Навивачов на Манчестер Јунатед веројатно не сакал да троши пари за да го гледа својот омилен клуб кој му гостуваше на третолигаш во ФА купот, па се обидеол со евтина финта ана врата која му успеала. Влегол со стара карта три години и тоа од од друго гостување на Манчестер.
На превојот Стража попладнево жестоко се судриле навивачите на црногорскиот Будуќност и тетовска Шкендија, а крајниот епилог е десет повредени меѓу кои двајца посериозно. На Варвари удрија и Комити во Трговскиот центар во Скопје.
На натпреварот меѓу Витезе и Херенвен во холандското првенство викендов присуствуваа 15.234 гледачи, а само двајца од нив добија шанса да го гледаат лежеечки. Од клубот решија за Валентајн да организираат натпреварување на кое првонаградените ќе легнат во брачен кревет кај корнер знаменцето и со ружи и вино ќе гледаат фудбал. Нивниот тим победи 3:0.
Во пресрет на големиот дерби дуел меѓу првопласираните две екипи во Серија А, да ја ѕирнеме мапата на нивните навивачи во цел свет (без Италија). Јуве има 68 официјални навивачки здруженија од кои едно во Македонија, а Наполи 16.
Од италијанските навивачи неделава пристигнаа две силни пораки. Првата беше од навивачите на Наполи кои со илјадници слики од Кулибали упатија остри критики до расизмот, а втората е невообичаена и со неа се рушат бариери.
Поради близината со Италија каде тифо сцената веќе била во подем, но и поради врелиот јужен темперамент, навивачите на Хајдук биле први кои поставиле стандарди во ултрас движењето во поранешната СФРЈ.
Тотално неразбирлив за нас Европјаните, односот на американската кошаркарска публика подразбира тролање на противникот со најразлични методи, а тоа што се случува во НБА салите го нема никаде.
На полјаната Енфилд најпрвин играл Евертон кој собрал многу навивачи по првата освоена титула, поради што газдата на земјиштето ја кренал киријата, а подоцна решил да основа нов ривалски клуб крстен по името на градот.
Тоа што го пејат навивачите на двете најголеми величини на аргентинскиот фудбал, додека го слушате ќе може и да го читате на нашки. Преводот ни го обезбеди Пипо кој ни праќа и други интересни видеа како изговорот на странците во Серија А.
Македонските ракометари од вечерва добија ново засилување на трибините во Таурон арената во Краков. Околу 50 навивачи на Работнички отпатуваа во Полска и ја бодреа Македонија против Хрватска.
По ремито против Србија 27:27, клучно за пласман во вториот круг на Европското првенство во Полска, во фан зоната на нашите навивачи синоќа беше весело.
Нивниот омилен клуб не се вика Барселона, Баерн Минхен или Манчестер Јунајтед, туку Магдебург. И тоа ова е снимка од сала каде игра тимот со деца под 15 години.
Дортмунд и натаму е неприкосновен лидер во просечната стадионска посета сезонава. На листата најгледани тимови доминираат германските и англиските екипи со по некои Французи.
Оваа година отворивме нова рубрика и ја крстивме „навивачи“ без кои нема фудбал. Страста, емоциите, патувањата, победите, поразите и зошто им даваат поддршка ни раскажаа девет македонски фан клубови.
Прво ги нервиравме навивачите на Челси, па на Манчестер Јунајтед, а сега се на ред оние на Ливерпул. Има неколку болни моменти за нив, како губењето на титулата на пример која ја имаа в раце.
Во пресрет на утрешното скопско дерби во Градски парк, навивачите на Работнички ја билдаат атмосферата со најава во која ќе ја видите нивната голема навивачка страст кон 14-кратниот првак на Македонија.