Калу почна да го руши Берлинскиот ѕид?

Поранешниот фудбалер на Челси кој настапува за Херта Берлин е фатен на дело во една неочекувана акција, а тоа е како го уништува Берлинскиот ѕид.

Снимка од моментот има тв куќа од Берлин која емитувала прилог од саботниот дуел против Шалке кој заврши 2:2. Казната за оштетување на историското бележје со кое градот бил поделен од 1961 до 1989 година изнесува 10.000 долари.

16 март 2015 - 16:58