Offside

Запознајте го Ву Јизе, новиот светски шампион во снукер, кој ја одбележува златната ера на овој спорт во Кина. Родителите си ги нарече шампиони поради жртвите кои ги направиле за него.

Херојска партија на Роналдо, му донесе трофеј на Ал Наср во продолженијата

За Меси и Роналдо годините дефинитивно се само бројка. Едниот врза голгетерска серија на првите 5 меча во САД, а другиот стигна до првиот трофеј во Саудиска Арабија и тоа со два негови погодоци.

Американците не можат да го сопрат Меси, растур систем на пет меча по ред

Најновата жртва на Интер Мајами и Лео Меси е Шарлот кој го декласираа со 4:0. Нема натпревар кој поминува без гол на светскиот првак.

Конор МекГрегор го учи син му да тргне по негови стапки

Некогашната светска ѕвезда во УФЦ, Конор МекГрегор сака да му ги пресади своите боречки вештини на својот 6-годишен син со кого редовно вежба разни движења.

Инспиративната приказна за кошаркарот кој со една рака им држи лекции на Американците

Роден е во Доминиканска република, се преселил во САД пред само три години, речиси без да зборува англиски, а гази на терен и покрај тоа што им игра без една рака.

Нови снимки од хаосот во Атина покажуваат и друга страна

Страстите по жестоките нереди во Атина каде навивачите на Динамо Загреб во коалиција со оние на Панатиниакос (Гејт13) направија хаос во кој загина 29-годишен Грк, сè уште не се смируваат. На суд секојдневно полицијата носи уапсени хулигани од Хрватска, а пред судот протестираат стотина навивачи на АЕК кои се пречкаат со обезбедувањето.

Ретко видена сцена во тенисот меѓу Надал и Ѓоковиќ

Се случи на денешен ден пред 10 години во Монтреал и толку е ретка што ни се чини дека ја гледаме еднаш на 10 години, па и поретко. А кога сме кај тенисот, се ближи УС опен на 28 август. Бранител е Карлос Алкараз.

Голман од Луксембург во Скопје како паднат од Марс

Меѓународната фудбалска сцена со нашите претставници се сведе на Струга Трим Љум кој синоќа на теренот на ФФМ, во третото квалификациско коло од Конференциската лига играше против Свифт Есперанж од Луксембург, клуб кој игра на стадион со 3.058 седишта од седмата најмала држава во Европа. Каква е оваа голманска проценка во дуелот со Бесарт Ибраими кој ги реши со хет-трик?

Мангупска одјава на Кеси од Камп Ноу

Не постои играч кој не би посакал да ја осети радоста на постигнување гол на дерби како Ел Класико. На Франк Кеси тоа му успеа годинава на 19 март и тоа во 92-ра минута при резултат 1:1. Си замина од Барса со гол за победа над Реал, титула во Ла Лига и Супер Куп на Шпанија. Се поздрави со навивачите преку Инстаграм, токму со тој посебен момент.

Си знаат јунаците како се викаме

Кадетите на Македонија го остварија најголемиот успех во историјата на машкиот ракомет во својата категорија. На Светското во Хрватска ја совладаа четвртата европска сила Унгарија и се изборија за дуел за 9 место. Избраниците на Раде Стојановиќ направија педантна корекција на името на државата на автобусот кој го добија од организаторот.

Тони Паркер влезе во Куќата на славните на НБА

Четирикратниот НБА шампион и еден од најдобрите во историјата заслужено доби свое место меѓу великаните, во Куќата на славните на НБА во Спрингфилд. Заедно со Грег Поповиќ, Ману Џинобили и Тим Данкан се симбол на едно преубаво време на трофејните Спарси.

Кога игра Хајдук, во Сплит е празник

Хајдук синоќа го пречека ПАОК во квалификациски меч од Конференциска лига, трето по ранг натпреварување во Европа. Некој да види што приредија навивачите, а да не знае за што играле, ќе мисли ова е финале во Лига на шампиони.

Прекрасниот мозаик на Копа Либертадорес во Парагвај

Олимпија Асунсион со 3-1 го згроми фаворитот Фламенго од Бразил и со вкупен резултат 3-2 се пласираше во 1/4 финале на највредниот турнир во цела Јужна Америка. Навивачите во главниот град на Парагвај направиле спектакл синоќа.

