Offside

Фудбалерите на Вардар го добија Силекс со 2-1 и се на чекор до освојување на титулата. Комити се појавија со парола Јужна трибина - Васил Рингов и го скандираа името на легендата на Вардар од 80-те, со што ја поддржаа иницијативата на клубот, името на Јужна да се вика по него. И Масар Омерагиќ се произнесе.

Јувентус оди на Фрајбург, Арсенал против Спортинг

Бидна ждрепката за нокаут фазата во Лига Европа, каде има големи екипи, но осминафиналето за разлика од претходната фаза не донесе некое големо дерби.

Напаѓачот на Фиорентина даде гол и го истрола ВАР за неправдата

На Бразилецот Артур Кабрал му поништија гол после еден нејасен и чуден судир на две технологии. Но напаѓачот на Фиорентина потоа успеа да погоди за 3:2 и да ја реши Брага. Му се исмејуваше на ВАР системот. И со право.

Цар Жозе му направи класичен македонски муабет на преведувачот

Ете ти нова прес конференција која се надоврзува на нашата вчерашна статија со наслов „Најповторуваните и најдосадните изјави на тренерите“. Мурињо беше два пати во Скопје, го сакаме пак. Роден е за шоу.

ВАР технологија vs Гол технологија 1:0

И тоа чудо го видовме, ВАР да и понишни гол на „Гол технологијата“ и тоа чист. Нестварната сцена се случи во Фиренца на дуелот меѓу Фиорентина и Брага во Конференциската лига. Скроз чудно и нејасно.

Навивач на ПСВ го нападна голманот на Севиља, ама овој го собори во секунда

ПСВ ја победи Севиља дома со 2:0 во ЛЕ, ама не оди во осминафинале поради поразот на првиот дуел од 3:0. Очигледно најфрустриран беше еден цреп кој се симна од трибина и почна да го удира голманот на гостите Марко Димитровиќ. Експресно го суредија.

Блесок на Ди Марија со хет-трик, еден од головите уште вечер стајте го на најавни шпици

По ремито во Торино, Јувентус убедливо со 0:3 го реши Нант на гости, благодарение на трите погодоци на светскиот шампион Ди Марија. Првиот гол е велемајсторија и убавина за око.

Не се брани овој волеј на Трајковски

Александар Трајковски ја крчка формата пред квалификациите за ЕП кои Македонија ги стартува следниот месец. Денеска го постигна третиот гол за Ал Феиха на дуелот против Ал Тавон во 18-тото коло во првенството на Саудиска Арабија. Ја заби силно и убедливо, таму каде голманот нема шанси.

Симеоне, Станковиќ, Манчини, дури 22 играчи од шампионската генерација на Лацио се пробаа како тренери

Кога Симоне Инѕаги и Серџо Консеисаио синоќа се ракуваа на Меаца на мечот Интер - Порто од ЛШ, коментаторите веднаш констатираа дека тоа се двајца соиграчи од Лацио кои ја освоија последната титула во 2000-та.

Што да се лови во кадар, женски или тајм аут со нервозен тренер?

Кошаркарски натпревар (најверојатно во Италија) кој не успеавме да го дешифрираме, а и не е тоа толку битно. Она што може да се забележи е дека режијата е во страшна дилема, но добро си ја заврши работата. Го задржа убавиот кадар во публика колку што треба, а потоа се префрли на тајм аутот, кој со оглед на тоа како заврши, веројатно го води српски тренер.

Млад навивач на Манчестер Јунајтед си поигра со Нуњез

И децава не се тоа што беа. Бара фотографија од играч на Ливерпул, а му вади дрес од Јунајтед. Оди на Јап Стам напрај му вака.

За 500 милиони Роналдо има и оро да играш

Саудиска Арабија го славеше денот на независноста, а своја интерна прослава организираше и Ал Наср во која го вклучи и најплатениот фудбалер во историјата. Се појави со сабја и традиционална облека.

Најповторувани и најдосадни изјави на македонските тренери

Понесени од пресот на Пеп кој проблемите со грлото на Де Брујне ги објасни во стил на комичар, на работа фативме да ги споредуваме прес конференциите на нашите тренери со оние во Италија, Шпанија, Англија... Колку се они понапред, отворени, инвентивни, храбри, често пати и заебанти. Нашиве како на парастос. Два различни света.

