Фудбал

Албанецот кој ја забавува пола Европа со топка

На триковите кои ги прави може да позавидат Азар, Роналдо и Ибрахимовиќ. Фабијан Дуро веќе неколку месеци е на турнеа низ големите плоштади ширум континентот, каде покажува сè што научил во фристајлер кариерата, а се надеваме дека скоро ќе го видиме и кај нас.

Стоп на неодредено време за фудбалот во Алжир

По убиството на Камерунецот Алберт Ебосе, кое изминатиов викенд се случи во тамошното првенство, фудбалската федерација на Алжир доцна синоќа донела одлука да го суспендира шампионатот.

Против Шпанија без Бабунски, Попов, Георгиевски и Грнчаров

Македонскиот селектор го објави списокот за првиот квалификациски натпревар за ЕУРО 2016 против Шпанија кој го играме на „Местаља“ на 8. Септември.

Кога спортот не е само игра

Навивачкиот декор на трибините е составен дел од секој фудбалски натпревар. Но меѓу нив има и по некој идиот, како оној кој викендов усмрти камерунски фудбалер. Фудбалот за жал носи жртви и при опасни меѓусебни дуели на терен.

Кој го облекува Дани Алвеш?

Бекот на бразилската фудбалска репрезентација и на Барселона, Даниел Алвеш даваше изјава за клупската телевизија облечен како кловн. Ова не е прв пат Бразилецот да изведува „англиска кралица“.

Гранатиран стадионот на Шахтјор

Борбите меѓу про – руските и украинските формации не ги одминаа ниту спортските борилишта. Утринава сериозно е оштетена Донбас Арената во Доњецк.

Охридски пливачки маратон

Од спорт на тв за денес ви го препорачуваме 28. издание на охридскиот пливачки маратон од Св.Наум до Охрид и уште неколку првенствени фудбалски натпревари од кои дел ја стартуваат новата сезона.

Што треба да знаеме за новиот стопер на Манчестер Јунајтед?

По серијата неуспешни обиди, во прес центарот на  „Олд Трафорд“ конечно се случи промоција на нов играч. Со црвениот дрес се сликаше аргентинскиот лев бек, Маркос Рохо, кој по заминувањето на Фердинанд, Видиќ и Евра, ќе има голема одговорност пред Луи Ван Гал.

Како ќе реагира коментаторов ако го елиминираат Интер?

Фудбалерите на Стјарнан од Исланд имаат само теоретски шанси за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, бидејќи на првиот плеј-оф меч на домашен терен против Интер, загубија со 3:0. 

Баерн Минхен вреди 26 пати повеќе од дебитантот во Бундеслигата

Осум од топ 10 најскапите фудбалери во германското првенство се од актуелниот првак кој и оваа година е главен фаворит за освојувањето на титулата.

Кој нема среќа во фудбал, има во тапани

Повремениот англиски репрезентативец, Алекс Окслејд Чембрлејн поради повреда пропушти голем дел од сезоната лани, а не отпатува ниту на СП во Бразил. Сепак, ако не му оди во фудбалот, играчот за врска на Арсенал совршено добро знае што друго ќе работи.

И понатаму без фудбал во Израел

Израелските фудбалски тимови ги играат своите евро – натпревари, но ќе почекаат уште некое време додека ги одмерат силите и во домашниот шампионат.

Долгиот пат на затвореникот кој ќе дебитира во Бундес

Екипата на Пардеборн, која викендов ќе ја игра првата историска сезона во најелитното германско друштво, во својот состав го има талентираниот Турчин Сулејман Коч, поранешен осуденик кој учествувал во многу кражби.

Велкоски двоен асистент во поразот на Сараево

Tотенхем, Виљареал и Клуб Бриж ја оправдаа фаворитската улога во првото коло од плејофот за ЛЕ. Од нашите интернационалци, Муарем одигра 64' минути во ремито на Карабак против Твенте. Бесарт Абдухарими и Локерен славеа против Хал, а Адис Јаховиќ беше заменет на половина час пред крајот на дуелот со Солигорск (1-0). 

Лацио продал двојно помалку карти од Чезена

Во пресрет на новата сезона во Серија А, слабо се полни и касата на Милан кој има продадено помалку годишни влезници од Сампдорија. „Росонерите“ пред 10 години привлекоа три пати повеќе публика од сега.

Путин и Обама одбија, Мурињо прифати

Во стилот мечка страв мене не страв, Португалецот едвај ја издржа студената вода, после предизвикот кој го доби од Дидие Дрогба. Специјалниот ги номинираше Брајан Адамс, Џејмс Мекавој и ќерка му Матилде.

Како газдата на ПСЖ страда по Ди Марија

Фудбалерот на Реал Мадрид беше блиску до ПСЖ, но парите отидоа за Давид Луиз.

Сите мајмунлуци на Марио Балотели

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, по Милано, веројатно повторно ќе се врати на Островот. Милан и Ливерпул постигнаа договор за трансфер вреден 20 милиони евра, но се чека уште потврдно „да" од Балотели со што повторно би им отворил работа на таблоидите.

Четворица македонски интернационалци бркаат пласман во ЛЕ

Адис Јаховиќ, Крсте Велковски, Бесарт Абдурахими и Муарем Муарем се нашите претставници кои со своите клубови ќе се обидат да изборат пласман во групната фаза од второто по ранг клупско европско натпреварување.

Пол Гаскоњ ќе го поти алкохолот во аматерска лига

Легендарниот англиски фудбалер кој со години оди на терапии за да ги исчисти пороците, ќе ѝ се врати на првата љубов, фудбалската топка.

Тврдиот орев Атлетико Мадрид повторно се заканува

Минатата сезона фудбалска Европа доби уште една потврда дека не е се' во парите, а главен показател за тоа беше мадридскиот клуб Атлетико, кој со колективна игра и строг тренер ги собра симпатиите на неутралните навивачи. Сезонава Симеоне со малку изменет состав повторно ќе им пркоси на гигантите.

Те гризнал ли некогаш Луиз Суарез?

Поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер работи како стручен консултант на англискиот канал Скај и сигурно во студио му е полесно да одговара на прашањата, отколку на терен преполн со деца каде дели автограми.

Гостопримливи домаќини во Лигата на шампионите

Словенечкиот претставник Марибор одигра 1-1 против Селтик, а македонскиот репрезентативец Агим Ибраими ги одигра сите 90' минути за „виолетовите“. Во неефикасната вечер од плеј-офот за ЛШ, нерешено беше и на средбите во Копенхаген и Братислава, а Зенит и Порто славеа минимално на гости.