Offside

Некогашниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп ја презеде репрезентацијата на Германија со јасен план за враќање кон врвот. Тој издал четири строги правила за репрезентативците и стручниотат штаб, со цел да се задржи дисциплината и тимскиот дух.

Меси го утеши и синот на ривалскиот капитен

Аргентинецот живее бајка откако се пресели во Мајами со семејството. Навивачите го сакаат и почитуваат каде и да стигне, а еднакво толку респект имаат и фудбалерите на теренот. Ривалите едвај чекаат да се сликаат со него, како синоќа на мечот меѓу Синсинати и Мајами кој гостите го добија на пенали. Меси го тешеше синот на ривалскиот играч Лучано Акоста, Тино Акоста. Претходно Лучано го постигна првиот гол на мечот кој заврши 3:3.

Врвен гол на Икарди на прва

Фредрик Мидсјо го реши Молде на гости во 94-та минута за победа на Галатасарај од 2:3. Турскиот состав ќе патува со предност на реваншот дома, а ако нешто треба да се издвои од спортската среда со ЛШ, тоа дефинитивно е велемајсторијата на Мауро Икарди кој сезонава има 4 гола н 5 средби.

Словенец од Панатинаикос се посрамоти на празен гол

Синоќа се одиграа првите три плејоф натпревари во Лига на шампиони. Брага го совлада Панатинаикос со 2:1, а гостите нека го рипнат делот од хајлајтсот во 62-ра минута, кога Андраж Шпорар имаше шанса. Ја гушна стативата од мака.

Ново шоу на Меси и другарите со гол во 97-ма минута па пенали

Осми меч, осма победа по ред на Интер Мајами под водство на Лео Меси, кој повторно имаше блескав настап, овој пат со две клучни асистенции вредни продолженија.

Англиско навивачко глупирање

Железната лејди Тачер ги среди со закони, ама на Островот ете остана старото добро правило „остани на свое место“. По некоја незадолжителна тупаница без кроволочен порив за убивање со студено оружје. Сè да остане во граници на машка глупавост.

„Не знаете која сум јас“ - осаменоста на најбрзата жена во светот

За новата светска шампионка на 100 метри, Шакари Ричардсон се крие приказна составена од напуштања, обиди за самоубиство, кавги, долги нокти, срушени рекорди, малку радост и ракувања.

Формација од 11 најскапо платени играчи летово

Летово мегаломански трошеа Саудијците, но трошеа и газдите на англиските премиерлигаши кои даваа милиони и милиони фунти за нови засилувања. Во составот од 11 најскапо платени играчи летово, дури 6 се од Премиер лига.

Пољаците купиле повеќе карти од Македонците за ЕП кое се игра во Скопје

Македонската одбојкарска федерација мака мачи со продажбата на карти и тоа за Европско првенство кое за прв пат се игра во Македонија.

Најсовршените временски услови за фудбал

Пак да се буните за Кратово и останатите терени во Македонија со кал, вода, крави и слично. А Кинезите во трета лига што да кажат? А најјакото е што судијата не ја ни прекинува. Изгледа чека да почнат да ги вадат играчите од терен со чамци.

Виктор Троицки нападнат од агресивни гледачи во Њујорк

Некогашниот 12-ти тенисер на свет и освојувач на Дејвис Куп, Виктор Троицки сега е тренер на најталентираниот српски тенисер од новата генерација Хамад Меѓедовиќ. За време на меч од 1. коло квалификации за УС Опен меѓу Меѓедовиќ и Борна Гоја, двајца гледачи постојано му дофрлале на Хамад на што реагирал Троицки па агресивните гледачи му се пуштиле пред редарите да ги исфрлат од гледалиштето.

Ладнокрвноста на Новак кога во драма се решава мечот

Еуроспорт направи една ретроспектива и потсети на сите решавачки тај-брејк драми на Новак Ѓоковиќ низ кариерата. Има 7-0 во тај-брејк на Мастерс 1000 и Гренд Слем финалиња. Уште од 2007-ма против Федерер во Монтреал до летово 2023-та против Алкараз - Ѓоковиќ е крал на тај-брејковите.

Погледнете го левакот Виктор како изведе слободен удар со десна од 35 метри

Додека синоќа се биеја плејоф битки за пласман во ЛШ, 20 годишниот Виктор Линд се кандидираше за гол на сезоната во Шведска. И да, дечкото е левак, а погледнете го што изведе со десна за својот Норкопинг кој славеше против АИК со 3:1.

