Фудбал

Ем играат фудбал, ем пејат, меѓу нив и Панчев

Победник на минатогодишниот Идол во Шведска беше Кевин Вокер, играчот од средината на теренот и капитен на Ѓургарден, но тој не е единствен што е роден со две дарби, затоа што фудбал играл и познатиот поп пејач Хулио Иглесиас.

Наградата „Ференц Пушкаш“ за локалецов

Добро е тоа што Англичаните си се снимаат на турнири, за потоа да се знае кој може да се прави фраер во маало.

Обафеми Мартинс се препороди во Сиетл

Поранешниот напаѓач на Интер се омажи за сестрата на Марио Балотели, Абигел Барвуа. Во моментов е прв стрелец на екипата од МЛС лигата во САД, каде игра во тандем со капитенот на САД, Клинт Демпси.

Чаланоглу е турскиот Андреа Пирло

По пензионирањето на Жунињо и Дејвид Бекам во 2013. година, Андреа Пирло остана најдобриот изведувач на слободни удари во Европа. Од подмладокот на оваа позиција е играчот на Леверкузен.

Голот на Абдурахими меѓу најатрактивните во квалификациите

Проектилот на македонскиот репрезентативец против Луксембург со кој во последните мигови од средбата донесе победа од 3:2, УЕФА го смести помеѓу топ 5-те голови во досегашниот дел од квалификациите за ЕП 2016.

Роналдо, Меси и Ноер во битка за „Златната топка“

Светската куќа на фудбалот ги објави номинациите за наградите за 2014 година.

Најслабите 11 што играле кај Арсен Венгер

Сè помалку навивачи на Арсенал го поддржуваат францускиот тренер, кој не сака да прифати одговорност за слабите резултати на клубот кој е без титула во Премиер лигата од 2004-та. Англиските медиуми составија тим од фудбалери кои најлошо играле под неговото водсто.

Топ 5 голови во Лига 1

Викендов во француското првенство ПСЖ и Олимпик Марсеј триумфираа и ја продолжија трката за врвот, но најдобриот гол го имаше членот на Евијан, Даниел Вас.

Катастрофална есен за Дортмунд

На коло пред крајот од есенската полусезона, милионерите се последни во германското првенство каде загубија 8 натпревари и собраа само 11 бодови. Јирген Клоп не сака да си оди, навивачите ја исвиркаа екипата во Франкфурт.

ФДУ: Фудбалски драмски театар

Ниту жолти картони и опомени за симулирање фаул не ги спречуваат фудбалерите да глумат на теренот. Некои се добри, а некои лоши глумци.

Зошто таму го фаќаа Гркот?

Левиот бек на Рома, Хозе Холебас кој игра за грчката репрезентација синоќа се прошета комотно низ одбраната на Интер и потоа го матираше Хандановиќ. Но потоа неговите соиграчи го легнаа на земја и...

И во Шпанија се убиваат за фудбал

Пред почетокот на дуелот Атлетико Мадрид - Депортиво вчера во 12 часот претпладне, навивачите на двата тима се судриле на 3 локации во Мадрид, при што загина еден гостински навивач, кој бил фрлен во реката Манзанарес.

Вардар - Работнички во 17:00 и ПСЖ - Металург во 19:00

Денес на програмата скопското фудбалско, како и белградското кошаркарско дерби, натпревари од најдобрите европски лиги, ракометна лига на шампиони и НБА натпревар.

15 години Лојал Фанс, 15 години верна Вардарова сенка

Навивачката група Лојал Фанс ги поканува сите навивачи на ФК Вардар во недела да дојдат на Арената Филип II и заедно да го прослават јубилејот од 15 години постоење, како и есенската титула на нивниот омилен фудбалски клуб.

Поради фаулот врз Ројс, на тренинг оди со обезбедување

Германскиот репрезентативец и член на Борусија Дортмунд заврши со фудбал за 2014-та, а членот на Падерборн, Марвин Бакалорз поради тоа се соочува со критики, навреди и смртни закани.

Го мина Маркеџани, а сега го брка рекордот на Паљука

Ларондо, Косу, Тони, Касано, Макси Лопез и синоќа Конопљанка, сезонава не успеаа да го надмудрат Самир Хандановиќ кој стана еден од најдобрите чувари на голот во ударите од 11 метри во Серија А.

Казна од УЕФА за ФФМ од 12.000 евра

Европската куќа на фудбалот паричната казна ја одреди поради употребата на ласери на дел од навивачите.

Пауло Дибала конечно ја оправда довербата

Аргентинецот сезонава даде 5 голови за Палермо, по што селекторот на Италија, Антонио Конте изјави дека го планира за следниот собир на Аѕурите во март следната година.

Најубавите голови во Норвешка за 2014

Во Норвешка заврши првенството, а титулата ја освои Молде со 71 бод со што оствари пласман во квалификациите за ЛШ следната година. Прв стрелец во лигата е Видар Кјартансон (24) од Валеренга со 25 голови. Oд лигата испаднаа Согндал и Саднес, а бараж за опстанок ќе игра Бран.

Ривер ја доби Бока и влезе во финале на Судамерикана

Милионерите пред само 3 години играа втора лига, а денес се на чекор од титулите во Копа Судамерикана и домашната Апертура. Во 16. секунда од натпреварот Бока Јуниорс доби пенал, но Гиљоти не го искористи, по што Ривер славеше на домашен терен против Бока после 4 години.

Челси ќе губи од Сандерленд

Не дека ова ни е дојава, па сега ви ја нудиме да ја уплатите во кладилница, но ако се водиме по тркалово на Англичаните по теркот кој губи, другиот го победува, 14-то пласираниот Сандерленд утре ќе го совлада лидерот Челси кој сезонава сè уште нема пораз.

Интер со играч помалку до пресврт, реми во Виљареал

58 голови вечерва на натпреварите од 5. коло во Лига Европа. По Ибраими и Пандев, од Европа се поздрави и Адеми со Динамо Загреб. Муарем со Карабах и Абдурахими со Локерен имаат уште шанси за европска пролет.

Три пати прекин на мечот Тотенхем - Партизан

Редарите на Вајт Харт Лејн немаат мир вечерва, затоа што тројца гледачи влегуваа во терен и на три пати го прекинуваа дуелот од ЛЕ во Лондон. Едниот правеше селфи, другиот им бегаше на редарите 2 минути, а третиот го натера делегатот од Франција да го прекине натпреварот во 40' минута. По продолжението, судијата даде дополнителни 8 минути до полувремето. Се испостави дека сите биле навивачи на Тотенхем.