Фудбал

Милан го одби Мистер Б

И покрај лошата финансиска состојба, која се одразува на резултатите на Милан, компанијата Фининвест нема намера да продаде повеќе од 50% од акциите на клубот. Тајланѓанец понудил една милијарда евра за да го купи паднатиот гигант.

Се враќа Лигата на шампионите

Зависниците од ЛШ конечно ќе можат да уживаат во продолжението од најелитното клупско европско натпреварување. По долгата зимска пауза, најдобрите 16 екипи од Европа од утре почнуваат да се борат за влез во следната рунда.

Дете на Челси кое ќе прави партали за 10 години

Даним Намуди е далеку од професионален договор, слава и пари, но ако вака работи секој ден на 8 години, тогаш тоа не му бега. Гледајте го крај, ќе тренира и со младинците на Челси до 21 година.

Кореографија на сезоната

Генерално кореографиите на навивачките групи се базираат на разни цртежи, знамиња и пароли, но навивачите на Бордо на мечот против Сент Етјен демонстираа нешто ново. Направија шаренолика димна завеса, но без да употребат никакви експлозивни направи. 

Гол по 42 убрзани додавања

Така оди тоа со тики-таката на Барселона веќе неколку години. Ќе им го поматат умот на противниците колку што им душа сака и на крај ќе ја постигнат целта. Снимката е постара со Давид Виља во напад и со дополнителен ефект.

Патот на Еден Азар до славата

Челси му е втор клуб во професионалната кариера, но му даде верност до 2020 година и плата од 200.000 фунти неделно. Прогресот во кариерата му е брз, без многу застој, а од неговото шестчлено семејство нема ниту еден кој се занимавал со нешто друго, а да не е фудбал.

Кечап, брокула и келнерски дресови

101 Great Goals направи листа од 11 најужасни фудбалски дресови. Погледнете како некој дизајнер си поиграл со оние на Бохум.

Егзодус на шкотски тренери од Премиер лигата

Со заминувањето на Пол Ламберт од Астон Вила, за првпат во историјата, англиската Премиер лига остана без ниту еден менаџер од Шкотска, што не се случило од 1984 година. Да важеа на времето денешните критериуми за менаџер, Сер Алекс Фергусон никогаш не би го водел Манчестер Јунајтед.

Три осетливи фудбалски правила кои може да се менуваат според Колина

Поранешниот славен судија кој ФИФА шест години го прогласуваше за најдобар во светот смета дека правилата за офсајд, играњето со рака и тројната казна во случај на црвен картон од последен играч во одбрана, може да претрпат измени.

Што нè чека во петтата рунда на ФА купот?

Ќе ризикува ли Ливерпул со ровитиот Даниел Стариџ, може ли Брадфорд до уште едно чудо и што има во продавницата на Арсенал и Лестер? Одговор на овие прашања ќе донесат натпреварите од ФА купот кои се играат викендов.

Икарди не следи Серија А, а Ибрахимовиќ ќе стои место Ајфеловата кула

Втор дел на највпечатливите изјави на неделата кои Газета дело Спорт повторно ги собра на купче. За издвојување е интервјуто на напаѓачот на Интер, како и изјавата на првиот човек на Сампдорија кој со бројките од формацијата на Михајловиќ уплаќал лото.

Пипо Инзаги 22 пати ги мешал картите

Тренерот на Милан сезонава ја даде капитенската лента на дури седум различни фудбалери. Инзаги повеќе од 20 пати се обиде да ја сложи сложувалката во екипата, но црвено-црните никако да ги исполнат очекувања на навивачите. Нема Европа и следната година?

1000-та на двете екипи од Манчестер

Со синоќешниот гостински триумф над Стоук од 4:1, „граѓаните“ стигнаа до јубилејна бројка која до сега ја имаат остварено само неколку премиерлигашки клубови.

Големината на Френки Лампард

Фудбалерот на Манчестер Сити го прославува секој гол со кренати раце кон небото, во чест на неговата мајка која почина пред некоја година од рак. Некогашниот англиски репрезентативец вчера по дуелот со Стоук направи гест, со кој “ја купи“ целата англиска јавност.

Се крчка новиот Кака во Милан

Адриано Галијани не мора постојано да бара (не)докажани играчи за Милан, туку време е да се сврти кон подмладокот. Таму покрај талентот Хаким Мастур има уште едно дете кое може наскоро да се најде во составот на Инзаги. Се вика Давиде Ди Молфета, има 18 години, а главна задача му е да дава и да мести голови. Ѕирнете како му оди тоа.

Навивач на Селтик номиниран за гол на месецот

Изборот за најдобар гол за месец јануари во шкотското фудбалско првенство оваа година е од посебно значење, бидејќи во него нема да учествуваат само фудбалерите со нивните ремек дела.

12 историски видеа од Лига на шампиони

Во пресрет на осминафиналните дуели во ЛШ кои стартуваат идната недела, УЕФА не потсеќа на дел од најдобрите моменти од историјата на ЛШ. Незаборавни ќе останат волејот на Зидан, десеттата титула на Реал Мадрид, лобот на Савичевиќ, пресвртот на Депортиво, чудото од Истанбул...

Го фатија Шчесни со цигара и веќе не брани

Полскиот голман Војчех Шчесни во 2015. година само еднаш настапи како стартер за Арсенал, и тоа во купот. Неговото место го зема Колумбиецот Давид Оспина, кој му покажа на Полјакот дека досега немал конкуренција и затоа ноншалантно ги навлекувал ракавиците.

Да го делиме колачот рамноправно, инаку нема фудбал

Шпанските прволигаши треба да потпишуваат нови договори за телевизиските права, но доколку тие се прават по стариот модел, а тоа е пола да оди кај Реал и Барселона, тогаш ништо од бизнисот.

Потегот на Вејн Руни на денешен ден

Манчестер Јунајтед синоќа го совлада Барнли со 3:1, а по мечот Луи ван Гал изјави дека со Руни во среден ред, тимот имал подобар баланс. И покрај тоа што нема постигнато гол од „Боксинг деј“, греота е човеков да не игра во напад. Потсетување што направи во градското дерби на 12 февруари пред четири години.

Македонија 104-та, Екваторијална Гвинеја 49-та во светот

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од три позиции на најновата ранг листа на ФИФА.

Премиерлигашки забавник

Со шест натпревари и 15 голови вчера се затвори 25. коло од Премиер лигата. Челси на крајот го совлада Евертон со голот на Вилијан, а убедливи беа двете екипи од Манчестер. Граѓаните славеа 4:1 на гости кај Стоук, а Јунајтед дома 3:1 против Барнли.

Хрватската дијаспора која го купи Еузебио и ја освои Северна Америка

Легендарни фудбалски имиња како Пеле, Франц Бекенбауер, Јохан Кројф и Џорџо Кинаља во залезот од својата кариера беа на печалба во северно американскиот континент. Во средина од 70-те полу хрватски клуб со помош од црквата стана шампион.