По вчерашниот убедлив триумф над најголемиот ривал за титулата и најскап тим во Премиер лигата, Лестер почна да ги предомислува и скептиците кои не веруваат во нивно освојување на титулата. Кои 11 играчи и тренер прават чудо сезонава?
11.159 домашни навивачи во белградска Арена воодушевено му аплаудираа на најдобриот светски футсалер Рикардињо. За време на мечот Србија - Португалија (3:1), Рикардињо повторно покажа зошто е светски број еден.
Нејмар, Роналдо, Меси и сите други маестрални дриблери му ја протнуваат топката меѓу нозе на еден противник, но во женскиот фудбал има други примери од кои може да се научи.
Клаудио Раниери сака да го изговори тоа за кое сонуваат тој. играчите и навивачите, но вели дека не е Обама. Газета дело Спорт ги собра најинтересните изјави дадени во текот на изминатава недела.
Кога на 15 години останал без татко, Риад Марез сфатил дека единствен начин да успее во животот е напорно да работи и да тренира за да стане професионален фудбалер, воедно животна желба на неговиот татко Ахмед.
Аполон Лимасол е само еден од примерите преку кои се перат пари преку трансфери на фудбалери. Познати играчи во Европа без да знаат “стануваат членови“ на анонимен второлигашки клуб од Уругвај и потоа од таму се продаваат за туѓи профити.
Нервозен си од грубиот старт, судијата не ти свири фаул и ти одмавнува цинично со рака и спремен си да фрлиш со прво што ќе ти се најде при рака. Најчесто копачка.
Повредата на Касерес на тетивата за кого сезоната е завршена влегува во долгата листа на повреди кај актуелниот првак на Италија кој заедно со Наполи се главни конкуренти за врвот.
Кога ќе видите колку прекини имал човеков во кариерата, сигурно ќе си речете, па добро дај батали тоа фудбалот и болниците и уживај во долгата и богата пензија. И онака имаш 35 години, не си ја мачи душата.
Мечот меѓу Лацио и Наполи беше прекинат на неколку минути откако судијата евидентираше расистички напади врз Калиду Кулибали од страна на домашните навивачи. Фудбалерот на Наполи не реагираше бурно, туку по крајот на мечот му го подари дресот на дете кое навива за Лацио.
Англичанецот го одбра најлошиот момент во Валенсија за да стане тренер на овој клуб, а синоќа ги голтна зборовите од лани кога рече дека не би можел да ги гледа во очи фамилијарните доколку некогаш загуби 7:0.
Аргентинскиот напаѓач стана миленик на навивачите на Лацио каде играше во тандем со Горан Пандев. Во зимскиот преоден рок Фиорентина го купи од Вест Хем, а тој уште на првиот настап ја затресе мрежата против Карпи и му донесе триумф на својот тим во 94-та минута.
Желбата да обезбедат место во врвот на меѓународниот фудбал, најверојатно многу скапо ќе ги чини турските водечки клубови кои се соочуваат со драстични казни од УЕФА.
По гафот со нерегистрираниот Русин Денис Черишев, поради кој Реал Мадрид беше исфрлен од Копа дел Реј, навивачите на Барселона синоќа му заблагодарија на новиот играч на Валенсија за таквиот епилог. И да, Барса победи 7:0 пред реваншот.
Се работи за сезоната 2003/2004 во која додека Вардар за влакно не влезе во групна фаза во ЛШ преку Спарта Прага, Белград истата вечер се радуваше откако Партизан херојски на пенали го елиминираше Њукасл.