Пусти Клоп им велеше да си букираат хотел за Истанбул

10 јуни, Олимписки стадион Ататурк. Тоа е датумот и местото на одигрувањето на финалето од Лига на шампиони, на кое Ливерпул нема да игра, освен ако не го победи Реал на гости 0:4 па им тргне до крај. Закажано, па откажано. Причина: Клоп ме излажа.

Интер со гол предност ќе оди во Порто, Гвардиол го изненади Гвардиола

Фудбалерите на Интер со 1:0 го совладаа Порто во првиот дуел од осминафиналето. Стрелец во самиот финиш беше Лукаку, во моментите кога гостите играа со играч помалку. Во Германија, Лајпциг и Сити ремизираа.

Одбојкарски потег на Лајпциг во 94-та на кој судиите останаа неми

Со головите на Марез и Гвардиол, Лајпциг и Манчестер Сити одиграа 1:1 на првиот осминафинален дуел од ЛШ. Во судиското продолжение имаше несфатливо чудна одлука, кога Бенџамин Хенрикс не со една, туку со две раце направи пенал. Гостите се бунеа, ама ни судија реагираше, ниту ВАР имаше.

Хет-трикот на Адриано со кој Интер го елиминираше Порто во ЛШ

Вечерашните противници во Лига на шампиони, последен пат се сретнаа во осминафинале сезоната 2004/2005. Интер на гости одигра 1:1, а дома победи 3:1. На клупа беше Манчини и ги имаше славните Матераци, Ѕанети, Верон, Камбјасо, Станковиќ, како и во тоа време извонредниот Адриано кој блесна со три погодоци.

Натпревар во гледање фудбал без да се испушта глас

Германски Скај организирал необичен настан. Две групи млади луѓе навивачи на Борусија Менхенгладбах и Баерн Минхен ги гледаат своите клубови, пренос во живо, но не смеат да испуштат глас. Има судија кој дели казнени поени за тимот чиј член ќе испушти глас. Победникот добивал пристојни награди.

Карлос Алкараз уште од млад е џентлмен

Шпанскиот тенисер кој е прв носител на АТП 500 турнирот во Рио Де Жаниеро го водеше Бразилецот Матеус Алвес со 6-4, 5-3 и беше на само еден гем до победа, но силниот дожд не дозволи да го доиграат мечот. 19 годишниот Алкараз ги прибра децата кои собираат топчиња со него под стреа, а истото го направи и лани, на истиот турнир.

Врвна досетка меѓу навивачите на Нотингем Форест и Манчестер Сити

Во саботата да ти имало прејако скандирање кое мора да го чуете, меѓу навивачите на Нотингем, инаку европски прваци 1979 и 1980 и навивачите на Сити кои никако да освојат ЛШ. Значи можело без мајки, шајки. Завршниот удар го задаваат домаќините кои им го спуштија на крај.

Во Неапол владее Викторманија

Наполи знае многу добро да погоди трансфер. Во 2020-та за Виктор Осимен на Лил му платија 70 милиони евра, рекорд за африкански фудбалер. Дечкото гази и стана миленик во градот. Сезонава има 20 гола на 24 средби на сите натпреварувања и е прв стрелец во Серија А. Деца во Неапол почнаа да се маскираат во Виктор Осимен.

Млатење во гостински сектор, Наполитанци vs Наполитанци

Се случува во многу земји, исто и кај нас и на фудбал и на ракомет. Знае тоа да биде поради превласт на трибина или поради многу алкохол, па потоа го имаш она „Што ме гледаш на криво?“ Наполи синоќа ја освои тешката тврдина во Франкфурт, ама нивните навивачи имаа некакво незадоволство или па можеби нерасчистени сметки меѓу себе.

Растел на депонија, барал копачки на отпад, а сега е класа голгетер во Европа

Фудбалот бил единствена шанса на Виктор Осимен да куртули од големата сиромаштија во која живеел. Во детство останал без мајка, почнал да работи на 6 години, а во 2018-та година не можел да најде клуб и добил отказ во Белгија. А денес Барселона, Реал Мадрид и другите гиганти прашуваат колку треба да дадат за него.

Топ 10 за гурмани

Покрај атракциите од НБА, и во Евролига има мастраф за кошаркарските мераклии. Најдобри десет потези од најдобрите тимови на Стариот континент.

Какво голчиште падна во Англија, цел стадион за глава се фати

Чилеанецот Марселињо Нуњез кој има 22 години и игра за Норвич, го постигна голот на сезоната во англиски Чемпионшип. Неговиот тим го победи Бирмингем 3-1, Нуњез даде два гола од кои еден му беше невозможен а имаше и асистенција за гол.