ФК Греншен игра во швајцарската четврта лига и проаѓа низ тежок период, затоа што примил 66 гола на последните 9 натпревари, заклучно со последниот меч кога од младинците на Луцерн примиле 10 голови.
Со вкупно 14 одиграни натпревари полусезонава, Греншен е последен на табелата со само 5 освоени бодови. Оваа есен Греншен примил вкупно 80 голови а дал 10, по што директорот решил да ги избрка буквално сите фудбалери.
„Звучи грубо, но овие играчи не се доволно квалитетни за оваа лига. Отказите следуваат не само поради лошите партии, туку и поради карактерните особини на фудбалерите“, изјавил Ренато Брун, спортскиот директор на Греншен.
Брун не го отпуштил тренерот Патрик Боеш, затоа што сметал дека не е виновен што фудбалерите не знаат да одат на теренот.
Отпуштениот бек Дедај Дугаџин се пожалил дека после отказот, управата им наложила пред да си одат да ги исчистат сите канцеларии во тренинг центарот. Поддршка за ваквиот потег на директорот Брун имал и спонзорот Ролф Пробст.
„Управата работи одлично, а ние не се мешаме во спортскиот сектор. Одлуката е само нивна и ние ја почитуваме“, кратко коментирал финансиерот Пробст.