Фудбал

Удар со глава во Бундес лига чини 20.000 евра

Германската фудбалска федерација го суспендираше фудбалерот на Баер Леверкузен, Емир Спахиќ три месеци и го казни со 20.000 евра. Босанскиот репрезентативец се тепаше со редарите по дуелот со Баерн Минхен одигран на 8 април, а по инцидентот договорот му беше раскинат.

Касичка прасе за спас на Расинг Сантандер

Шпанскиот клуб до 30 април треба да уплати сума од 2,7 милиони евра колку што изнесува минималниот капитал за да го избегне банкротот. До сега граѓани и поранешни фудбалери собраа 1,9 милион евра.

Што правеше Мурињо додека играа Реал и Атлетико

На еден канал Реал Мадрид – Атлетико Мадрид, на друг Јувентус – Монако. Португалецот не одбрал да го гледа ни едното ни другото четвртфинале од ЛШ туку имал друга работа.

Севиља брани предност во студениот Санкт Петербург

Зенит ќе се обиде да ги урне надежите на шпанскиот клуб дека може да го одбрани трофејот во ЛЕ освоен лани. Фиорентина против Динамо Киев за влез во полуфиналето.

Кјелини ги залепи Џордан, Џејмс и Марадона

Дефанзивецот на Јувентус во 48 секунда од мечот против Монако се лизна и потоа и направи на топката „моја си е“. На социјалните мрежи го утепаа со монтажи.

Коментарот на Анри за радувањето на Чичарито

Откако не играше како стартер речиси цела сезона, Мексиканецот го искористи отсуството на Бензема за да го реши дербито против Атлетико Мадрид. Толку се израдува што плачеше на три пати после мечот. Прославата на голот не му се допадна на Анри, кој коментира за Скај спортс дека Чичарито требал да се радува заедно со Роналдо.

Чичарито го однесе Реал во полуфинале

Реал Мадрид и Јувентус им се придружија на Барселона и Баерн Минхен во полуфиналето од Лигата на шампионите. Втората полуфинална вечер беше далеку посиромашна во која единствен погодок беше оној на Кралевите на две минути до крајот.

Што прават финалистите на Монако од 2004-та?

Кога ќе се погледнат сите екипи што останаа во Лигата на шампионите, на прв поглед изгледа дека Монако е најслабиот конкурент. Така беше и во 2004. година кога стигнаа до финале, но Мурињо им го украде сонот.

Карлито знае да игра нокаут фаза, но тешко му е против Симеоне

Италијанецот како тренер одиграл 45 нокаут натпревари од кои 36 пати излегол како победник. Вечерва ќе се обиде да го елиминира Атлетико со својот Реал и да го продолжи патот до четвртиот пехар во ЛШ.

Бланко се збогуваше со фудбалот, ќе го паметиме по скокот

Авторот на еден од поинтересните потези во фудбалот,  Куаутемок Бланко на 42 години синоќа се повлече од активното играње. Копачките ќе ги закачи на шајка како фудбалер на мексиканската Пуебла.

15 рекорди во фудбалот

За голманот Рожерио Сени знаеме дека ги полни мрежите, исто како и за авантуристот Луц кој одел автостоп на гостувања и кој бил обвинет за кражба на пингвин. Но не сме знаеле дека може да се игра фудбал со 150 кила или да се даде гол за 2 секунди.

Најнова верзија на ножички

Најатрактивниот начин на постигнување гол често се повторува во разни лиги, а минатиот викенд со таква акробација падна и автогол. На Корејанецот Ли Дон Гук кој играше во Премиер лигата за Мидлсброу, тоа му успеа на пионаков начин со прием на топката со глава.

Викенд понуда: Тренер во Босна и Херцеговина

Со последните четири тренерски смени во фудбалското првенство на БиХ, бројката на отпуштени тренери во една сезона се искачи на 25 и тоа за само 24 кола или речиси по еден неделно. Шест екипи смениле по тројца тренери, а сезоната не е завршена.

Не ставајте голови на ЈуПорн, нема место

Навивачите на Баерн Минхен беа толку импресионирани од убедливата победа против Порто, што решиле да ставаат хајлајтс од мечот на најголемите порнографски сајтови.

Германски стереотип за Неапол

Во долго соопштение, германскиот клуб Волфсбург им објаснува на своите навивачи како да се однесуваат на утрешното „опасно“ гостување во Неапол. Италијанците навредени од таквото мислење за еден од најубавите европски градови.

Реал бара лек за Атлетико, Старата дама трет пат игра на 22. април

Локалниот ривалитет во Мадрид вечерва повторно ќе добие европски сјај. Реал нема победа против Атлетико на претходните седум дуели сезонава, а во Монако, Јувентус ќе чува еден гол.

Пенал со вртоглавица

Мижиш, топката ја држиш со рака и вртиш 13 круга околу неа. Крајната цел е да шутнеш пенал, по можност прецизно. Сте пробале?

Кога ќе се измешаат фудбал и ватерполо

Фудбал на вода мислевме дека е дозволено само на балканскиве простори, а не и во француската прва лига каде проблеми во напад имаше Брајан Дабо од Монпеље.

Баерн го потопи Порто, Барселона рутинирано

Поразот од Драгао германската машинерија им го наплати на Португалците со петарда во првите 40 минути и со конечни 6:1 им покажа кој е кој во Лигата на шампионите. Изненадување немаше ниту во Барселона која повторно го порази ПСЖ.

Во соблекувалната на Манчестер Јунајтед 1999 година

На легендарното финале на Црвените ѓаволи против Баерн во ЛШ му претходеше драматичен полуфинален дуел против Јувентус. На денешен ден пред точно 16 години, составот на Фергусон до 11 минута беше шокиран со двата гола на Инзаги. Но одговор на тоа дадоа Кин, Јорк и Кол за конечни 2:3.

Реал и Барселона владеат на Твитер

Најголемите два шпански клуба освен што се гиганти со буџети од по 500 милиони евра, нивната популарност драстично се шири и на социјалните мрежи каде им нема конкуренција.

Чест секому, бод никому во Берлин

Кај нас велат дека најтешко и најнезгодно гостување за секој нисколигаш е она во струшкото место Велешта. Сепак, таму никогаш не се случил инцидент како во Вилмерздорф периферијата на Берлин, каде фудбалер остана без око.

Роналдиљо против Гатузо, Пирло и Неста

Бразилски весник минатата недела објави дека Роналдињо по крајот од оваа сезона оди во пензија, но тој демантираше и рече дека ќе игра се додека се чувствува добро. Му посакуваме уште многу вакви потези за клип.