деби победата на новиот селектор му ја донесоа Јован Костовски со гол во првиот и Агим Ибраими со погодок од белата точка во вториот дел.
Италијанската мода од секогаш била важна па дури и кога треба да се шијат дресовите за фудбалерите на италијанската репрезентација. За следниот Мундијал тие ќе добијат нешто специјално кое ќе ги опушта додека трчаат.
Во финалниот меч од Лига купот во Тајланд, фудбалерите на Утарадит загубија во пенал серијата со 4:3 од Сингтаруа, а најтешко ќе му биде на овој несреќник за кој нема утеха после ваков шут.
Поучени од лошото искуство од минатото, шпанската Примера ќе ги спречува младите играчи да ја напуштат земјата со спуштање на старосната граница за потпишување на договори.
Во жарот на големата 90 минутна борба во фудбалот тешко е истовремено да мислите и на целосно чиста игра без сторен прекршок. Некои се служат само со ситни фаули поради кои не влегуваат во бележникот на судијата, но тие се многу ретки.
На неделното градско дерби, едно од децата кое собира топки, најверојатно навивач на Атлетико, во 71 минута реши да си поигрува со ѕвездата позната по своето его.
Најголемите два спортски брендови ќе се рекламираат и во следните десет години на опремата на најголемите екипи од Серија А. Актуелниот италијански шампион од Најк ќе прави трансфер во Адидас, а Рома за прв во својата историја ќе се облекува во Најк.
И да навивате за четвртолигаш кој е на дното на табелата кој може да испадне еден ранг подолу, во Англија има мала утеха, а за тоа се погрижува тренерот.
На конгресот на УЕФА кој овој месец ќе се одржи во Казахстан, најверојатно ќе се разговара за укинување на меѓународните пријателски натпревари и за оформување на „Лига на нации" во која ќе играат 54 репрезентации поделени во лиги.