Фудбал

Најдолгите серии без пораз

Жозе Мурињо со Реал Мадрид постави рекорд од 15 победи во низа на сите натпреварувања, а Карло Анчелоти синоќа го повтори. Имаат уште многу леб да јадат за да влезат меѓу рекордерите.

Дефанзивците на Челси се загреваат со пинг понг

Во пресрет на саботниот дуел против Сандерленд, од досадните справи во тератана, на многу позабаваен спорт се префрлија Гери Кејхил и Аспликуета.

50 фотографии за 50 години на Манчини

Како играч освои 13 трофеи со Сампдорија и Лацио, а истиот број на пехари го подигна и како тренер на Фиорентина, Лацио, Интер, Манчестер Сити и Галатасарај. „Во Милано прославив 40 години и сега на 50 ги посакувам истите успеси“, изјави легендарната италијанска 10-ка кој направи кам бек на „Џузепе Меаца“.

Без навивање против Нептунас во белградска Арена

Објавено е видео и фотографии од осомничениот за убиството на Марко Ивковиќ, а турската полиција соопшти дека до осомничениот стигнала по прегледување на 300 часови видео материјал. На целиот случај работеле 4 тима и вкупно 200 луѓе. 

Наместо во затвор, Брандао ќе чисти улици

Прво француската фудбалска лига го суспендираше на 6 месеци за тоа што го удри Тијаго Мота со глава, за сега бразилскиот напаѓач добие и судска казна за прекршокот.

Македонските репрезентативци немаат право на кикс

По елиминацијата на Пандев и Ибраими од Лигата на шампиони, честа на македонските претставници во европските натпреварувања може да ја спасат Муарем, Абдурахими и Адеми кои имаат тешки задачи да останат во ЛЕ.

Македонија повторно излезе од топ 100

Македонската фудбалска репрезентација падна четири места на најновата ранг листа на ФИФА.

Навивачите на Борусија Дортмунд се цареви

И фудбалерите вчера беа цареви, бидејќи ги испоштуваа најдругарски за вчерашната поддршка во Лондон каде дојдоа околу 4.000. Милионерите имаа заверено осминафинале и пред мечот, а во Бундеслигата играат ужасно и се наоѓаат на 16-то место. 

Што мрдаше под ќебето на Кутињо?

Во Софија вечерва беше ѕивра, а по оваа снимка Бразилецот од Ливерпул веројатно ќе треба да објаснува како се загревал на клупа.

Триумф на „Топџиите“ за осминафинале

Саного и Санчез му ја донесоа посакуваната победа на Арсенал, а до важни три бода стигна и Јувентус кој со една нога е во топ 16 фазата. Осминафинале заверија и Атлетико и Баер Леверкузен, Лудогорец го сопре Ливерпул, а Реал стигна до 15-та победа во низа со што Анчелоти го израмни рекордот на Мурињо од 2011/2012.

Играте во маало и ви доаѓа Борусија Дортмунд

Пред натпреварот од ЛШ против Арсенал, германскиот клуб тренирал на терен за аматерски фудбал во паркот Риџент во Лондон, каде обично играле другари од населбата.

Најмногу му лежи Милан и последните 15 минути од прво полувреме

Со хет трикот на Кипар, Лионел Меси го симна Раул од тронот во Лигата на шампионите и се израдува во 23-тиот европски град.

Пол Гаскоњ тука е трезен или?

Познато е дека англиската фудбалска легенда е како сунѓер и дека сигурно нема ни јетра веќе, ама дека до волку...

Јирген Клоп за малерот со повредите, Венгер против газдата

Потенцијалниот кандидат за клупата на Арсенал имаше стенд ап настап на вчерашната конференција, каде лежерно зборуваше за вечерашниот дуел. За разлика од него, Венгер му врати на вториот акционер по големина во Арсенал, Алишер Усманов кој го кривеше Венгер за лошите резултати.

Изгубиле 20:0 поради пораѓање на крава

Аматерски клуб од Франција имал 14 повредени играчи, па решил да повика 16-годишно момче од „младинската школа" за да имаат доволно фудбалери на теренот. На полувреме заминал голманот, па претседателот ги облекол ракавиците.

На Арсенал му гори за бод, Дортмунд опуштено

Тренерот на Дортмунд, Јирген Клоп на прес конференцијата пред мечот во Лондон изјави дека неговиот тим ќе игра растеретено, затоа што веќе се пласираше во следната фаза, а има многу повредени фудбалери. На Арсенал му треба бод за да оди понатаму.

Трибината на Јуве бастион на дилери

Во операција на карабинерите, уапсени се 22 навивачи на Јувентус од групата Bravi ragazzi (Добри момци). Се сомничат за шверц на дрога по море од Албанија во Италија, неовластена продажба нa карти за натпреварите на Јувентус, како и за инциденти на стадионите.

ЕЛЕМ со пресврт до победа над Глобко Логистик

Во вториот ден од 8 коло во Бизнис лигата на Македонија, Македонски Телеком и Лукоил славеа убедливи победи со по 9 погодоци.

Сити го урна Баерн во 91 минута, Ибраими заврши во ЛШ

Челси со петарда во Гелзенкирхен го завери осминафиналето, а шанси за таму се уште има и Манчестер Сити благодарение на пресвртот на Агуеро кој блесна со хет трик против Германците. Три пати на Кипар стрелаше и новиот владетелот во ЛШ, Лионел Меси.

Мајсторија на Суарез, историја за Меси

По 27 минути игра против АПОЕЛ, уругвајскиот напаѓач го постигна првиот официјален гол за Барселона и тоа во голем стил. Неговиот колега од нападот пак го мина Раул и стана најдобар стрелец во Лигата на шампионите.

Зошто Манчестер Сити ќе се мачи со Баерн

На Граѓаните вечерва очајно им требаат три бода за да не испаднат уште во групната фаза од ЛШ, но пред себе го имаат германскиот првак кој сезонава има 22 победи во низа и само еден пораз на сите натпреварувања. 

Контра од гол на гол за 9 секунди

Јакуб Силвестер од второлигашот Нирнберг со голема помош и прецизност на голманот, успеа да го изведе овој брз гол кој може да служи за пример како да се реагира по неуспешно изведен корнер.

95 вооружени навивачи се спремале за тепање во Париз

Навивачите допатувале без карти, а француската полиција ги уапси под сомнение дека допатувале од Холандија за да создаваат нереди.

Емил Хески и пешки би се вратил во Лестер

Поранешниот англиски репрезентативец изјави дека без размислување би потпишал договор со Лестер доколку го побараат од клубот кој 5 натпревари по ред не дал гол.