Offside

Европскиот шампион ПСЖ уште еднаш покажа дека е најсилна екипа во моментов во Европа откако го одбрани трофејот во УЕФА Суперкупот. Парижаните со 2-1 ја победија Астон Вила во Салцбург и покажаа дека уште се гладни за трофеи.

Во богатата колекција на Спалети доминираат дресовите од Тоти

Стратегот на Наполи и ги покажа дресовите на убавата водителка Дилета Леота и се пофали дека ги има сите верзии на дресови од легендарниот Франческо Тоти кој го смета за посебен и кој имаше можност да го тренира во периодот 2005 - 2009, а потоа и во неговата последна сезона (2016/2017) во кариерата. Во колекцијата го има и Пандев.

Го имаме најоткаченото реметење на голман

Ти мене ќе ме деконцентрираш кога изведувам пенал? Ела сега да ти кажам нешто.

За бизнисот со џорданки и заработката на Најк и Мајкл 1984 vs 2022

Тоа што легендата е во пензија едно 20 години, не менува ама баш ништо во касата на Најк, што значи по дифолт има многу пари и за Џордан. Односно сè повеќе и кај двете страни.

Тешко дека некогаш ќе се повтори миланско дерби со такви состави

Во тоа 24. коло од Серија А на 15 февруѕари 2009-та се судрија Интер и Милан во градското дерби кое никогаш претходно и никогаш после не видело такви состави. Трибините крцаа, прекрасни кореографии на двете страни а на терен страшни состави.

Како овој човек фрлаше аути!

Да, да, мајстор за аути, и тоа да видиш. За оние кои не го знаат, Рори Делап беше англиски фудбалер кој сега има 46 години. Играше за Република Ирска иако роден и цел живот во Англија. Најмногу се прослави во дресовите не Дерби Каунти, Саутемптон, Сандерленд и Стоук Сити. Кариера заврши во 2013-та а се памети по НЕВЕРОЈАТНИТЕ аути кои беа пола гол во противнички шеснаесетник.

А ете кај била цаката со пргавиот шпиц на Ливерпул

Ливерпул и Кристал Палас одиграа 1-1. Гостите поведоа први во 32’ минута преку нивниот лидер Заха, а црвените израмнија преку Луис Дијаз во 61’ минута. А само четири минути претходно, во 57-ма, 100 милиони евра платеното засилување Дарвин Нуњез доби директен црвен картон поради тоа што му удри глава на стоперот на Палас, Јоахим Андерсен. Некои (читај навивачите на Ливерпул) би рекле со право.

Фрустрација кога играч е сменет во прв дел

Шефилд Венздеј игра во трета лига од англискиот фудбалски поредок. Синоќа изгубија 2-0 од Питерброу на гости а покрај поразот, голем блам направи и младиот фудбалер на Венздеј Џорџ Бајерс кого менаџерот Дарен Мур го извади уште во 40’ минута поради тоа што Рис Џејмс доби директен црвен картон па мораше да влезе друг штопер место играш од нападот.

Вие играјте Сони, ние ќе ви направиме атмосфера како на Светско

На три месеци до Мундијалот во Катар, некои дечки веќе почнаа да се загреваат, а генералната проба ја одржаа во домашна атмосфера. Со бајраци, тапани, па дури и пехарот доделија на крај. Какви цареви, сите сте вие за пехар. Вака се живее.

Излегуваш на автопат и ти се појавува формула

И тоа не било кој болид, туку на Ферари каков што возеше Михаел Шумахер, мртов ладен се шуња меѓу коли како на трка. Видеото е снимено во Чешка, а ако го види полиција, џабе ќе се мачи да го брка.

Брентфорд тера мајтап со Роналдо на ТикТок

Кај ги отцепија 4:0, па уште најголемата ѕвезда им ја закачаат, кој се заборави на јахта цело цело и сега не може да ги нанишани голот.

Тимот на колото во Европа е со наш репрезентативец

Почнуваш да го читаш од нападот со Нејмар, Жоао Феликс и компанија, па потоа подоле гледаш играчи од Реал, Челси и Сити и на крај Столе Димитриевски. Колку убаво. Кој и да го составил, капа долу.

Прејака сцена во Аргентина, тренер направи измена по барање на навивач

Го паметите ли дефанзивецот Габриел Милито кој во периодот 2007 - 2011 настапуваше за Барселона? Сега го води Аргентинос Јуниорс и направи веројатно нешто што никој претходно не го сторил, барем не во прволигашка конкуренција. Послуша постар навивач за измена, кој беше во облаци што му успеа сугестијата. Неверојатна случка.

