Шпанското крило едвај чекаше да замине од Фиренца и да се врати во матичниот Бетис. Виолетовите не го пуштаа лесно, но на крајот Хоакин со скршена рака излезе пред 20.000 луѓе во Севиља.
Премиерлигашот може да состави три екипи само од играчите кои се на позајмица во други клубови. Најпознати се Куадрадо во Јувентус, Салах во Рома и Пашалиќ во Монако. Мурињо има стратегија или нелогично троши пари?
Секој собир на шведската репрезентација е празник за новинарите, особено што нема ден Златан да не приреди некое шоу на прес конференција или на терен.
128 дена изминаа откако Љубинко Друловиќ беше назначен за селектор на фудбалската репрезентација. На неколку дена пред мечот со Луксембург се јави проблем со Владимир Димитровски кој без да каже си отишол од земјата за да потпише со нов клуб.
Најчеста слика од германската Бундеслига често се полни стадиони, солиден фудбал и добри голови. Во книгата на оваа лига останаа запишани и 10 најголеми промашувања за кои нема објаснување.
После неколку години разочарувања, Росонерите конечно може да се пофалат дека добија звучни засилувања (Карлос Бака, Луиз Адријано). Сепак тоа и натаму е далеку од вистинскиот Милан, барем според Curva Sud, трибината на која седат најверните навивачи кои побараа од Галијани да си оди од клубот.
На една Фејсбук страна се постираат фотографии на фудбалери од 90-те и првите години на 2000-те и на тој начин се одржува носталгијата. Се постираат не само шампиони, туку и просечни фудбалери кои никој не ги памети.
Мексиканецот Хавиер Ернандез Чичарито вчера стана фудбалер на Баер Леверкузен кој за него на Ман. Јунајтед му плати 8,75 милиони евра. Тоа беше причина Мексиканците да навалат врз профилите на Баер.
Еден од најдобрите фудбалери кои некогаш играле на руска земја, никогаш не настапил на европско и светско, лежел во затвор поради лажно обвинение и сам се инаетел со агентите на КГБ и Сталин.
На 24 август 2001 година, Ливерпул го победи Баерн Минхен 3-2 и го освои Супер купот на Европа. Стрелци на головите за Црвените беа Рисе, Хески и Овен, а за Баерн Салихамиџиќ и Карстен Јанкер.
Манчестер Јунајтед во неделата загуби 2-1 против Свонси, а црниот викенд им го продолжи веста дека на нивниот стадион имало наезда од глодари кои доаѓаат од соседниот канал.
Во Јувентус имаше помош од Пирло, а во Баерн има поголема одговорност и треба да ја земе топката од бековите за да ја изнесе надвор. Се случува да заборави да го направи тоа, па го нервира тренерот Гвардиола.
Манчестер Сити летово на само троица играчи, Рахим Стерлинг, Николас Отаменди и Кевин де Брујне потроши неверојатни 182 милиони евра, по што Премиерлигашите ги направија првите седум најскапи трансфери летово.
Фудбалската сезона 2015/2016 сè уште е на почеток, но веќе се разви дебата околу улогата на докторите и физиотерапевтите на теренот. По докторката на Челси, сега од Москва се појави нов фаворит меѓу навивачите.
Кога сте мал, а богами и стар и кога ќе го сретнете вашиот спортски идол, реакцијата на воодушевување е природна. Симпатична како на ова дете кога го здогледа Вејн Руни.
Чеканите од Лондон во сезоната 1999/2000 во својот состав ги имаа Џо Кол, Мајкл Керик, Тревор Синклер, Рио Фердинанд, Франк Лампард, Пол Ванчоп, Фреди Кануте и нивниот лидер Паоло Ди Канио.
Синоќешниот пораз од Рома 2:1 беше историски за Јувентус, затоа што клубот не загубил две по ред на стартот уште од 1912. година. Тешко оди без Пирло, Тевез и Видал кои немаат добри замени во Кедира, Манџукиќ и Падоин.
Рафаел Бенитез ќе остане запаметен како првиот тренер на Реал Мадрид кој одбрал состав за првенствен меч без ниту еден играч од академијата на Кралевите.
Бока Јуниорс славеше 1-2 на гостувањето кај Гимназија Ла Плата, но тимот од Бомбонера скапо ги плати трите бода. За кланицата на теренот, домаќините заработија два директни црвени картони а требаше уште толку.