Најдобриот опис за големиот историски момент на најдобриот фудбалер за 20-ти век го има аргентинскиот голман Едгардо Андрада кој имал задача по која избегнал пцуење од милиони фудбалски навивачи.
Епскиот момент се случувал на Маракана на 19 ноември 1969 година на мечот помеѓу Сантос и Васко Да Гама во рамките на трофејот Роберто Гомез Педроза, познато бразилско натпреварување, две години постаро од бразилско првенство кое почнало во 1971.
Во 23 часот и 11 минути или поточно на 12 минути до крајот на средбата при резултат 1:1, Андрада пред 65.000 навивачи се соочил со Пеле кој се местел да шутира пенал за да ја заокружи долго посакуваната бројка од 1000 голови во кариерата.
„Мислев дека цел свет е против мене, атмосферата беше заглушувачка, а јас без избезумен и ја загубив надежта дека можат го му го одбранам пеналот. Не сакав да бидам голманот кој ќе го направи тоа. Дури и навивачите на Васко Да Гама беа против мене“, изјави голманот на Васко Да Гама.
Кога судијата покажал на белата точка, се чекало неколку минути за да можат сите фоторепортери да се префрлат позади голот на Васко Да Гама. Одговорниот се тресел од страв да не утне.
„За прв пат во мојата кариера се чувствувам така нервозен. Андрада беше во голема форма. Никогаш претходно сум немал таков притисок. Се тресев. Но тоа зависеше од мене и гооооооооол. Какво чувство. Стадионот експлодираше“ изјави Пеле
Веста за јубилејниот 1000-ти гол на Пеле почна да се шири низ светот, а за мечот има две верзии. Првата е дека завршил во тој момент, а втората е дека се доиграле 90-те минути и Сантос регуларно победил со 2:1.
„За љубов кон Господ, луѓе мои, сега кога сите ме слушате, еден апел до сите: помогнете им на сиромашните деца и на напуштените. Ова е моето единствено барање во овој момент“, рече бразилската легенда пред огромната толпа народ.