Милан – Интер 0:0 (24 октомври 2004)
На првото соочуваше против Милан по само неколку месеци од неговото назначување за тренер немаше голови. Манчини во составот ги имаше Станковиќ, Адријано, Виери, Верон...
Интер - Милан 0:1 (27 февруари 2005)
Во оваа сезона Интер имаше дури 12 нерешени средби по првите 15 кола во Серија А, вклучувајќи го и едното дерби. На реваншот триумфираше Милан со голот на Кака во 77 минута.
Милан – Интер 2:0 (6 април 2005)
Градската дерби пресметка тогаш се префрли и на Евросцената во Лигата на шампиони. Идентично како во 2003 година Милан ги победи и двете средби. На првиот меч стрелци на головите беа Стам и Шевченко
Интер – Милан 0:3 (службена победа) 12 април 2005)
Срамното дерби заврши во 78 минута. Милан поведе со голот на Шевченко, а навивачите на Интер фрлаа бакљи на теренот и го погодија Дида во глава.
Интер – Милан 3:2 (11 декември 2005)
Во петтиот обид Манчини успеа да се израдува на едно дерби. Со головите на Адријано, Мартинс и Шевченко резултатот беше 2:1. На пет минути до крајот Јап Стам изрмани, а славјето стигна дури во 93 минута со вториот гол на Адријано.
Милан – Интер 1:0 (14 април 2006)
Дерби без шмек на кое навивачите на Интер во знак на протест против својот клуб не беа присутни на трибините. Манчини играше во формација 4-5-1 со Фиго и Станковиќ како крила и единствен напаѓач Адријано. Мечот го реши Каладзе.
Милан – Интер 3:4 (28 октомври 2006)
Двата меча во сезоната 2006/2007 беа незаборавни за Интеристите. Првиот меч беше лесни 3:0 со головите на Креспо, Станковиќ и Ибрахимовиќ, а на реваншот Интер имаше водство од 4:1 со голот на Матераци кој го соблече дресот за да му го честита роденденот на својот син, но доби втор жолт картон. Не извесноста ја вратија Џилардино и Кака.
Интер – Милан 2:1 (11 март 2007)
Дерби од големо значење на кое Милан поведе со голот на Роналдо и неочекувано го прослави голот на начин кој не го очекуваа навивачите на Интер. Во вториот дел за пресврт се погрижија Круз и Ибрахимовиќ.
Интер – Милан 2:1 (23 декември 2007)
Дербито се играше неколку дена откако Минал го освои Светското клупско првенство, а фудбалерите добија аплауз и од големите ривали. Пирло го отвори резултатот, а но со голови одговорија Круз и Камбјасо.
Милан – Интер 2:1 (4 мај 2008)
На реваншот од 71 до 76 минута Милан имаше 2:0 со головите на Инзаги и Кака. Поразот го ублажи Круз во последното дерби на Роберто Манчини.