Кога во рерна ќе најдете 16 карти за фудбал

Навивач на англискиот Норвич Сити се запрепастил кога дознал дека на мајка му по грешка во рерна ѝ паднало пликото во кое имало 16 влезници за дуелот Брајтон - Норич Сити.

Мики Најт (28) од местото Таверхам, освен што е ѕидар по професија, тој е и голем навивач на Норич Сити. Најт и неговите другари имале обичај кој од нив е послобден да купи влезници за натпревари на Норич.

Редот му дошол на Мики Најт, кој купил 16 карти во вредност од 500 фунти за дуелот Брајтон ен Хоу - Норвич на 3 април. Сè било во ред до моментот кога мајка му во вторникот вечерта го прашала дали е добро расположен? Откако добила позитивен одговор, му кажала дека по грешка во рерната и паднало пликото во кое тој имал карти за фудбал. За малерот да биде поголем, во рерната веќе се печело пиле.

„Кога првиот пат ми кажа, мислев дека се шегува, но кога ја отворив рерната, ги видов внатре сите 16 влезници, црни како ќумур“, изјави Мики Најт за ББС.

Мајка му ги вратила на билетарницата, по што од клубот се согласиле на Мики да му дадат нови 16 карти, без никаква парична надомест.

„Веќе ги добив новите карти и сега е подобро да ги држам подалеку од мајка ми и од рерната“, констатирал ѕидарот Најт за ББС.

Натпреварот од Чемпионшип меѓу Норич и Брајтон енд Хоу Албион се игра на 3. април, а од управите на двата тима немале никаков коментар за настанот.

13 март 2015 - 16:47