Фудбал

Како Гигс и Невил ѝ дадоа гол на сиромаштијата

Двете легенди на Манчестер Јунајтед ќе им дозволат на група бездомници да ја поминат зимата во имотот кој е во нивна сопственост а кој на пролет ќе стане луксузен хотел.

Парадоксот на Златната топка

Според англиските букмејкери од Вил Хил, најголеми шанси за освојување на наградата најдобар играч во 2015-та година им се даваат на фудбалерите за кои знаат и врапчињата на гранките, Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар, така што бесмислена е секоја листа на кандидати.

Ристовски: Кралот се враќа

Десниот бек на македонската фудбалска репрезентација прв се израдува за враќањето на Пандев во националниот тим, а со него дружеше и во Италија.

Дарко Панчев во друштво на Левандовски, Стоичков и Шукер

Легендарниот Кобра во еден квалификациски циклус постигна 10 голови, а целата денешна репрезентација на Македонија едвај даде шест голови на 10 натпревари во кампањата за ЕП 2016 во Франција.

Кам бек на Горан Пандев

Најдобриот македонски фудбалер и најдобар стрелец во националниот тим со 26 гола се враќа во македонската репрезентација. Конечно да напишеме и некоја добра вест поврзана за македонскиот фудбал.

Тројца играчи на кои треба да им се забрани фудбалот

Однесувањето им е насилно и нецивилизирано, а за нивните постапки премалку е црвен картон.

Џибрил Сисе се повлекува од фудбалот

Поранешниот француски репрезентативец реши на 34 години да ја заврши кариерата во која настапуваше за 12 клубови во 6 различни земји.

Тевез на покер во своето гето

Тоа што е славен во цел свет и е полн со пари до гуша, не му го менува односот кон маалските другари. По престојот во Јувентус, Тевез повторно имаше богати понуди во странство, но реши да се врати онаку каде почна, во Бока Јуниорс. Дружбата со старата банда, не се плаќа со пари.

Фристајл Мората vs Софијан Тузани

Софијан Тузани е фристајл техничар кој ги предизвикува познатите фудбалски ѕвезди. Последен против кој играше на мали голови беше Алваро Мората од Јувентус.

Гол на Фалкао во Премиер лига вреди 2,6 милиони фунти

Баба му се пожали поради неговата минутажа, но прво треба да му ја види статистиката па после да се жали. Колумбискиот напаѓач за кој Монако бараше 52 милиони фунти за продажба, а доби само 6 милиони фунти за позајмица, се посра во Англија.

Нотингем Форест верува во чуда

По приказната за Проклетиот јунајтед од која произлезе и филм и книга, наскоро се очекува и прикажување на новиот документарец за еден од најголемите фудбалски подвизи во историјата.

Затворска казна за навреда на селекторот

Репрезентативец на Обединетите Арапски Емирати е осуден на 3 месеци затвор, бидејќи споделил видео а интернет со кое го навредил селекторот.

Миралем Пјаниќ е новиот крал на слободните удари

Со три гола од прекин, босанскиот репрезентативец во моментов е најпрецизен во Европа. Техниката ја учел од Жунињо, а подобар старт во Серија А од него имал само Пирло.

Точно е, Блатер ми даде непријавени пари

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини призна дека за спорната исплата од 1,8 милиони евра колку што примил од претседателот на ФИФА, Сеп Блатер не постои никаков писмен договор.

Стилот на Ноер

Шампион во Германија со Баерн Минхен, шампион во Европа со Баерн Минхен, Светски шампион со Германија, најдобар голман во светот за 2014-та. На сето ова знае и да дрибла, да лобува и да истрча за никој да му припари ниту во близина на шеснаесетникот. Па кој голман не сака да биде како Мануел Ноер?

Рака или не е рака?

Расинг Клуб со 3-1 ја совлада Бока Јуниорс и ја прекина серијата на лидерот во Аргентина од четири победи по ред. Омилениот тим на Марадона доби два црвени картони од кој првиот на Даниел Диаз во првото полувреме при 1-1 беше сомнителен.

Ринат Ахметов и Шахтјор Донецк меѓу два огна

Во Киев го обвинуваат дека ги финансира бунтовниците, во Москва дека ја издал каузата. Тој сака само едно: да се врати во својот град и таму да продолжи да живее.

Хет-трик за Марио и Наташа

Двајца наши интернационалци се истакнаа со по три погодоци ова коло. Наташа Андонова со Розенгард победи 5:0 и ја славеше титулата во Шведска. Марио Ѓуровски оствари победа со Муангтонг од 4:1 над Чанграи и изби на првата позиција на табелата во тајландското првенство.

Ново шоу на Дибиров

Вардар не успеа да оствари нова петта победа во Лигата на шампиони, но повторно најде простор за атрактивна завршница од цепелин за која се заслужни Игор Карачиќ и Тимур Дибиров.

Артим Шаќири од Аталанта

Фудбалерите на Аталанта од Бергамо попладнево со 3:0 го совладаа Карпи, а вториот гол кој го постигна Алехандро Гомез нè потсети на погодокот на Шаќири против Англија во Саутемптон.

Стручноста на грчки лекарски тим

Навивачите често имаат свои луѓе меѓу редарите, но во Грција влегоа и меѓу лекарите. На дуелот од втората грчка лига меѓу Лариса и Ерготелис медицинскиот тандем на домашните фрлаше повреден противнички играч од носилата.

Еврогол на Агим Ибраими од 30 метри

Македонскиот репрезентативец го постигна можеби најубавиот гол во кариерата откако на мечот против Целје кој го доби Марибор со 3:1, распали од огромна далечина.

Најгледаните селекции во квалификациите

Сајтот СтадиумДБ го објави просекот на гледачи на европските стадиони каде се играа квалификациите за Европско првенство. Англија, Полска и Германија се очекувано најгледани, а претпоставуваме каде се наоѓаме ние кога гледаноста на репрезентацијата е во прашање. 

Од стрелец на историски гол против Баерн до возач на погребна кола

Нико Пачински е еден од најомилените фудбалери во историјата на Сент Паули. Во 2002-ра го матираше Оливер Кан за историската победа против Баерн Минхен, а потоа сите пари ги потрошил на коцка и сега работи во погребални услуги.