Гатузо немал ваква прослава на гол

Запознајте го 35 годишниот Бразилец Алоисио од Америка Минеиро. И ако ви е страв не мора да го гледате клипот до крај, да не ви влезе и на вас со клизачи и боксови.

Што заплени грчката полиција од навивачите на Динамо?

Ножеви, палки, ракети, динамити, фантомки, камен...се забележуваат на фотографиите кои ги носеле битангите на гостувањето во Атина, мислиш во војна отишле, а не на фудбал. Инаку уапсени се околу 100 навивачи, скоро сите Хрвати.

Градски во Скопје, пред и потоа

Горната фотографија е од Супер Купот на Европа меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед одигран на 8 август 2017-та. Долната е од квалификациската во Конференциска лига меѓу Шкупи и Левски Софија, 27 јули 2023-та. Место да се одржува и да се усовршува, се случува обратното и теренот е претворен во нива на која не би играле ниту Шишево и Дељадровце.

Ефектот Меси во САД: 5 пати поскапи карти, Мајами добил милиони нови следбеници, повеќе од Чикаго Булс

Како што фудбалот во САД се делеше на пред и после Пеле, така сега според зборовите на сопственикот на Интер Мајами Хорхе Мас: „Фудбалот во САД се дели на пред и после Меси“. Преувеличува ли првиот човек на новиот клуб на Лео или тоа е реалност?

Ново страшно видео од хрватските навивачи наоружани до заби

Не биле воопшто наивни сцените во Атина во понеделникот ноќта, посебно ако ти излезат пред очи овие 100-150 „навивачи“ кои место со навивачки реквизити, одат на гостување како багабонти и хараат по улици и дуќани, маскирани како криминалци.

Ди Марија ја изремети одбраната на Порто за нов пехар на Бенфика

Аргентинскиот ас и светски шампион со „гаучосите“ играше во многу клубови а секогаш изјавуваше дека Бенфика му е најдраг. И покрај тоа што имаше бројни понуди летово како слободен играч, особено богати од Саудиска Арабија, на крај се реши да се врати во Бенфика. Сега во големото дерби со Порто во Суперкупот на Португалија славеа 2-0 а Ди Марија постигна убав гол во 61’ минута на асистенција на новото засилување Кокчу од Феенорд.

Навивачите на Јуве во клинч со управата за Лукаку, протестираа со инвазија на терен

Ромелу Лукаку воопшто не е посакувано име меѓу навивачите на Јуве кои удрија со силен протест за да се прекинат преговорите со Челси. Пред мечот со парола, а по мечот многу пожестоко, со инвазија на терен. Инаку играа контролен меч против својот младински тим кој заврши 8:0.

Голмански рефлекс кој им спречи радости на Роналдо и Мане

Кристијано Роналдо ја заврши работата од пенал и со победа од 1:0 му обезбеди на Ал Наср финале на Арапскиот Куп на шампиони. Весниците ќе беа уште побогати ако ги погодеше двете 100% шанси после прекрасните додавања на Садио Мане. Второто ептен атрактивно со пета на прва.

Роналдо со гол од пенал го однесе Ал Наср во финале и доби трофеј за кој го закачнаа

Ал Наср обезбеди пласман во финалето на Арапскиот Куп на шампиони, а Кристијано Роналдо беше прогласен за играч на натпреварот. Погодува на четири меча во низа.

Трол на денот на ултрасите на Јуве за Лукаку

Ромелу Лукаку се наоѓа во специфична ситуација. Член е Челси кој сака да го трампа со Влаховиќ, а изминатата сезона играше на позајмица во Интер. Навивачите на Интер го сметаат за предавник бидејќи е блиску до омразениот Јувентус, ама па и таму не е добредојден. Веќе му спремија трол.

Дефинитивно за голман треба да си посебна дилајла

На мечот меѓу мексикански Тигрес и канадски Ванкувер Вајткапс од КОНКАКАФ Лига Купот имало чудна голманска будалаштина. Дуелот завршил 1:1, легендарниот француски шпиц 37-годишниот Жињак дал гол со ножички а после на пенали голманот на Тигрес Нахуел Гузман решил на чуден начин да го деконцентрира фудбалерот на Ванкувер Ранко Веселиновиќ.

„Хрватите испратија таен документ за доаѓањето на криминалците. Некои Грци не го прочитаа“

Седум полициски началници во Атина синоќа беа експресно сменети после убиството на навивачот на АЕК. Грците зборуваат за сериозни пропусти на своите колеги.