Навивачи

Кореографиите во чест на Кројф

Синоќа за време на Ел Класико во Барселона, домашните навивачи направија спектакуларна кореографија во чест на холандската легенда. Со натпис Gracies Johan (Фала Јохан), Камп Ноу ги пречека фудбалерите на двата тима. Денес, Ајакс играше против Цволе и на Амстердам Арената исто се откри преубава кореографија во чест на големиот Кројф.

Трагична смрт на водачот на Торцида

Еден од најистакнатите навивачи на Хајдук Сплит, Жан Ојданиќ загинал кога при падобрански скок добро не му се отворил падобранот. За време на скокот, со него летале и сопругата и неговиот син.

Градско дерби без навивачи

Препознатливите кореографии на навивачките групи кои прават спектакл на римското дерби, овој пат нема да ги гледаме. Навивачите на Рома и Лацио ќе го бојкотираат и вториот нивни дуел оваа сезона. 

Најверниот навивач на светот е од Истанбул

Откако Фенербахче и Галатасарај изградија нови стадиони, дојде редот на Бешикташ кој гради ултра модерно здание со капацитет од 43.500 места. Бабичката Миријам која има 100 години ја замолила управата на Бешикташ да го види новиот стадион, затоа што се плаши дека нема да го дочека отворањето. Управата на клубот ѝ излезе во пресрет и она го виде стадионот од болничка постела во живо.

Олимпико е празен, а Интер и Наполи одат во плус

Осум екипи од Серија А сезонава имаат повеќе публика од лани, а девет екипи имаат помалку. Но како и да ја вртиме, италијанската публика сè послабо оди на стадион. Навивачите на Лацио бојкотираат.

Ултраси или затвореници?

Полска и нивното решение за тоа на какви трибини треба да бидат сместени гостинските навивачи во пониските лиги.

Почетоците на Бед Блу Бојс Загреб

Во саботата на 12. март, навивачката група на Динамо Загреб прослави 30 години од своето постоење и за таа прилика објави видео со некои досега необјавени снимки околу почетоците на организираното навивање.

„Ние ќе ја освоиме лигата“

19-та победа за Лестер по 31 коло, овој пат против Кристал Палас на гости и одржување на предноста пред Тотенхем од 8 бода кој утре игра против Бурнемут. До крајот има уште седум кола, Клаудио Раниери не се лета со изјави дека сонот наблизу ќе биде остварен, но навивачите веќе почнаа да пејат "We're gonna won the league" и не сакаа да го напуштат стадионот.

Тепачката меѓу навивачите на Олд Трафорд

Омразата град-град, клуб-клуб, навивачи-навивачи меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед е толку голема што ретко кога нивните дуели минуваат без инциденти. По голот на Кутињо синоќа, гостите запалија бакља (редок случај на Островот), а во еден момент неколку навивачи на Ливерпул влегле со нивно знаме на трибината каде стојат домашните навивачи по што изби тепачка која траеше 5 минути.

Да не можеш мислите да ги слушнеш

На мечот од Евролигата меѓу Црвена звезда и Панатинаикос, домашните навивачи на неколку пати ја пробија звучната линија, а на коментаторите им било тешко да ги слушнат и мислите, како што призна еден од нив.

Идиотски однос на навивачите на ПСВ во Мадрид

Еден дел од навивачите на ПСВ Ајндховен ужасно грдо се однесувале вчера пред мечот против Атлетико во Мадрид. Не правеле инциденти, не се тепале, туку седејќи во кафулињата на еден од плоштадите фрлале ситни пари по бетонот и се исмевале со просјаците кои ги собирале паричките.

Навивач го пушти “тихомир“ и ја испразни трибината

Ако фото на денот беше Јон, за видео на денот, неделата па и месецот го бираме навивачот од Ирак кој веројатно има пробано тетовски грав.

Кога ултрасите не поднесуваат пораз до пораз

Вадете ги дресовите, не заслужувате да ги носите. Играјте со мадиња и победете веќе еднаш. Вакви извици летаа од трибините овој викенд во Бундеслигата и Серија А од навивачите кои го загубија трпението и заборавија да се радуваат на победа.

You''ll never walk alone во Дортмунд за починат навивач

За време на мечот меѓу Борусија Дортмунд и Мајнц (2:0), двајца од гледачите имале срцев напад, при што едниот (80 годишен) починал во возилото за Брза помош, а другиот бил задржан во болница. На крајот од натпреварот емотивни сцени на играчите со навивачите на стадионот, а солидарност покажа и гостинската публика која престана со навивање. Јапонецот Шинџи Кагава не го прослави вториот гол со кој Дортмунд ги освои трите бода.

Славеа и Црвените од Скопје

Првото историско англиско дерби кое по 194 битки на островот се префрли во Европа, на големо го следеа и македонските навивачи на Ливерпул кои во бројка од околу 50 души се радуваа на победата од 2:0 против Манчестер Јунајтед на првиот осминафинален дуел од Лига Европа.

Најстариот ултрас во Италија се вика Чичо има 90 години

Од 1937 година во Фоџа се сменија околу 70 тренери и стотици фудбалери, но само еден е вечен. Тоа е дедо Чичо, култниот херој во градот кој едвај ја преживеа Втората светска војна и ден денеска патува низ цела Италија каде што гостува неговиот омилен тим.

Кога играчите истовремено се и навивачи

Автобусот на Копенхаген се движи накај стадион придружуван од своите ултраси. И се до тука е нормално и веќе видено се до моментот кога фудбалерите се симнуваат и заедно со нив продложуваат пешки. Па браво бе цареви, вакво нешто во прва лига немаме видено.

Солунски фронт на ПАОК - Олимпијакос

Првиот полуфинален меч од грчкиот куп меѓу ПАОК и Олимпијакос е прекинат во 89-та минута поради судир на домашните навивачи со полицијата на теренот. Претседателот на ПАОК ја повлекол екипата и нема да патуваат на реваншот во Пиреа.

Говорот на ултрасот што ја подели Италија

Видеото во кое водачот на навивачите на Сампдорија им држи говор на играчите кои се борат за опстанок во лигата ја подели Италија. Едни се чудат како некој таму безделник го постројува целиот тим, а други се согласуваат со неговиот збор дека кој не е спремен да се бори нека крене рака и нека напушти.

Македонските лацијали го развиорија знамето во Рим и дадоа интервју пред Колосеумот

Првото патешествие на навивачите на Лацио од Македонија во ЛЕ кога 25 души беа во Софија на гостувањето против Лудогорец не им се посреќи. Синоќа ни пишаа од Рим, среќни и задоволни со победа од 3:1 против Галатасарај и гол на Клосе кој го прогнозираа во интервју.

Ако секој си навива за клубот кој му е најблиску

Или поточно кој клуб би имал најмногу навивачи во Англија доколку секој си навива за клубот кој му е најблиску. Резултатите не извадија ниту еден клуб од Премиер лига меѓу првите четири екипи. Првите три екипи се вторлигаши, а четвртата е од четврта лига.

За сите Фејсбук багабонти

Со тазе надградбата на лајкот на Фејсбук, ви нудиме и кус прирачник како да го користите по и за време на фудбалските натпревари.