Фудбал

Бенфика ќе патува во Казахстан како на зимовање

Астана утре ја пречекува Бенфика, а мечот ќе се игра од 16 часот, нетипично за Лигата на шампионите, бидејќи температурата во вечерниот термин се очекува да биде од -2 до -4 степени. Без разлика што ќе се игра преку ден, Португалците го појачаа багажот со 120 дебели џемпери, 120 пара ракавици, ѕиври, чизми, 60 дебели јакни, 100 волнени капи и 10 ќебиња.

Бабата која жонглира од 1940-та

Жонглира од пред втора светска војна бидејќи има 90 години, а рекордот тврди дека и е 1003 пати.

Барса обезбедена за периодот после Меси

Како предигра за дербито Барселона - Рома на Камп Ноу, играчите до 19 години на двата тима одиграа меч со шест голови. Барса водеше 3:0, Рома на крајот израмни 3:3 а играч на мечот беше домашниот Карлес Алења.

2.000 евра карта за да се гледа Ибра во Шведска

„Да беше стадионот на Малме пет пати поголем, ќе се наполнеше“, смета шведскиот напаѓач кој се враќа дома после 14 години.

Тајната на успехот на Лестер

Првпат во историјата на Премиер лигата после 13 кола води тим со само 28 бодови. Достигнувањата на Лестер се феноменални и единствени што мораше да најдеме нешто повеќе за нив.

Суспендирајте го доживотно Платини

Ова го бара Етичкиот комитет на ФИФА, пренесува францускиот весник l'Equipe.

Најдоброто од Руд во Јунајтед

Иако Варди од Лестер минатиот викенд му го израмни неверојатниот рекорд со 10 голови по ред во Премиер лигата, Холанѓанецот Руд Ван Нистелрој изјави дека му е мило затоа што рекордите се тука за да се рушат. Како самиот Руд решеташе во Манчестер Јунајтед?

Уметноста во фудбалот

Ич да не ве чуди тоа што Реал прими четири овој викенд на Бернабеу. Гостин им беше екипата која го игра најубавиот фудбал во последниве 10 години. Е како? Е така, фул скрин и звучките малку појако. Нас ни беше малку еднаш, па отидовме на рипит.

Хитлер за суспензијата на Адеми

Тоа што капитенот на Динамо Загреб нема да игра фудбал поради допинг до 2019-та, не е добра вест за Македонија. Дека средниот дел ни е ранлив, знае и Хитлер кој здиве од нервоза што ќе треба да го моли да се врати Величе.

Телохранителот на Лев, ќе го чува и Гвардиола

По терористичките напади во Париз, Баерн Минхен одлучи да го засили обезбедувањето со човекот кој внимава на репрезентацијата на Германија.

Коинциденција на Стемфорд Бриџ во Лондон

Ѕола, Тери, Вилијан ќе останат запаметени (секој на свој начин) како фудбалери кои допринеле за неколку трофеи на Челси. Но повеќе од тоа ќе ги паметиме по тотално идентичните голови кои ги постигнаа.

Замрзнатиот Рибери и тужбата за СиЕнЕн

Асот на Баерн Минхен уште еднаш побара од американскиот телевизиски гигант да му плати оштета од 1,5 милиони долари, затоа што ставиле негова фотографија на вест за девојка која умрела во криотерапевтска соба.

Почна со 30 фунти неделно, а сега го споредуваат со Батистута

Џејми Варди од коло во коло е се поголем хит во Премиер лигата каде го стигна рекордот на Ван Нистелрој од 10 гола на 10 меча по ред. Во минатото фудбалот му бил само хоби, додека работел во фабрика, а сега е најдобар стрелец во Англија и има 10 гола повеќе од Диего Коста.

Пет ѕвезди од другата страна на телевизорот

Русинот Кержаков е последниот фудбалер што стана стручен коментатор за некој спортски канал. Во Европа има пет познати играчи кои редовно коментираат натпревари еднакво добро како што играа фудбал. Кои се тие?

Од многу дриблање глава боли

Кога ќе ви тргне на мал фудбал со другарите во сала или балон, мислите дека можете буквално се. И се заборавате. Како човеков.

Бели марамчиња за Бенитез

Непишано правило во шпанскиот фудбал е: Кога навивачите ќе замафтаат со бели марамчиња, тренерот нема веќе што да бара во тој клуб. Тоа е традиционално барање оставка од тренерот, овојпат од Бенитез по дебаклот од Барселона (0-4) на Ел Класико.

На стадионите прегледувани и сендвичите

Фудбалска и воопшто спортска Европа не остана имуна на безбедносните закани по крвавите терористички напади во близина на стадионот Стад де Франс во предградието на Париз.

Марсејеза се ореше во Премиер лигата

Со одлука на англиската ФА, сите натпревари во Англија ова коло почнаа со француската химна и едноминутно молчење за жртвите од масакрот во Париз.

Кариерата на пргавиот Словенец Златко Заховиќ

Најдобриот словенечки фудбалер во историјата важеше за човек што секогаш ќе го каже тоа што другите не сакаат да го слушнат. Во тоа се уверија Русите среде Москва.

Демонстрација на респект на Ел Класико

263-то Ел Класико се игра денес, во Мадрид од 18:15. Покрај уникатното ривалство зачинето со обидите на Каталонија за отцепување од Шпанија, овие два тима низ историјата имале и коректни моменти и демонстрација на фер плеј.

Драстична казна од УЕФА за Адеми

Фудбалерот на Динамо Загреб и македонската фудбалска репрезентација, Аријан Адеми е суспендиран на 4 години од УЕФА, поради користење допинг.

Нека се радува и он е душа

Лестер лета сезонава и е на трето место со бод помалку од Манчестер Сити и Арсенал. Колку само тоа му прави да му е убаво на душата на овој човек кој е дел од обезбедувањето на клубот.

Кога тренингот носи потег кој го нема во игра

Потегот е на Арјен Робен, а ако се ставите во негова улога, прво што ќе ви дојде на памет е како ви се заплеткуваат нозете и паѓате на земја.