Џиџи царе, не изнасмеа со англискиот

Абе како и да ја вртите, Џиџи Буфон е цар човек, људина, плус господин. Да го видевте само во подтрибинскиот простор и во прес салата на Градски. Насмеан, топол, расположен, приемчив за слика, автограм и разговор со секого. Полн со енергија после неверојатната 28 годишна кариера со милион паради и без никаква надменост. Погледнете го овој труд со италијански гестикулации и гримаси. Цел се даде за да им учини на јазикот кој не му лежи баш.

22 септември 2023 - 13:54