Парола на српски на навивачите на Ајакс за Тадиќ

Капитенот на Ајакс, Душан Тадиќ неодамна имаше непријатна средба со двајца лопови кои сакале да го ограбат. Го начекале со мотори пред куќа и го нападнале, но српскиот репрезентативец успеал да се одбрани, па дури на едниот му ја извадил кацигата и му удрил шамар. Холандските навивачи ептен го погодија текстот.

Како изгледа фудбалот на Гренланд кој се враќа по три години поради пандемијата?

Немаат терени со природна трева, немаат патишта за да патуваат со кола или автобус, а не се членки ниту на ФИФА и УЕФА. Ама сепак имаат фудбалска традиција стара нецели 70 години. Како тоа и во кои услови?

Епската трка на малолетниот Давид Поповичи кој урна светски рекорд

Младиот 17-годишен пливач Давид Поповичи од Романија постави нов светски рекорд на 100 метри слободно. Во големото финале на Европско првенство во Рим сруши 13 години стар рекорд кој го држеше Бразилецот Сезар Сиело Фиљо поставен во истиот култен базен во Форо Италико во Рим.

100 милиони платеното засилување на Ливерпул да ти бил пргав играч

Младиот уругвајски шпиц, Дарвин Нуњез летово од Бенфика дојде во Ливерпул во еден од најскапите клупски трансфери. Црвените за него дадоа 75 милиони за основен трансфер и плус 25 милиони во бонуси.

Рецептот за паметно изведен корнер го имаат Швеѓаните

Многу пати се случувало корнер да се потроши со глупави додавања, без да се искористи можноста за директен центар шут кон гол. Фудбалерите на Хамарби имаат одлично навежбана комбинација со која го добија Гетеборг на гости 0:1.

Навивачка со украинско знаме отстранета од тениски меч на Русинки во Синсинати

Дуелот од квалификациите за главната ждрепка на женскиот турнир во Синсинати меѓу Ана Калинскаја и Анастасија Потапова беше неколку пати прекинуван поради тоа што некоја навивачка, извесна како Лола, влегла со големо украинско знаме, со цел да ги провоцира руските тенисерки.

Од преголема радост за голот против Наполи заб му скрши

Верона мина лошо во првото коло од Серија А со дебакл од 2:5 против Наполи (Елмас влезе во 68-ма), а најлошо помина нивниот напаѓач кој се презива Лазања. За време на прославата на голот за 2:2, Французинот Томас Хенри му даде опасен лакт и му го скрши забот.

Пази го приемот на Пелегрини со патики

Бетис имаше убедлив старт во Ла Лига од 3:0 против Елче, а во одлична форма се истакна и нивниот тренер. Мануел Пелегрини има 68 години и од 86-та не игра фудбал професионално, ама дајде му ја топката да му го видите осетот. Овации предизвика на трибини.

Тешко на играчите на ПСЖ ако Мбапе се лути зошто не му ја додале

Шампионите на Франција постигнаа вкупно 10 гола по првите две кола од новата сезона. Ама што фајде кога не знаат да се однесуваат шампионски. Најмалиот во напад почнува да глуми газда. На 23 години.

Реалноста на навивачите на Манчестер Јунајтед

Девет години без титула во Премиер лига, седум тренерски смени после заминувањето на незаменливниот Ферги. Со осмиот почнаа вака: Манчестер Јунајтед - Брајтон 1:2 и Брентфорд - Манчестер Јунајтед 4:0. Бедотија отсликана во клип од 8 секунди.

Луѓе, каков гол падна во Белгија, треба награда Пушкаш веднаш да му дадат

Локерен е белгиски клуб кој во 2003-та година за жал згасна, отиде под стечај поради сериозни финансиски долгови. Но во 2020-та година клубот се кренал од пепелта, бил создаден нов тим кој сега игра во пониските белгиски лиги. Сега во квалификациите за главниот ждреб во белгискиот Куп Локерен со 3-0 го победил Монс.

Царски голмански гол за 2-2 во 90+2’ минута

Како што почнаа англиските фудбалски лиги, така од коло во коло има многу интересни настани. Пред да се фатат Тухел и Конте, менаџерите на Челси и Тотенхем кои ја шокираа јавноста, голманот на Квинс Парк Ренџерс, Сени Диенг во 90+2’ минута му донесе голем бод на својот тим од гостувањето кај Сандерленд.