
Сè почна на 10 април 2007 година кога Римјаните предводени од Тоти, Де Роси, Мансини и Вучиниќ отпатуваа на Олд Трафорд по триумфот над Јунајтед од 2:1 во Рим. Одмаздата беше немилосрдна, а на семафорот стоеше 7:1. На Дони му се наредија Смит, Руни, Евра и по два пати Роналдо и Карик. За Рома стрелаше Де Роси.
Седум години потоа, нова седмица и тоа на Олимпико во Рим од баварската машинерија. Тимот на Гвардиола на полувреме имаше 5:0 со головите на Левандовски, Геце, Милер и Робен кој даде два. Во второ полувреме на листата на стрелци се запишаа и Рибери и Шаќири. Утешниот гол за Рома го постигна Жервињо.
По само една сезона стигна и третиот неславен резултатот од екипа за која Руди Гарсија рече дека е од друга планета. Барселона - Рома 6:1.