Норич Сити и Мидлсборо на 25. мај ќе играат за пласман во елитното друштво од следната сезона, а победникот има загарантирани 185 милиони евра. 85 милиони за влез во Премиер лигата и 100 милиони во случај да испаднат од истата во следните 4 години. Со тие пари, просечен шпански клуб од средината на табелата ќе преживее цели 10 години, пишува АС.
Со трофејот во Лигата на шампионите минатата година, Реал Мадрид заработи чисти 10,5 милиони евра од УЕФА, а вицепрвакот Атлетико Мадрид доби 6,5 милиони евра.
Од друга страна, Квинс Парк Ренџерс минатата година обезбеди влез во Премиер лигата по плејоф дуелот со Дерби Каунти на Вембли и заработи 85 милиони евра. Годинава веројатно ќе испадне како последен во Премиер лигата, но ќе добие 100 милиони фунти кои ги дава фудбалската асоцијација на Англија за нормално функционирање на клубовите кои испаѓаат.
Дуелот во Плејофот меѓу Норич и Мидлзборо се смета за еден од највредните спортски настани во светот, по заработка приближен до бокс мечот на векот меѓу Пакијао и Мејведер.
Првиот Плејоф натпревар за пласман во Премиер се одигра во 1990. година. Се играше еден дуел без реванш меѓу Свиндон Таун и Сандерленд. Три години подоцна, Портсмут и Вест Хем имаа исто бодови, по 88 но „Чеканите“ имаа подобра гол разлика и се пласираа на тој начин.