Во првиот дел од трилогијата „Суперкласико“, Бока Јуниорс го совлада Ривер со головите на тандемот Павон-Перез во финишот. По дербито во првенството, во петок нè очекува второто дерби, а прво од полуфиналето на Копа Либертадорес.
На денот кога својот роденден ќе го прослави во Маракеш (Мароко), Дејвид Бекам за прв пат се појавил на Инстаграм и им се заблагодари на сите за честитките. Неговите верни фанови на ЈуТјуб објавија видео со 40 голови на Бекс за Јунајтед.
Покрај бомбата на Родригез и нервозата на Роналдо зашто не даде вчера гол против Алмерија, навивачите на Реал Мадрид го зборат и неочекуванот аут на фудбалерите на Реал Мадрид.
Филип Мексес, Марко Пароло и Лукас Подолски од дистанца, Тевез и Флоренци од парабола и Пиниља со ножички ги постигнаа најубавите голови во 33. коло во Италија.
Поминаа само 26 денови од нападот врз клупскиот автобус на Фенербахче во Трабзон, а тој повторно страдаше, овој пат во Бурса. Фенербахче славеше 1:2 во полуфиналето на Купот против истоимената екипа. Другиот полуфинален пар го сочинуваат Галатасарај и Сиваспор.
Европските фудбалски лиги влегуваат во финишот, а трката за титулата по сè изгледа најдраматична ќе биде на Босфорот, каде рамноправно се бркаат Галатасарај, Бешикташ и Фенербахче.
На една минута пред крајот на првото полувреме, трпелив навивач на Реал Мадрид го нишанеше со телефон голот на Алмерија во вистинскиот момент, кога Хамес Родригез ја распали бомбата со лева.
Не знаеме колку е верна приказната за игралиште во Кратовско, каде теренот бил толку кривоаголен што кога напаѓачите ќе ја загубеле топката пред противничкиот гол, му викале на својот голман „Идат“! Но знаеме за терен со големо дрво на средина во Бразил и страшно крив терен во Германија.
По 16-годишен спор Војската на Романија ѝ го одзема на Стеауа името, грбот и боите. Тоа се одрази на екипата, која во јануари имаше 12 бодови предност, а сега на пет кола пред крајот едвај ја чува лидерската позиција од провинцискиот Таргу Муреш.
За прв пат во 106 годишната историја, клубот чии играчи вредат едвај 100 илјади евра ќе биде член во најдоброто италијанско друштво. Пласманот обезбеден на 4. кола пред крајот и прославен на стадиончето што собира 4.000 гледачи.
Лам и Алонсо се лизнаа пред шутот, Лангераг му одбрани на Геце а Ноер погоди пречка. Јирген Клоп ќе игра финале на германскиот куп пред да си замине од Борусија Дортмунд и се надева дека ќе го вози автобусот на прославата.
Според табелата во шпанската Ла Лига, клубот од Андалузија има 31 бод и во моментов е спасен од испаѓање. Но според шпанската федерација има 28 и може да испадне. Проблемот е во конфликтот на двете страни.
Тренерот на Борусија Дортмунд демантираше дека сака да го напушти клубот поради аферата која што ја имал со жената на еден од фудбалерите. Во прашање е презаситеност, вели Клоп кој сега го поврзуваат со Баерн.
Македонската фудбалска репрезентација денес и официјално го доби новиот селектор, Љубинко Друловиќ. Помошници ќе му бидат Португалецот Виктор Луиз, Виктор Треневски и тренерот на Работнички, Игор Ангелевски.