Осми сезонски трипл-дабл за Вестбрук

Кошаркарите на Атланта Хокс го совладаа Феникс Санс 96:87, а во триумфот пристојна партија пружи Перо Антиќ. Чикаго прокоцка 19 поени предност, а Вестбрук е се поблизу до МВП наградата.

Пол Милсап уфрли 23 поени со 9 скокови во победата на Атланта во Аризона 96:87, против Феникс за кој Маркиф Морис постигна 22 поени. Првопласираниот тим на истокот беше во постојана негатива, но во последната четвртина се врати резултатски во игра и на крајот го скрши отпорот на „Сонцата. За 16 минути на паркетот, Перо Антиќ запиша шест поени и четири скокови.

Најдобриот тренер сезонава, Стив Кер реши да ги одмора своите најважни играчи Стефон Кари, Клеј Томпсон и Андре Игудала и тоа ги чинеше пораз Вориорси против Денвер. Отсуството на најдобрите ѕвезди на Голден Стејт, најдобро го искористија Џастин Холидеј со 23 поени и Џејмс Мајкл Мекаду со 16 поени, но тоа не беше доволно да се совладаат Нагетси. Репрезентативецот на САД, Кенет Фарид доминираше со 24 поени и дури 17 скокови, а 24 постигна Италијанецот Данило Галинари.
 
Доминацијата на НБА паркетите синоќа ја продолжи Расел Вестбрук, кој против Минесота уфрли 29 поени, 12 асистенции и 10 скокови за победа 113:99. Тоа беше шестиот трипл-дабл за Вестбрук на последните осум натпревари, а вкупно осми во сезоната и 16-ти во кариерата. Ништо послаба вечер немаше ниту Енес Кантер, кој против Волвси постигна 23 поени и 15 скокови.
Трипл-даблот на Вестбрук синоќа против Минесота Тимбервулвс:
 
 
 
РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Чикаго 101-91
Филаделфија – Сакраменто 114-107
Бостон – Орландо 95-88
Торонто – Мајами 102-92
Оклахома – Минесота 113-99
Денвер – Голден стејт 114-103
Феникс – Атланта 87-96
Портланд – Детроит 118-99