Навивачите на Црвена звезда често им префрлаат на Гробарите дека основач на нивниот клуб е Фрањо Туѓман, поранешниот хрватски претседател. Гробарите на тоа возвраќаат дека се горди на целокупната клупска историја, а денес решија и да се посмеат на таа тема.
Со оглед на тоа што јавниот сервис во Србија, РТС нема да го пренесува реванш мечот Дила Гори - Партизан, Гробарите го опседнаа со коментари профилот на хрватската ХРТ на Фејсбук во кои бараат да им овозможат пренос од мечот во Грузија. Се „повикуваат“ на хрватската историја и на хрватски јазик се жалат што предност имаат Хајдук и Динамо.