Кој рече жените немале осет за фудбал?

Сите кои го следеа Светското фудбалско првенство за жени, а особено големото финале Шпанија - Англија можат да сведочат дека женскиот фудбал не е многу далеку од машкиот фудбал. Еве Бразилкава ќе ви потврди.

Ах да беше Хари ова што наслови ќе фрчеа

Се среќаваат Коринтијас против Естудијантес во првата пресметка од четвртфиналето во Судамерикана. Бразилците го добиваат мечот со 1:0, кој уствари треба да е 2:0. Ама имаат напаѓач по име Густаво Силва, со прекар Москито кој како прв пат да се појавува пред гол.

Роналдо го пцуеше судијата, не му досудија два пенали

Со головите на Талиска и Брозовиќ во судиското продолжение, Ал Наср се избори за пласман во групната фаза на азиската Лига на шампиони. Кристијано Роналдо не се запиша на листата на стрелци и повторно правеше сцени.

Смешни инсерти од Куп на Чиле

На мечот меѓу Кобресал и Кобрелоа од Купот на Чиле, гостите славеле 1-3. Во последните моменти од мечот при резултат 1-2, домаќините брзаат по секоја цена ко муви без глави да израмнат. Ама не бива така. Особено не ако голман сака да изигрува десетка. Направија пенал и примија уште еден гол.

Добра идеја за градските власти

Ама во Норвешка. Во тамошниот град Берген, фудбалскиот клуб Бран и неговите навивачи кои се противат на употреба на ВАР системот, направиле мал уметнички објект во кој навивачите може да гласаат за ВАР - ДА или НЕ. Се гласа така што се фрла пластичниот отпад. Инаку гласањето било после мечот Бран - Олесунд кој завршил 5-1 и на кој два гола на домаќините им биле признати после гледање ВАР.

Ако некој се интересира каде е што прави Јосип Иличиќ?

После четири кола во словенечката лига, Марибор има 3 победи и 1 нерешена и со 10 бода го дели првото место на табела со Целје. 35-годишниот Иличиќ кој имаше маестрални изданија во Палермо, Фиорентина, Аталанта, и сезонава ја почна во матичниот Марибор и на 3 меча има 2 асистенции и 1 гол. На 35 години.

Викнете доброволец од публика да суди, ние се повредивме

Замислете да сте навивач, верен навивач со годишна карта и наеднаш, среде натпревар влетувате на терен да го судите мечот, бидејќи нема кој, инаку во спротивно ќе го прекинат.

Навивачите на Малага направија врвна пародија

Малага се наоѓа во криза. Не купија ниту еден играч, плус сезонава ќе играат во трета лига. Ама да им ги видите навивачите, ќе помислите дека се на Манчестер Сити после освојување Лига на шампиони. Му се залепија на рандом лик на аеродром, веројатно турист и го пречекаа како големо засилување. Цепки.

Дарот на Новак не доаѓа од овој свет

„Добар ден, јас сум Јелена Генчиќ и ова што ќе ви го кажам сега, сум им го кажала само на родителите на Моника Селеш. Ова дете, ако биде правилно водено со програмата која ја имам за него, на 17 години ќе биде меѓу првите 5 тенисери во свет“.

Фудбалскиот коефициент на интелигенција на Меси

Го гледаш видеово и помислуваш дека не го интересира играта, дека не му се трча веќе, здосадено му е од фудбал, а потоа прави само спринт, прима топка и толку од муабетот.

Знае ли овде некој што игра во одбрана?

Најпаничното, најнесмасното и најконфузното исфрлување на топка, барем за ова лето, ни доаѓа од Украина. Изгледаат како прв пат да го прават ова.

Нови сјајни одбрани на Столе Димитриевски

Рајо Ваљекано ја почна новата сезона како од соништата. После две кола имаат две победи и гол разлика 4:0. Втори се на табела зад Реал Мадрид. Синоќа ја совладаа Гранада на гости со 0-2 со головите на Алвари Гарсија Ривера и Пате Сис. Големи заслуги за трите бода има и 29-годишниот Кумановец кој брани сјајно и во новава сезона. Претходниот викенд Столе беше избран во тимот на колото на силната Ла Лига.